Веќе подолго време ги барам книгите на Марко Шелич, „Заједно сами“ и „Малтерего“ а никаде не можам да ги најдам. Дали имате некоја информација каде може да ги купам или некој да ги има па да ми ги позајми? Ќе ви бидам многу благодарна ако ми помогнете.
Општи прашања http://www.amazon.com/Jillian-Michaels/e/B001H6MA3G дали некој знае дали кај нас ги има овие книги и каде можам да ги најдам???
Книги - колку читате и што преферирате? Омилен автор ми е Александар Дима...Ако некој ја има книгата Гроф Монте Кристо,црвена корица со златни букви.Изданието е можеби од 60-етите години,нека ми пише би сакала да го купам..Неможам да го најдам баш тоа ама никаде...
Дали некој знае каде би можела да ја најдам За тебе моја Долорес од Саша Божовиќ/ч? Не знам ни дали ја имаат преведено на македонски.. српската верзија е Теби, моја Долорес. Ако имате некоја информација која издавачка куќа ја има преведено или во која книжара ја има, би ви била премногу благодарна!
Ги имаш преводите од издавачката куќа „Сакам книги“, ги има во ТРИ кои до 20ти месецов имаат 30% попуст, ама мислам дека само на нивните книги, а овие изгледа се по иста цената околу 350ден. секоја одделно, но најубаво провери си
Наша книга ја има издадено, но во 1984, 1988. Така да единствено на старо можеш да ја најдеш или по библиотеките.
^ Ти благодарам. Me again. Дали знаете која издавачка куќа освен Ѓурѓа ја има преведено Демијан од Херман Хесе? Изданието на Ѓурѓа е скратено, но јас го сакам целосното. Грев е таква книга да се крати ама ајде..
Немаат они нивна продавница, како што пишува ги има во ТРИ во ГТЦ во Скопје, но можеш и да си ги нарачаш па по пошта да ти ги пратат. Ова е нивниот сајт www.sakamknigi.mk прочепкај малце пишува некаде како можеш да нарачаш, мислам дека праќаш порака на некој од мејловите напишани најдоле на страната и се договарате како ќе иде со испраќањето на книгите и со плаќањето
Пророштвото на Романови?!?! Од Матица беше издадена ама кај нив е распродадена уште одамна, некој да не ја видел некаде случајно?
Ја читав таа, ја земав од библиотека. Мора да ја има ако ти е за читање, а ако е за купување не знам како да ти помогнам, знам дека ја имаше во Матица одамна а сега не сум сигурна.
Феникс и Мисла Џурџевци не би биле перципирани од публиката како ефтини измамници кога некаде (прва страна, последна страна , корица ) на некомплетните книги би стоело дека книгата не е комплетна
Овие не можам да ги смислам, поглуп превод на книги нема, а искрено и немам видено книга од Ѓурѓа што има повеќе од 100 страни од прилика, сите се скратени. А кога сум веќе тука, Џон Милтон- Изгубениот рај некаде може да се најде? Ако е на англиски уште подобро. И библиотека прифаќам.
Знам дека "Пеколот" ја има на македонски, ама "Чистилиште" и "Рај"? Поточно цела "Божествена комедија" дали ја има? Последен пат кога ја баравме не можев да најдам.