Може е надвор од темава, но, дали ја имате некаде онлајн целиот роман ,,Пиреј" од П. М. Андреевски? Благодарам.
Здраво ако може помош за една книга. Тој е рагбист, а таа ќе бега од нејзината венчавка со неговиот тренер. На бегање ќе се најде со него и ќе го замоли да ја однесе... Листав еднаш по страниве за книги ама не запаметив од која издавачка куќа беше книгата. Би благодарам.
Има на улица Македонија да, само што штандовите од плоштад мислам дека сите се префрлени доле на кеј. Во куќичките на кеј исто сè уште си функционираат продавачите на стари книги, најдобро директно таму да отидеш.
Ако се уште не си ја нашол, пиши ми. Ја имам во пдф, ама не можам да ја прикачам тука поради големината.
Види кај овие што продаваат книги на старо. Мислам дека ја видов на фејсбук, побарај Антикварница Книжарница, продава книги на старо.
Луѓе ја барам Бели Ноќи од Достоевски веќе месец дена, да не знае некој во која издавачка куќа да се јавам или слижучајно да не ја има некој?
Дали некој ги има Педесет нијанси сиво, и Педесет нијанси потемно (првиот сериал, раскажувањето на г-ѓа Стил), никаде не можам да ги најдам на македонски јазик за комплетирање на цел сериал од авторката. Секоја информација е добредојдена.