Кај нас мислам дека издавач е Табернакул, ама старо издание е. Единствено ако ја најдеш кај овие што продаваат книги на старо, пиши им порака. Инаку мислам дека и друг ја бараше истава книга, прелистај неколку страни поназад.
Сериозно?? Одма идам во Литература да проверам. Ако ја најдам, те частам 100 лајкови Табернакул кога затворија имаа онлајн распродажба на книгите и толку од нив. Мислиш има фејсбук групи каде што продаваат книги на старо?
Не, туку мислев на групите што продаваат книги на старо. На пример: Bookberries online, книга за секого, антикварница книжарница, евтино катче и други. Прати им порака дали ја имаат или разлистај низ понудите, насловите им се поделени во албуми.
@EvAngelos дали ја најде книгата? Уште една информација, во Топер во ГТЦ нарачуваат книги од Србија. Следна нарачка им е во ноември и тогаш би требало да ја добијат повторно.
Ја најдов на англиски во .ePub формат, супер изгледа на мојот e-Book Reader (Nook). На македонски ја најдов на старо кај една жена на фб, 550 денари, некако скапо ми се виде. Ги земала од распродажбата на Табернакул книгите по багатела, и сега толку скапо ги продава.