Би ти препорачала да ја прочиташ на англиски за успееш да ја доловиш со истиот жар со кој што ја пишува авторот. Некако како помала ми се виде оваа на македонски, па и тргнувајќи од насловот како е преведен скептик сум некако за македонскава верзија.
На Српски ги имаш во Матица, во случај ако ги нема преведено кај нас оние што ги бараш. Издание на Вулкан беа, со тврд повез. Во Академска Книга ги има сите, јас искрено пре би одбрала од таму, преводот на Арс Ламина воопшто не ми се допадна. Буквално преведувани фрази, бесмислени реченици... "Сјаење" беше спорната книга, за другите не знам, ама по ова не ни имам желба да дознаам. Продолжив да ги читам оригиналните изданија.
Барам книга што беше дадена како лектира во основно школо, јас тоа учев многу одамна и не можам да се сетам ниту на авторот. Се работи за печалбар кој се враќа со многу злато но ја затекнува својата жена остарена веќе, не е како што била . Жената мислам се викаше Бојана. Знам дека многу малку раскажав ама не можам да се сетам за повеќе. Периодов си читам наша литература и сака да ја прочитам повторно оваа книга. Ако некој се сети, молам да ми пише ❤️
Имаш и на купикнига, се ми се чини некои и преведени. Пиши го името на авторот во“напредно пребарување“ и на кирилица еднаш и на латиница.
Феминки, ве молам помош да ја најдеме оваа книга за еден мој пријател. Табернакул е затворено. Ја барав и во Матица, Топер, Литература - ја нема нигде... Им пишав и на овие Купи книга мк, па чекам одговор...
Ако некој/а знае да сподели, каде да ја побарам книгата Се викам црвено од Орхан Памук со оглед на тоа што издавачката куќа Табернакул не постои.
Po grupite za prodazba na knigi na FB skoro bese objavena za prodazba..i ja objavuvaat od vreme na vreme..inace, knigata e super.
Sakam da ja kupam ovaa kniga.. na Tri celiot tiraz im e rasprodaden..ima li nekoj da ja prodava na staro?
На македонски се преведени само Сјаење и Доктор сон од Литература мислам, барем јас од таму ги земав. А и Мобилен од него ја имам читано на македонски ама ја земав одамна и не се сеќавам од кој издавач беше. Други преведени на македонски не сум видела, а и јас барам
@poenta да провериш во ИЛИ ИЛИ https://www.iliili.com.mk/ , кај тие што продаваат книги на старо на плоштад или покрај кејот на Вардар. Тука ја имаш на српски. @Arja овие наслови од Кинг ги има на македонски https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bi...obib&mat=allmaterials&laf=mac&max=100&start=0
Сте купиле ли некогаш книги на старо на плоштад или покрај кеј? Какви се цените? Вреди ли да се проба да се побара некоја книга?
На плоштад конкретно се поскапи од оние на кеј, но ако бараш нешто конкретно, кај хипи женичката можно е да го најдеш, и никаде другде. Сепак подобро е неа да ја оставиш скроз на крај, баш заради високата цена што ја држи. На кеј можно е да најдеш доста „изгубена“ литература (што веќе никогаш нема да излезе од печат), но најчесто и тие самите не знаат што имаат, така да подобро е ако ти дозволат, самата да си ровариш низ тезгите - (најчесто дозволуваат).