Да и јас тоа го кажав, згрешив што до последно чекав. Не знаев што да правам, не знаев со кого да отидам. И тука најмногу згрешив.
@Darlingzz место да се објаснуваш на форумов, јави и се на другарка ти и обиди се да ја санираш штетата. Да, опасно ја имаш зезнато другарка ти. Не е во прашање одење по продавници или искачање во дискотека, туку збориме за патување. Ама биди си најпрво искрена спрема себе, дали навистина ти е жал што ја имаш повредено или ти е страв дека ќе останеш без друштво за во иднина ако не ја бидне работава со момаков? Зошто ако е второво во прашање, навистина, не му го троши времето на девојчето.
Сеуште е таму, затоа и не ја барам немам ни како. Во друга држава е, не се уклучува на интернет и не сакам по пораки да разговарам. И навистина ми е жал, немате појма колку. Затоа и пишувам по форумов, да не ми беше немаше да се замарам..
@Darlingzz, ќе и пишеш сега. И да не може сега да ги види, датумот ќе покаже кога се пратени. Ако го оставиш извинувањето за кога ќе се врати, не само што ќе делува како да не ти било гајле, туку ќе остава впечаток како да си калкулираш дека со поминувањето на време ќе и спласне лутината па кога ќе разговарате нема толку да и биде „свеж“ првичниот бес. Вајбер, фб месинџер, мејл...Седни и почни да го смислуваш извинувањето. Не си ја зезнала за мала работа, веднаш почнувај да го спасуваш другарството, не чекај.
Стварно, каде се нашите принцови? Животов го изгубив чекајќи некој да ме одомаќини и претвори во крава за расплод. Живот аргатски.
Пред да ми рипнете сите, ДА, огромна грешка е што си ја зезнала пошто сте се договарале... си требала уште пред тоа да и кажеш искрено како стојат работите... ако ти е стварно другарка ќе разбере... Како јас би постапила?? Прво, зависи колку е долга врската и какво значење има таа за мене... Дали е сериозна, кратка, колку често сте заедно итн итн... Има куп работи по кои треба да се оцени кого да одбереш. Замисли да сакал да те запроси, а ти го одбиеш и отидеш на сосем друга страна... сепак, станува збор за запознавање со фамилија што јас лично не го сфаќам баш како шала... Ако е таа врска тек на почеток, онака лајт... а веќе си имала договорено со другарката, секако дека не треба неа да ја откачиш за нешто кое не си сигурна што ти значи и носи во животот. Како што кажав, другарките(оние виа стинските) баш и тоа се.. да имаме со кого да споделиме, да ни дадат совет, да ни помогнат.. да не разберат, а ако сте блиски и си мислите добро, секако ќе те разберела. Ќе и пишеш сега, со време.. Извини, знам дека згрешив, те чекам на кафе, да направиме муабет во 4 очи. И ќе си кажеш како се осеќаш, што ти значи таа, што дечко ти.. Јас па не се лутам... шо знам.. да се лутам за нејзин приватен живот. Ама..секако без лажги и филмови.
Ај да ве прашам сите вас што толку ја нападнавте @Darlingzz Дали кога двајца се во брак исто толку поддржувате ставање на другари/другарки на прво место, пред сопругот/сопругата? Или ќе речете тогаш друго е? Што е друго? Што е разликата? Еден потпис во матично, тоа ли? Од каде сте сигурни дека тој брак ќе трае засекогаш? Од каде сте сигурни дека еден ден нема да се разведат? Сигурно сте свесни колку разводи има. А и не е лошо да се запрашате зошто има толку многу разводи. Знаете дека има некои што друштвото си го ставаат на прво место пред партнерот и семејството, па не се прибрани дома и времето што им е слободно го трошат со други наместо со партнерот, па после зошто развод, епа затоа, затоа што на партнерот ќе му дојде преку глава да биде цело време на последно место. Ама ете и/му ги важно другарите ќе ја/го тешат после разводот. Исто е и со врска, само што нема едно парче хартија и потпис. Ама кога сте во врска сигурно планирате некаква иднина со партнерот, без разлика колку ќе трае врската. Затоа е важно да ја почитувате личноста со која сте заедно. Да не ја ставате на последно место. Да не се однесувате како да сте сингл. Со пријателите ќе се дружите кога имате време, кога нема да трпи вашата врска. За мене не е нормално некој со другарите да се гледа секој ден, а со дечкото/девојката кога ќе најде вишок време, еднаш-два пати неделно, еднаш на две недели... Па врска ли е, што ли е. За сè треба рамнотежа да има. Единствената грешка на @Darlingzz е што не и кажала на време на другарката.
