Во МКЦ се продаваше ако не се лажам пред некое време, а и во поголемите книжарници ја имав гледано...
Порано имав читано една книга напишана од наш автор, се работеше за различните приказни на затвореници од Идризово, авторот работел таму. Дома не можев да ја најдам, а не ми текнува како се викаше ни авторот, ни книгата. Да не знае некој?
Можете од www.awesomebooks.com Доставата до Македонија е 3 фунти, книгата е мислам околу 14 фунти. Пратката стига за околу 3 недели на домашна адреса. Не плаќаш дополнителна поштарина. Во Македонија тешко ке ја најдеш во продажба.
Kaj mozam da gi najdam knigite na Katerina Isailovic, Tamo cu te cekati i Katerinizam, ako voopsto gi ima tuka...?
Член ли си на библиотека? Ако не си, зачлени се, за 200 денари годишно, значи од сега до овој датум идната година можеш да зајмуваш што сакаш. Посебно од постарите автори, се што е објавено е распродадено. А дали ја има во некоја библиотека одредена книга ќе провериш на www.cobiss.mk, само впиши Гого Ивановски, и ти два листа во која библиотека колку примероци има. Друго, има на фб група размена на книги, книгохоличари, можеш да прашаш ако некој ја има. Најсигурно ти е библиотека. Универзитетска има голема база, така да, се што ќе се објави во земјава, мора да има примероци таму. Отиди таму, прашај си, зачлени се, но мислам дека таму само во читална даваат да се земаат книги. Универзитетска спроти Мавровка, ти е базата и таму треба да имаат примероци од скоро се, е сега колку се ажурни, тоа е друго, им стојат книги по кутии, по подруми итн. Друга работа, ако зачлениш во библиотека, а таму ја нема бараната книга, за што ќе си видиш на cobiss, прашај за меѓубиблиотечно зајмување, дали можат да ти ја обезбедат од библиотека од друг град. Ова постои, а дали се плаќа нешто не знам. Еве проверив, значи во Браќа Миладиновци имаше многу книги од него, тоа ти е најсигурнса опција, од таму да си земеш https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/42729482 https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/35999754 https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/15394058 https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/8981002 https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/11126593 Ако ти е за купување, прашај во Матица, Култура, евентуално во Феникс.
Не сум член на библиотека, ама би сакала да купам неколку негови книги поезија да си ги имам дома да ги препрочитувам кога сакам. Имам книга поезија и од Маџиров и од уште еден автор од Охрид, не се сеќавам на името и од што ми се свиѓаат кориците, страните, мирисот на книгите сакам да си ги гледам стално по дома. Ама фала ти за предлозите, ќе ги земам во предвид во иднина за некоја друга книга.
Нема на што. Ми даде идеја и мене што да зајмам следно. Од Охрид веројатно имаш од Славе Ѓорго Димоски, тој што пишува малку така еротски. Маџиров е врв. Предобар.
Не, од Тони Попов - Светот е жеден за збор, баш сега ја видов. Таа баш ја земав од Метаноја, кафе книжарница и памтам дека имаше уште нешто од него ама цела книга беше со религиозна тематика и таа не ја земав. Оваа е многу убава, ако имаш шанса да ја земеш.
Не знам колку е соодветно прашањето, ама дали сте ја сретнале Good Omens од Нил Гејман и Тери Прачет, на македонски, каде, и дали знаете како ѝ е насловот на мк?
На македонски мислам ја нема, инаку преводот на насловот би бил Добри предзнаци. На српски мислам дека ја има.
Девојки здраво. Не се работи за правопис туку овде темава ми е најактивна па реков да прашам. Дали случајно постои книга каде песните од зборникот на браќа Миладиновци се анализирани? Имам некои недоумици околу стилски фигури и значење не сум сигурна дали е тоа тоа. Или па некоја која се разбира од оваа работа дали може да ми даде насока како да продолжам? Ако има поконкретно ќе објаснам во инбокс.
Мислам дека има, би ти предложил да побараш во библиотеката на филолошки факултет и универзитетска библиотека. А на интернет има трудови од професори од МАНУ, филолошки факултет