Книги - колку читате и што преферирате? Извинете за оф топик Сакам да ве прашам во која книжарница ја има Три Метри Над Небото од Тијаго Моча првиот дел?
Jас ја барам The Hitchhiker's Guide to the Galaxy. Каде може да се најде англискава? А и српски превод може да ми посочете исто така
Ја најдов пдф, сакав книжна варијатна ама може ќе пробам да ја симнам аудио верзијата. Одамна се спремам така да „читам“ книга и никако да се наканам. Еве таман можам да се пробам сега ако не ја најдам книгата во скоро. Фала ти.
^ За сите делови не знам, имаше нешто во ТРИ прееска ѕирнав, а претпоставувам дека и во Академска книга ги има, само на англиски. А да ве прашам, да не сте ја виделе некаде Играј, играј, играј од Харуки Мураками? ТРИ е издавачката куќа ама веќе ја немаат...
Game of thrones ги има во Академска книга, сигурно. За оваа од Харуки, не знам каде би можело да ја има освен во ТРИ, провери во Веро, обично имаат нивни изданија.Или Матица евентуално.
Девојки , јас барам торент од книгата Го сакам Лондон . Не ми претставува проблем ако е на англиски . Ве молам за помош , бидејки не ми оди многу тоа и не можам сама да си најдам .
Повели линк, овде ги имаш сите книги од тој серијал. Овде се во epub формат, ако ти треба помош за конвентирање во pdf, слободно пиши ми