Ја има во издание на Три, скоро и да сум сигурна дека ја видов за време на попустот, па можеш да провериш таму.
Девојки би биле ли во можност да ми помогнете малку? Вака ми треба книга со мудрости,но не од оние малите-бисери на мудроста,книга подарок ги имам,мене ми треба прилично поголема,прашуував во библиотека и во една книжарница но немат таква,дали вие знаете некоја или нешто слично на ова да ми препорачате? Би ви била многоо благодарна!
Има македонско издание, ама искрените фанови на Адамс, читав низ нетов дека изразуваат огромно незадоволство на преводот на истата.
Трендафилке... Велика Ширилова е преведувач, мислам дека тоа доволно кажува. Порано кружеше еден извадок низ интернетов што моментално не можам да го најдаm. Преводот е за плачење.
Прво да ми кажете кој е автор на Дама, домаќинка и курва?? И после дали може да се нарача преку интернет? Мислам дека е од ТРИ.
Е вака... Значи тоа беше една книга посветена за Кочо Рацин. Биографија не верувам дека беше, но можеби... Читав некој извадоци и тоа пред добри 6/7 години и последниве денови ми одѕвонува само една реченица од истите, каде Кочо му се обраќа на таткаси „Го раскопча палтото а од него паднаа неколку дебели книги. Се сврте кон таткаси и му рече - Сакам да читам, многу да читам. Но ние немаме пари за книги, затоа работев кај ?!?, простетеми...“ Вечно благодарна на тој што ќе ми помогне...
дали скоро ја имате видено книгата „Пролет за твојот прозорец“ -Томе Арсовски, и каде ? Многу ќе ми помогнете ако ми одговорите.
Може ептен каснам со одговоров и нема да ти е потребен сега, ама да си кажам И јас ја видов во книжара Три во трговски, за цената не сум многу сигурна колку беше.
Во која од книжарниците ја има Знаеш ли да чуваш тајна-Софи Кинсела или од библиотека? Ве молам за помош,ако некој ја видел негде нека каже,долго ја барам.
Здраво девојки, дали може некоја знае каде да ги најдам делата на Балашевиќ, да ги купам во нивната оргинална верзија (не преведени) ??
Дали знаете каде можам да ја најдам книгата " Зашто мушкарци воле кучке" не битно дали на српски или македонски, од Шери Аргов ???
За Трендафилка, да во Три ја има, еве ти линк. 750 денари комплет. http://kniga.com.mk/default.aspx?pArtID=128&pDetail=Y Ларула, книгата е во издание на Матица (ако не сум грешка) меѓутоа за цена незнам.
Го барам комплетот Нарнија книги, знам дека е издание на АЕА Издавачи но дали знае некој колку се движат цените, и дали одат во комплет сите7 книги?
Ајј не сум знаела дека има и ваква книга. Во последно време многу се заинтересирав за фоторгафство. Ајде знае ли некој и јас би сакала да ја имам
Се купуваат посебно а цените се околу 200-300 денари. Инаку, мене ме интересира Сто Години Самотија од Габриел Гарсија Маркез каде ја има? Мислам од кој издавач е и цена ако може. Благодарам. И леле ќе заборавев! Дали некој некаде ја сретнал Земјоморје кај нас? Ептен сакам да ја најдам.