За жал не сум од Скопје и не студирам на филолошки туку на педагошки факултет во Битола но исто на катедрата за македонски јазик и книжевност и нема како да побарам. На интернет пребарав се но ништо од тоа што барав не излезе.
Ја барам оваа книга, каде би можела да ја најдам? По можност на македонски, но доколку ја нема тогаш на англиски. „Тишина“ од Сузан Кејн – Моќта на интровертните во светот кој не престанува да зборува
Види на страната на купи книга мк, издавач е Арс Либрис /Ламина. Ја има и на литература.мк. 500 денари е.
Ќифличката Мирна лектира за 3то одделение во Битола каде можам да ја најдам или ќе морам онлине да ја порачам?
Види Академска книга. Јас кога ги барав, пред 2-3 години, таму ги имаа. Edit: https://www.bookdepository.com/Fell...500484?ref=grid-view&qid=1654942433858&sr=1-2 можеш и од тука
Дали некој знае каде можам да ја најдам книгата П.С. Те сакам? По можност истата корица од сликата подолу.
Одамна е распродадена ама се наоѓа кај овие што продаваат книги на старо на кеј. Или можеш исто да прашаш во групите за продажба на книги, можеби некој ќе ја понуди и таму.
Ромео и Јулија е популарна книга, можеш да ја најдеш во секоја книжарница, види во просветно дело, литература и сл.