Знае некој освен во Икона, каде на друго место може да се најде "1984" од Џ. Орвел? И дали некој знае во Икона колку е? Од досегашно искуство, малце ми се поскапи таму книгите, а несакам да се трткам безвезе ако ми кажат некоја повисока цена ("Благодарам" и неучтиво ќе си излезам додека почнуваат да ти предложуваат ова или она а не си заинтересиран). фала
дали ги знаете овие и каде можам да ги најдам ?? „Мементо за Истанбул“ од турскиот автор Ахмет Умит „Помисли на број“ од Џон Вердон „Серенада“ од Зуљфу Ливанели „Малиот принц“ на Антоан Сент Егзипери ќе ми биде мило ако одговорите доколку знаете... Благодарам однапред
Да не знае некој каде можам да ја најдам Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон? Освен тоа ме интересира и цена?
Наслови од Сидни Шелдон има од издавачката куќа „Наша култура“. Само не знам каде можат да се најдат насловите од неа, односно кој е „претставник“. Цените на неговите наслови се движат од околу 350 па нагоре (ама не верувам дека е некоја поскапа од 600ден.). И покрај тоа, доколку знаеш, ти препорачувам да ја прочиташ на англиски јазик. Јас имам читано и на англиски па сум разочарана од бедните преводи (не само на овој автор туку од повеќе). P.S. Oдличен избор на автор
Јас си ја купив полани од саемот од издавачката куќа Наша Култура, мислам дека беше 250 денари, ама од книжарница сигурно ќе е поскапа. Инаку преводот на насловот е Ѕвездите светат од небото. Сепак мене, иако сум голем обожавател на Шелдон оваа книга воопшто не ми се допадна, не ти ја препорачувам
Јас ја барам книгата "Најдоброто од мене" од Николас Спаркс но ја барам на англиски јазик, не преведена на македонски... Тешка работа, знам.. Видел некој некаде?
Некој да ми каже каде и по која цена можам да ја најдам книгата Breaking the Routine Can Have Consequences - Taylor Lowe?
Чекори за сеќавање? И по која цена е? Од филмот A walk to remember. Во библиотека ми велат не постои таква книга.
Jaс ја читав на интернет, еве ти ја ако сакаш: http://www.publicbookshelf.com/contempo ... k-routine/ A не сум ја видела во книжари, ма да вакви романчиња може да има во книжарница Tри, провери во ГТЦ.
Девојки, фала за одговорите ..Книгата од толку спомнување, ја добив на подарок од сестра ми Сега чим веќе сме на оваа тема, да прашам и за една друга книга која исто ми ја фалат многу. => Порака во шише од Николас Спаркс?..Исто и за ова книга ме занима цена ( барем приближно да знам за да планирам, бидејќи како што разбрав и не била многу евтина
Да, книгата навистина е прекрасна. Ја гледав во книжарница пред некое време (не се сеќавам во која), 400 денари беше.
Здраво, ја барам „Однесувај се како дама, размислувај како маж“ од Стив Харви, дали знаете каде во Скопје можам да ја најдам? Јас ја купив од Охрид пред две години од некоја Силсонс издавачка куќа, но, сега кога ми треба за подарок, никако не можам да ја најдам.. Би ви била благодарна за информацијата, ако некој знае.
Мислам дека во Три или во Матица би можело да ја има, евентуално во Култура. Јас ја купив од саем, ама не ми текнува од кој штанд. Кажи ми доколку си проверила ваму , да ја најдам да видам од кој издавач е.
Долго време ја барам книгата Крај реката Педра седев и плачев од Паоло Коељо, ама неможам да ја најдам во никоја книжарница, да не знае некој каде ја има?