Препорачајте книга Дали знаете каде можам да купам книга за птици и видови на птици? Сте сретнале ли некаде?Цена? Mногу ми е потребна. Фала
Девојки барам книга малку е постара македонска повеќе е информативна. Се вика Плачеше цела малешевија. По ова стариве книжари по плоштад и оние спроти вили ја нема, предложете ми некое др место каде што има стари книги. Сакам да ја купам :/
Јас ја купив во Матица, околу 300 денари. Многу е убава книгава Види во Рамстор во книжарницата на првиот кат, имаш и избор.
Барам една книга лани ја читав ама никако не можам да се сетам на насловот. Се зборува за една жена која е омажена за човек од друга вера (муслиман) живеат во Америка со керќичката, но подоцна откако ќе отидат во неговата земја тој се менува целото негово семејство ја измачува, и таа на секаков начин пробува да избега од таа земја. Мислам дека го имаше зборот „керќа“ во насловот.
Никаде не можам да ја најдам Некој како тебе (Someone like you) од Сара Десен. Има некој инфо за оваа книга?
Јас од библиотека ја земав, инаку пролетоска ја имаше за 200 ден. во Матица. Провери си дали ја имаат уште.
3те дела се околу 580-600 ден, НО во рамстор заедно сите 3 ако ги купиш ти даваат попуст 1500 (наместо 1800).. За купување сегде ги има.
`Никаде без ќерка ми`,ама во ниедна книжарница ја нема.Аман! Распродадена е одамна,уште од зимскиот попуст во Матица. Јас ја читам Препушти се-Сара Десен сега,ми ја позајми пријателка. Можда да провериш по некои затупени книжарници,ако им останало нешто,ама неверувам. Во ТРИ ја има.Јас ја купив од саем,околу 250 денари беше.Сега мислам околу 300,350 е.Баш пред некое време ја гледав во ГТЦ. На kupikniga.mk ги има.
Јас не ја сретнав ниту во Матица, ниту во Три,ниту во Топер, ниту во супер тинекс ни веро... колку за инфо кај да не ја барате.
Препорачајте книга Не знам дали оваа е соодветна тема, но сакам да прашам каде можам да ја најдам книгата: the sicret од Ронда Бирн ? ја барав во библиотека, по книжарници но никаде ја нема се зборува општо за животот, парите .. содржи инспиративни мисли