Можеби моево прашање е надвор од темата (простете), но дали книгите на Иан Флеминг биле некогаш преведени на македонски јазик?
Можеби моево прашање е надвор од темата (простете), но дали книгите на Иан Флеминг биле некогаш преведени на македонски јазик?
Преведена е од издавачка куќа Слово, станува збор за многу старо издание од 2009. Веројатно може да се најде на старо некаде по препродавачиве на книги. Барај ја како "Записи на младиот лекар", така им е преведен насловот.
Јас не барам конкретно книга, но ме интересира дали некој се сеќава кои лектири ги обработуваме основно, ние што сме постара генерација , јас сум 1987 родена.
Хм, па многу се... Ај ќе пишувам како што ми текнува (нема да користам наводници, сори): Бојан, Срце, Пајажината на Клементина, Пинокио, Пипи долгиот чорап, Шеќерна приказна, Споменка, Грдото пајче, Доктор Офболи, Сказни од браќата Грим, басни Езоп, Орхан (Децата од нашата улица), Итај Пејо, Петар Пан, Мери Попинс, Гоце Делчев, Таро во земјата на планините, Големи и мали, Робинзон Крусо, Црни и жолти, Белото циганче, Македонски народни хумористични приказни, Хајди, Двојната Лота, Силјан штркот, 20.000 милји под морето, Перуновата стрела, Магарешки години (Улавите години), Том Соер, Бегалка, Девојките на Марко, Дневникот на Ана Франк, Григор Прличев (автобиографија со Сердарот), Старецот и морето, Чорбаџи Теодос, Бели мугри...
Во Академска кажаа дека планираат да ја донесат, само не знам кога точно. Баш прашував пред некоја недела.
Сте порачувале ли книги од некоја онлајн страна? Насекаде по нашиве продавници за книги барав нешто од Роналд Малфи, ама само во Академска книга имаат една, а сакам да ги имам во домашна библиотека.
Ве молам за помош.Барам една книга не ми текнува како се викаше. Во кратко црти: Taa бега од сопствената свадба и се качува во првата кола на која ќе налета. Кога ќе се качи во колата ќе разбере дека сопругот од кого бега всушност му е тренер на непознатиот шофер. Ќе ја остави кај првиот хотел и ќе замине ама после неколку години тие повторно се среќаваат... Се надевам дека некој можеби ја прочитал па ќе му текне за која книга станува збор. Ви благодарам.
Знам дека овој коментар не е за оваа тема ама можеби некој ќе ја препознае книгата. Барам една книга не ми текнува како се викаше. Во кратко црти: Taa бега од сопствената свадба и се качува во првата кола на која ќе налета. Кога ќе се качи во колата ќе разбере дека сопругот од кого бега всушност му е тренер на непознатиот шофер. Ќе ја остави кај првиот хотел и ќе замине ама после неколку години тие повторно се среќаваат... Ви благодарам.
Дали некој продава или знае каде да се најдат 1. Франкенштајн 2. Историчарка - Елизабет Костова 3. Џејн Ер (на македонски) 4. Тринаесеттата приказна – Дајан Сетерфилд 5. Ребека - Дафне де Мориер
Еве ја Ребека - Дафне де Мориер https://knigoholicari.com.mk/produkt/драма/историски-драми/rebeka/ Еве ја Тринаесеттата приказна - Дајан Сетерфилд https://www.facebook.com/boniganego...то-чувството-кога-ќе-почнет/2791655970938166/ И двете можеш он-лајн да ги нарачаш. Се надевам ти помогнав.
"Историчарка" побарај ја на фб, на страницата Виртуелна книжарница Книгоманија. Мислам дека би требало да ја имаат, се наоѓаат доста постари (па и ретки) книги кај нив.