Дека во три е распродадена што посекако знаеш чим ја бараш па ако не ти е читана а сакаш на пдф па исштампај ја
Да,во Три ја нема, ги има само вториот и третиот дел. Ми ја испрати член од тука во таков формат на српски јазик. И ти ја имаш во таков формат? Јас продолжувам да барам со надеж дека некаде ќе ја има,но тешко некако... Имаше и најава од ТРИ дека ќе го има повторно тој дел, но досега нема ништо.
Хелоу девојки, дали знаете кај би можела да ги најдам книгите Автостоперски водич низ галаксијата - Даглас Адамс ?
Ugly Shy Girl by Laura Dockrill Дали оваа книга ја има на македонски јазик? Или па и да ја нема на македонски јазик, нека биде на англиски. Ја има ли било каде во Македонија?
Изгледа ги има во Академска Книга. Ако учествуваат на саем ќе има 20% попуст, а со една книга купена добиваш купонче со 30% попуст што можеш и во книжара да го искористиш. Обично така прават секоја година.
Ги има и во Литература во Сити Мол и на ул. Македонија, на англиски. Цените им се слични како во Академска Книга. Трите книги од серијалов мислам дека се преведени од Литература на македонски, ама сепак читај си ги оригинал, супер е авторкава.
Сега на саем ќе ги има. Некоја издавачка куќа што немаат своја книжара ги има издадено, а на саем изложуваат. И јас лани ги гледав.
Ја барам книгата Феникс од Георги Стоев мислам дека беше. Како дете од школо ја купив и ја прочитав многу пати. Некако ја изгубив, па ако некој ја најде или ја има би сакала да ја купам
Здраво! Случајно некој да не знае каде можам да ја најдам „Македонска рок енциклопедија (1963-2018 )“ од Тошо Филиповски?