http://www.wordsworth-editions.com/book ... ton/poetry Со оваа издавачка куќа имам позитивно искуство, продаваат преку британскиот амазон http://www.amazon.co.uk/dp/1853264105 , порачките пристигнуваат за отприлика 15 дена. Поштарината е малку висока , но ако нарачуваш повеќе книги или том собрани дела се исплати. Во Скопје нивните изданија може да се најдат во Кафказ* и Икона. Исто така би можела да провериш во Англиски Центар *Неодамна некој ми спомна дека книжарава била затворена, ама не сум сигурен. http://www.kaprikornus.com/index.asp?de ... tegorija=4 <- на македонски.
Препорачајте книга Знаете ли каде има некоја книга за Мата Хари, биографија или така нешто? На македонски, српски или англиски.
Ми треба Исповед од харемот од Бранко Миленковиќ, или некоја книга од Мир Јам, никако ама никако да ги начекам.
Каде можам да ги најдам за да ги купам книгите од Игор Џамбазов, Гол човек и Прирачник за анти антиалкохоличари???
Е како не можеш да најдеш од Мир Јам..на секој чекор се некако...или па дека не ја сакам и само налетувам на неа... си ѕирнала во Матица ?
„Непобедливо срце“ и „Гревот на нејзината мајка“ можат да се најдат во издание на „Култура“, ги има и нив и „Исповед од харемот“ и во Веро-центарот. Иначе можеш (ако имаш среќа) да ги начекаш и во градскиве библиотеки. (конкретно овие 3 и „Ранетиот орел“ јас ги имам земено од библиотека)
Не знам дали ова е најсоодветна тема за моево прашање. Ако не, се извинувам. Долго време ја барам книгава, не се сеќавам на авторот ниту на насловот, меѓутоа ќе се обидам во кратки црти да ја раскажам содржината, па се надевам дека некој од вас што ја читал ќе ми помогне. Книгата е пишувана во најголем дел во форма на дневник и се одвива мислам во 19-от век во Британија. Се работи за една млада девојка која е сирак и живее со тетка си (ако добро помнам) По некое време се мажи и тука и почнуваат проблемите. Мажот и е алкохоличар и женкар и по кусо време девојката сфаќа за кого се омажила, во меѓувреме им се раѓа син. По една непријатна ситуација, жената одлучува да го напушти сопругот и бара помош од брат и. Таму живее анонимно и повлечено во еден замок и го запознава локалниот земјопоседник, кој се вљубува во неа. На крајот мажот и умира и таа се мажи за земјопоседникот. Отприлика ова е во кратки црти колку што ме држи меморијата за книгава. Одамна ја имам читано и многу сакам да ја најдам. Хелп!
Клетници ја начекав во Матица, ја има во делот за лектири за средно, а и оваа другава мислам дека не е тешко да се најде. Медикус-Ноа Гордон ? Ениуан ?
Lauren Condrad Да не знае некој каде можам да ги најдам овие книги? Во сити мол имаше една книжара каде се продаваа и книги на англиски јазик,но не ми текнува на името.Можеби таму ги има.Дали некој знае? Многу сакам да ја имам книгава има се за шминка во едната,кажува како да дојдеш до одреден изглед со туторијали,а во другата за мода.
Ја барам ова книга => Мемоарите на една гејша - Артур Голден..Кај да ја најдам и цена ако знае некој нека каже бидејќи и тоа ме интересира.
Дали знае некој каде можам да ги најдам книгите на Џилиан Мајклс ?? Сега како што се ближи саемот, има шанси да најдам нешто од неа таму ? Ме интересирa Unlimited конкретно
Марина од Зафон .? Ја барав во Матица и на плоштад овие штандовиве но ја нема . Може ли некој да ми каже попрецизно каде ја има затоа што немам деновиве многу време за шетање а ми треба книгата.