1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја изгубив најдобрата другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од buzzle, 10 август 2010.

  1. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски

    Сум имала и јас такви. Се сум правела, ама на крај се освестив дека на нив добро правам а на мене лошо. Така да остави ги и не се замарај со нив повеќе.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Одамна јас приметив ама бев слепа на тоа ,едната немаше мн излез за надвор од дома ,али со другарата кога и да ја викнев за нешто се неможеше и за се се лутеше.Не викам дека често ме откачувала некогаш и прифаќала али ретко.
    Во право си и не се замарам веќе заборавив дека некој постоел иако мн блиску живеме не се ни гледаме во мало.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  3. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Одкако престанав да се дружам со неа ми беше тешко некој период, бидеќи со неа бев многу блиска ми беше како сестра, по цел ден бев со неа, се заедно правевме и се дружевме од мали. А по тоа тешкото, се беше супер, си најдов далеку подобра другарка и се ми тргна на добро. Се чувствував среќно.
     
    На Blue.Sky, buba4e89 и orevka им се допаѓа ова.
  4. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Сепак девојки после таа другарка сум имала повеќе други другарки, но сум видела дека никојпат немат да имаш пријател како што може пријател да ти биде твојата мајка. Секоја другарка ќе гледа да извлече корист или да си се извлече, а тебе да те турне во кашата. Не можеш да добиеш искрен совет од другарка, да бидеме реални ниту да дадеш, ќе шири наоколу дека си и љубоморна или слично. Во денешно време нема вистински пријатели тие се ретки или се затворени во себе поради луѓето околу нив. И нема другарка што нема во се да се натпреварува со тебе. :| Мора да ја прифатиме реалноста таква каква што е. Ништо не верно на светов, твојата сенка во темница ќе те напушти :| а не пак пријател...:P
     
    На Βικτωρία и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека ја изгубив мојата...
    Многу одамна бевме договорени за празников да одиме на едно патување од факултет. Не беше ништо сигурно, само на збор. Во меѓувреме дечко ми организираше викенд со неговата фамилија (запознавање) и јас прифатив. Во последен момент сфатив дека термините се поклопуваат и морав да бирам помеѓу другарка и дечко. Јас што секогаш сум била за тоа дека секогаш другарката е пред дечкото, одлучив да отидам на викенд со дечко ми и фамилијата. Ја заебав другарка ми во последен момент. Она отиде со друга другарка таму и веќе не сме се слушнале. Јас од што немав храброст и лице не ја побарав, а ни она мене бидејќи ми е лута. Цел викенд паметот во нејзе ми беше и премногу се каев што ја зафркнав така, нема оправдување знам, ама премногу ми е криво во многу тесна ситуација бев.. Барам совет од вас како да и се извинам, дали воопшто да се трудам, дали би го простиле вие ова?
     
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На Animali, Stark, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Фино можеше претходно да и објасниш, ако ти е вистинска другарка ќе те разбереше штом се работи за фамилијарен викенд, сепак вие две и сте немале некој конкретен план.
    Сега не знам колку се би било исто, можеби ќе почнете повторно да се дружите но ќе го паметите и двете овој настан.

    Сепак ќе ти речам, побарај ја, што побрзо тоа подобро и разговарајте.
    Се зависи од неа, твое е барем да се потрудиш, макар што сигурно ја имаш повредено.
     
    На Blue.Sky, Animali, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  8. babysoul

    babysoul Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да и се јавиш ама нема потреба да и се извинуваш, и прашај ја што би направила таа доколку би била на твое место. Доколку и она те ценела исто како ти нејзе еден викенд нема да го уништи вашето пријателство. Точно и јас сум за другарка секогаш пред дечко ама не секогаш е и тоа така:?::?:
     
    На Dust, cresa-jagoda и Darlingzz им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нема ни да се налутам...
     
    На MarigoldA, Dust, Shalitra и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Јас сум крива зошто до последен момент ја лажев, можеби да и објаснев на време ке ме разбереше, но до последен момент не бев сигурна со кого да отидам. Не сакав ни дечко ми да го оставам така најмногу ради неговите, каква слика ке оставев во старт да зафркнам да не се појавам, ама она ми е другарка цел живот.. многу ми е тешко, не знам дали ке ми прости некогаш и да биде како што било..
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    Не дека се правдам ама и јас често го бирав дечко ми пред другите, сестра, моја фамилија, другари... Едноставно тогаш со него ми беше поубаво. Не дека сега не ми е, ама мислам дека требало малку повеќе да оставам простор. Во ред ова е ситуација која се објаснува, едноставно така е, се случила ситуација која треба да ја разбере другарка ти, ама секогаш на време кажувај за да може и она да разбере и најде начин да се договори со друга другарка и да го свари тоа. Јас мразам во последен момент откажување. Јави и се, објасни и и кажи и дека ќе се потрудиш во иднина да си повнимателна.
     
