Те молам прикачи ги во темата, дел од душа должам Инаку, да, Балканска Трилогија се заедно сите три книги. Замолив сите книги од Гордана да ми ги пратат од Белград, очигледно печатени, затоа што за жал не постојат во е-форма. А би си ги купила така. Знам дека на првата само превод има, ама искрено, сакам да читам на изворен јазик кога веќе го разбирам
Ги нема во електронска форма да се купат, да. А ги немам забележано ни на форумите од кај што обично симнувам вакви книги. Ги најдов случајно пред неколку месеци кога кружеа линкови од Мега фолдери, сега ќе ги прикачам во темата.
Каде ги има Господарот на прстените со тврди корици по можност на англиски? Брат ми еднаш низ муабет ми спомна дека ги видел на саем ама се нервирал дека немал пари да ги купи, му се ближи роденден сакам да го изненадам ама не сакам да го прашам каде ги видел, на нет нешто не можев да најдам.
Дали некој знае кај можам да ги најдам Девојката на командантот и Сопругата на дипломатот од Пам Џеноф?
Дали знаете каде можам да ги најдам овие книги: Тајната на Екскалибур Враќање во Атлантида И двете се од Andy McDermot,имам дома две Гробницата на Херкул и Потрага по Атлантида па ми фалат уште овие две.Многу ќе ми значи.Благодарам однапред.