http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=78055 конечно ми се отвори страницата, инаку те прашав од каде си ако можев ќе ти ја набавев сванав оти бев некултурна со прашањето*
Веќе некое време ја барам "Ангели и демони" од Ден Браун и никаде не можам да ја најдам. Знам дека ја има во Академска, ама на англиски е, мене ми треба на македонски. Ако некој има некаква информација за книгава, ептен ќе му бидам благодарна.
јас сум колекционер на книги од харуки мураками зашто ми е омилен писател, па да прашам има останато некое место каде можам да ги најдам неговите книги на македонски оти на англиски ги имам? на македонски ги имам само спутник љубов, трите дела 1Q84, кафка на брегот и безбојниот цукуру тазаки. ако знае некој нешто да каже благодарна ќе сум.
Ако си од Скопје, да видиш кај продавачите на стари книги. На плоштад што се или покрај Вардар кога одиш кон Веро Џамбо.
Девојки дали некој ја продава Исповедта на една акушерка од Дајен Чемберлен? Никаде неможам да ја најдам
Ако сакаш да ја читаш на Англиски во електронско издание, ја имам ќе ти ја препратам. Вака низ книжарниците можно е да е распродадена, а низ библиотеките ја има сигурно.
Јас ја барам „Магла“ од Стивен Кинг ама ја нема во библиотеката кај што сум зачленет, а не знам дали можам од негде да ја купам. Не знам дали е преведена на Македонски. Ако некој знае каде можам да ја купам го замолувам да ми каже.
Дали некој знае книгата "Тибетанска книга на мртвите" каде можам да ја читам на нет? И дали ја има на македонски?
Не знам дали е соодветно прашањево за тука ама ајде. Сакам да читам книги за теорија на глумата, градба на лик и слични. Каде можат да се најдат вакви книги ?
Не знам каде да прашам на друго место ова ми изгледаше како најсподветна тема. Книгава ми треба да ја купам оригинал, цената е 1600 денари но сакам прво да се распрашам дали можеби некој ја има па да му ја купам ако не се користи на старо? Ви благодарам
Дали некој знае каде може да ја купам/најдам „Храбар нов свет“ од Олдос Хаксли на македонски или англиски?