Посебен круг во пеколот за вас кои ви се на прво место партнерите. За еден оргазам, семејство и долгогодишни другари баталувате.. Не би простила ваков шамар. Да бидам поконкретна оставив зад себе брдо нефункционални ,,пријателства" токму ради наведенава причина. Истите тие кога раскинаа ме бараа, ама не добија фидбек. Пријателството (според мене) е најсветата и најчистата унија меѓу двајца луѓе на светот. Ride with me or...DIE!
Такоѓе. Две другарки имав,од 5то оделение, секој ден заедно, се погоди отприлика во исто време фатија дечковци, првин почнаа полека да отсуствуваат од некои места на кои сме ишле заедно, за да испарат скроз. Цело време со него и неговите, и минаа неколку месеци, раскинаа нормално, и де зошто си лута, па плачење молење за помирување. Будала, дадов пак шанса, за да по некое време пак се појават нови, и пак истото сценарио. Отпосле не опростив и денес не се ни пола од личностите кои беа. Им ја нема младоста, жарта им е угасена одамна. Дечкото им е центарот на животот и неговата фамилија. Да се знае како стојат работите од почеток и кој (ќе) ги влече конците Чуден е женскиов род, страшно.
Затоа што бев во тесно. Требаше да го баталам дечко ми кој што ме сака најмногу на свет ( тоа ми го има докажано милион пати) и сите негови блиски кои што за брзо време ке ми бидат фамилија и да отидам во друга држава со другарка што е слободна и не ја чека никој тука и да се пијанчам, да излегувам 7 дена како да немам никој? Од друга страна стварно не сакав нејзе да ја зафркнам иако она мене за други другарки ме има зафркнато многу пати, но не сум злопамтило, не е намерно, не сакав вака да биде.
Тогаш не се ни договарај воопшто друг пат. А сега веќе си се договорила и би отишла, ама дечко ти организирал седенка со баби, дедовци и тетки па си се предомислила. А дечкото да е малку од малку сам ке ти каже да идеш, да си поминеш убаво и да не се глупираш да откажуваш, па здравје и друга собиранка ке има. Верувам така и би отишла, но он те предомислувал и тоа било пресудно. Врската не ви е на место штом строго сте си на прво место еден на друг и штом и он откажувал заради тебе. Зошто таков притисок? Не секогаш треба и може да сме во прв план има и други работи во животот. Токсичен е тој начин, не е здраво воопшто.
Според мене единствена грешка ти е на време што не си кажала. Јас би кажала одма чим ми каже дечкото дека планира нешто такво да имам време. Нејќу да ме прават будала и крај, до последно да ме чуваат резерва. Еднаш направив така и ми се налутија и двете страни, поише не.
абе во Март имаш пишувано како не си сигурна дека го сакаш и те нервира со се што прави, сега ти е све на светот и фамилија ќе ти бивале неговите Не зезај жити све, тука е форумот ќе читаме и понатаму Твој живот, муабетот ми е не се осеќаш криво, дури и почна за да го одбраниш своето, да си ја напаѓаш другарката. Штом не се осеќаш криво, не треба ни да се извинуваш, направи и услуга и остави ја да се 'пијанчи '.
Намерно е. Како што кажа @oblace1 ќе имаш многу собиранки со дечкото. Додека со другаркава ниту една шанса. И ако ти даде, стварно е глупа пошто ти не заслужуваш шанса. @lovestoneddd Сите се враќаат после неколку години, касно. Животот продолжува.
Навлеговте ептен со темиве, и не можам баш да ви ја доловам убаво ситуацијава затоа што ке треба цел живот да го раскажам. Јас сум премногу свесна дека згрешив со тоа што го одбрав дечкото пред другарката, така и се обратив во првиот пост, и не се оправдувам и не ја оцрнувам другарка ми за да ми биде полесно, само кажав дека она до сега мене многу пати ме има зафркнато за други, но сепак тоа не го оправдува ова што јас го направив. До сега секогаш другарките и дружењето ми било пред се, можеби затоа и со години немам сериозна врска, и секогаш сум била против девојчињата што коа ќе фателе дечковци исчезнувале. Јас во текот на оваа врска 100 пати сум ставила другарка пред дечко ми и 100 пати сум го повредила. Само сум сфатила дека нема ништо од тие излегувања по дискотеки, затоа што сите другарки кога ке имаат дечко како мојов ке се приберат и ке си го гледаат прво него ( ми се има случено многу пати) .
Се прашувам кој ќе и дојде на свадба од деверициве, тоа потрагичното. Дали тие што требаше вистинските или лицемерните..
А што па вие се напнавте? Може на девојчето му е убаво со дечкото и неговата фамилија, интересни се, забавни, мм има прекрасни роднини кои се многу забавни и опуштени и ми е стварно ќеиф да седам со нив. Моите се супер, фамилија како да не ја сакаш, ама се бучни, се караат за сенешто, не може така. Не знам колку има девојкава, не ми личи на возрасна, ама може сака млада да се омажи и си ги гледа како идна фамилија.
Дали јас тоа со искачам по диско со дм и друшството, не сме приберени. Девојче ова ми е последно мислење, заклучив дека си себична и иста ко другите. Наместо ти да бидеш поразлична, да бидеш чиста во душа со се вика и да ги цениш би била ЧОВЕК! Е и сега не се правдај дека дискотеката, откачувањето, и се друго што наброја се само изговори за да се оправдаш себе си. Не знам што е толку страшно да си ја признаете вината во себе, ама си барате совети на форум и сакате да го слушнете што ви одговара, а не тоа што треба. Утре здравје ќе немаш кој да ти помогне у не дај боже ситуации, сами си правите. Поздрав
25 уште малку ке имам и цел живот сум излезена со другарки, секогаш заборавана кога другите имаат дечковци, секогаш сум простувала се, сега веќе сакам малце посериозно да си гледам за себе и за мојата иднина. Можеби сосем 10ти ке ми биде маж, тоа никој не може да го знае, но моментално он е тој што живот ќе даде за мене, а неговата фамилија е прекрасна и стварно убав викенд имав иако паметот ми беше во другарката и многу многу ми е криво што немав опција да бидам и со нејзе.
Јас пак ќе речам, не си во право што си чекала за да и кажеш. Според мене таа ти е грешката. Не е дека си престарена, ама се понашаш многу детско според пишувањава. А и ова Облаче што го пиша, исто мислам.