    На Amellie13, Dust, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Абе како и да е и нејзина блиска другарка требаше да оди со нас и они си отидоа, не дека ја оставив да нема каде и со кој, ама стварно немав опција да отидам на двете места..
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Имам одлична меморија и точно се сеќавам на твојот ник и пост, одамнешен.
    Пишуваше како не си сигурна дека го сакаш дечкото, а тој многу брзал и веќе те упознал и со неговата фамилија. Запознаени сте биле од претходно, не ви е првпат сретнувањето сега.
    Значи си ја извисила другарка ти од детство, за рандом минување време.
     
    На Animali и RoseRain им се допаѓа ова.
  14. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Би се налутила и јас бидејќи ми се случило да стојам пред врата спремна, да ги чекам да дојдат и на крај ни да се јават, туку на фб по пораки да гледам дека поместиле термин нанапред оти допрва ќе се туширале, им паднало влакно од главата, им се скршил нокт и слично.
    Не да кажат навреме, туку чекаат првичниот термин да дојде, па тогаш ти кажуваат дека има измени.

    Кога некој не го цени моето време што го одвојувам за нив, за со нив да се видам и да поминам време, нормално дека ќе се лутам.

    Дали туѓото време е помалку вредно? Дали треба некого да запоставиме поради друга личност? Фер ли е?

    Не дека има нешто лошо ако овој викенд го поминеш со дечкото, наредниот со друштво, ама нека биде навреме кажано, без лаги.

    Јави се и извини се за стореното, но не очекувај дека веднаш пак по старо ќе биде сѐ. Знам колку боли и целосно ја разбирам.
     
    На Animali, Shmizla94, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Да ме има запознаено со мајка му и татко му, но сега малку поголем круг од фамилијата и ова беше прв пат да седнеме на маса сите на ручек, муабет, а не само на поминување и токму поради таа причина што јас долго време не бев сигурна дали го сакам и правев проблеми во врска без потреба сега одлучив да отидам со него и да ги поправам односите :)
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.342
    Допаѓања:
    8.111
    Пол:
    Женски
    Првин никогаш не би откажала патување со другарка за да идам со фамилија на дечко ми. Зошто сте толку будали? Знаеш колку убаво ке сте си поминале, женско друштво, шетање, шала смешка топ.
    Што лошо може да помисли фамилијата, а и да помисли нивен проблем. Друго си требала да му кажеш на дечко ти дека ке идеш со другарка да не организира ништо, мада не верувам дека е тоа организирано специјално за да те запознаат, туку класична собиранка на која ти би отишла прв пат. И да е организирано веќе си требала да му кажеш дека секако не се предомислуваш за патувањето и дека друг пат ке отидеш.

    Многу мразам откачување другарки ради дечко, а пази посебно па ради негова фамилијарна собиранка. И јас би се лутела, секако дека да. Немој да бидеш од тие будалите кога фатат дечко да им е центар на светото па откажуваат веќе договорени работи со другарки.
     
    На Animali, Shmizla94, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Гарант и дечкото би откажал провод/патување со другари, за да дојде со тебе и да ја запознае твојата поширока фамилија :)
    Сами си правите, со тоа што се губите повеќето во секоја врска, дали кратка дали долга. После без другарки сум, осамена сум. Епа ќе сте. Приоритети јбг.
     
    На Animali, smooch, Rama и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми е преку глава од шетање со друштво затоа што сум изнашетана цел живот бидејќи 90% од животот сум сама и како и да е не ми се одеше на тоа патување со другарката затоа што веќе сум била и знам како е. Тоа е 24/7 журки, алкохол и сл. но ќе отидев само поради желбата на другарка ми. Веќе размислувам на иднината и станувам малку посериозна личност и таквите дешавки не ми се интересни. Не се оправдувам, сама си кажувам дека сум крива што ја зафркнав другарка ми но од таа гледна точка воопшто не ми фалат дискотеки , пиење и сл.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Исто ми се случи, муабетов е што ја сум заебаната. Ете не можам да простам.
    Продолжив напред без неа.

    А секогаш ги ставам пријателките пред дечковците. Тие се за цел живот, додека со дечкото не знаеш дали ќе останеш.
    Се додека не ги цените луѓето до вас, ќе ви се случуваат лоши работи
     
    На Shmizla94, Rama и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Во мојава врска дечко ми милион работи има откажано за мене ама нема потреба сега да навлагаме и да објаснуваме дали би или не би. Он буквално се остава и јас сум секогаш на прво место што е и една од причините за мојата одлука.