Ми треба поезија од Силвија Плат, ја имало во некое издание од ѕвездите на светската книжевност заедно со други автори, ама не можам да најдам точно во кое. Знае ли некој точно во која книга ја има?
Доколку ја нема по книжариве, побарај по луѓево кој продаваат на улица, тие имаат секакви книги од секој жар, голем обсег на книги. Жената на плоштад што продава и луѓево по кеј што продаваат.
Мислам дека скоро секаде се распродадени, иако можеш да провериш за секој случај да не има нешто останато по другиве книжарници - Литература, Три, Полица, Bookland... Можеби ќе имаш среќа да начекаш нешто што им останало непродадено од Џули Џејмс. Види и кај овие низ фб групите што препродаваат книги на старо, кај нив секако ќе ги најдеш.
Знам за тоа, членка сум.Прашањето ми беше конкретно за физички локации низ Скопје. Слушав еден период дека жена продавала на плоштад, ама не сум сигурна дали сеуште го работи тоа.
На кеј имаш штандови за стари книги од паркингот спроти Холидеј Ин кон Џамбо. Јас пролетта си ја купував. И на улица Македонија има штандови.
Здраво. Сакам да прашам нешто. Дали има некоја страна на инстаграм што продаваат книги од популарна психологија? Ако знаете, ве молам да ми пратите во лп. Благодарам однапред.