Барам книга.. заборавив како и е насловот и кој е автор се сеќавам само малце на содржината- таа била најдобриот хирург а тој вампир кој го изгубил лицето во борба (има моќ брзо да му зараснуваат раните и затоа му треба некој кој брзо оперира тоа е таа..) ќе се заљубат а таа ќе има брат кој е свештеник мислам и понатаму не се сеќавам Ако некој ја препознае... Фала ви однапред
Барам книга што ја имам прочитано пред некоја година,од библиотека ја земав и никако не ми текнува на насловот(мислам дека беше поврзан со алхемија) или авторот. Се работеше за детектив или нешто слично што ќе го најми еден богаташ да најде нешто поврзано со алхемија и вечен живот зашто внука му умира од болест,и на крај ќе испадне дека старецот лажел и сакал всушност тој да стане бесмртен. Пишете ако имате прочитано нешто вакво.
Дали знае некој каде можам да ја најдам ,,Знаеш ли да чуваш тајна?" — Софи Кинсела.? Ја барам долго време, не можам да ја најдам.
Дали некој знае да ми каже кој е автор на книгата ДВЕ МАЈКИ. Знам дека е македонски автор и ја имам книгата читано мнооогу одмна (пред едно 25 години), се збори за земјотресот во Скопје и животот на една фамилија која остана без мајката. Сакам да ја најдам, ама авторот не го знам.
Ја барам - „Sapiens: a brief history of humankind Yuval Noah Harari “ на македонски или српски, хрватски...дали знаете каде може да ја најдам. На англиски ја има во Икона
Ги барам Дворецот на Карпатите од Жил Верн, не е проблем ако е на српски или хрватски зошто не е ни преведена на нашки но втората, Гроф Монте Кристо од Дима неможам да ја најдам на македонски а секако некој ја има на наши.