Можно е да ја има во Литература. Или да видиш во Академска книга. Од нет можеш да ја нарачаш преку bookdepository.com, супер е сајтот.
Од таму е поскапо. Имаш поевтина варијанта од awesomebooks ама па од таму се втора рака, иако се како нови во најголем дел. Како и да е, си ја нарачала веќе.
Да, купувам книги од сајтов често. Се случувало и за две недели да ми стигне некоја книга, за некои сум чекала до два месеци, зависи како се погодило.
Хеј како што пишав погоре ја нарачав книгата и требаше да стаса до вчера меѓутоа не стигна. И им пишав маил, ми кажаа да проверам во локална пошта. Се јавив во пошта и ми бараа tracking number, меѓутоа јас немам таков, освен order number. Дали не даваат tracking number или до мојата нарачка е? Во пошта ми кажаа ако е обично пратена нема да имаш таков код. На меилот исто ми вратија дека една од опциите е или да ми пратат нова книга или да ми ги вратат парите. Прв пат нарачувам вака ако може да ми објасниш.
Никогаш не ми стасала пратка според датумите како што пишувало таму, најчесто доцнат. Почекај уште малку па пак види да не е заглавена во пошта негде и ако ја нема, пак исконтактирај некој од customer support.
Мене не ми стигна еднаш. Беше за време на пикот на корона, па почекав мислам повеќе (не се сеќавам колку точно), но не стигна порачката. Пишав меил и ми ги вратија парите. Јас одбрав да си ги побарам назад парите дека беше поскапа нарачка, а и имаше тогаш баш строги регулации и не знаев дали ќе стигнат доколку пак да ги порачам.
@Emilija97mk вчера не бев во можност да проверам на сајтот од компјутер за тракинг бројчето, но еве сега гледам и има, секоја нарачка си има бројче веднаш над книгите. Ова е од нет, но ќе ти заврши работа. Логирај се на сајтот и кликни на Order Status, таму стои ова. Order no. ти е тракинг бројчето.