Јас па кога планирам нешто со другарка, му кажувам на дечко ми чисто да знае за да не планира ништо со мене тој ден. Затоа мислам и ти си требала на време да му кажеш на дечко ти да не планира ништо за вас заедно. Јас на место на другарка ти, мислам би ти простила. Ама и ти не треба да чекаш и да мисли девојчето дека си ја заборавила скрос. Јави ѝ се, пиши ѝ, одма договорете друга средба.
Сите се фатиле за тоа што сум го пишала пред неколку месеци дека не сум сигурна дали го сакам. Точно, долго бев сама, имав заборавено како е да си во врска и бев збунета на почетокот, а и он малце форсираше, но тоа не е битно сега. Јас се осигурав дека го сакам и дека сакам животот да го поминам со него и во право си дека запознавањето со фамилија воопшто не е шала. Јас ги помешав работите со термините и со идењето, но он убаво ме праша дали да договара со неговите и јас реков да. Како после да го откажам тоа кога јас бев главна "ѕвезда" за собиранката? Како ќе го сфатеа тоа неговите дека јас сум оставила се за да одам со другарка некаде надвор од државата? Како ке му беше него кога ке требаше се тоа да го објасни? Мене така да ми направи дечко моите ќе речат овој е несериозен, се му е поважно од тебе. Дечкото има најсериозни намери со мене и набрзо планираме и да превземеме поголем чекор. Кога му кажав за ситуацијата со другарка ми он сам ми рече, оди , не ја зафркнувај, има денови, но јас сепак одлучив да останам со него.. И да спомнам за коментарите за годините.. 24 години мислам дека се доволни за да се почне да се размислува за иднината, не сум престарена секако, но не сум ни тинејџерка за паметот да ми биде само во излагања и забава. Ако гледаме така на мои години и деца имаат..
Охооо колку примери имам од другари, нема везе полот тука све е до карактерот на човекот. Се договарате да искочите и океј брат важи и после пола саат се јавува и откажува со некои булшит изговори и оппп, вечерта тагнат со женската некаде
@Darlingzz Баланс. За се' во животот е потребен баланс. Дали другарката треба секогаш да ја ставаш на прво место? Не. Дали дечкото треба секогаш да го ставаш на прво место? Повторно не. Ќе дадеш предност некогаш на дечко ти, некогаш на другарка ти ако сакаш да ги задржиш покрај себе и него и неа. Само затоа што си во врска не значи дека треба да престанеш да другаруваш, затоа што тие мигови се оние на кои ќе се присеќавате кога ќе подостарете. Погоре праша што ќе ти е да излегуваш и да лудуваш по дискотеки со другарка ти. За убави спомени. Секако ако сакаш да ги имаш. Без разлика дали си во врска или во брак утре, треба на ист начин да се однесуваш со другарка ти а не да ја лажеш и запоставуваш во интерес на дечкото/сопругот. Во спротивно ако утре раскинеш не барај пријателство, затоа што никој не заслужил да биде игнориран само затоа што во твојот живот се појавила нова најзначајна личност. Сум била во слична ситуација како другарка ти. Другарки на кои цел живот им е дечкото, па јас сум идела на таму некое пеесетто место (после дечкото, фамилијата негова, баби, прабаби, тетки, вујни и стрини). И кога сме излегувале и во тие неколку часа барем 4-5 пати морале да се слушнат со љубениот, а јас во тоа време си блеам во празно ко теле. Еве сега другарката раскина. Знаеш кого бара за излегување сега? Мене. Давам шанси, затоа што човечки е да се погреши, но ако повторно и' се случи ова и во иднина пријателството тука ќе заврши. Не е убаво, навистина. Пиши и' порака, замоли ја кога ќе се врати ако може да одвои време за да се видите. Тогаш, во лице убаво ќе и' се извиниш. Немој преку порака, туку лично за да знае дека навистина ти е жал. И другпат не чекај до последен момент.
Јас па имам другарка што скоро секој пат кога ќе се договориме да се видиме, ми откажува. Еднаш е болна, еднаш мора да оди со нејзините некаде, еднаш нешто трето. Порано бевме многу блиски, во средно многу често излегувавме. Ај од една страна разбирам, има малку строги родители, ама секој пат да ѝ излегува нешто у 5 до 12 не ми е логично. И ова последно време почесто се случува. Ради ова и почнавме да се оддалечуваме, помалку да се слушаме итн. Еден период кога ми откажуваше ден за ден и не се видовме и чувме некое време, нејзино прашање беше дали заради либе сум ја игнорирала. А она нема дечко. Од една страна неќам да мислам дека намерно ме лаже толку често, ама од друга не можам да не се посомневам.
Така е, баланс. Постојано се трудам на сите да им угодам и да бидам секаде, но сега еве МОРАВ да бирам. Немав друго решение. И кога ги читам коментариве и размислувам јас СЕКОГАШ сум била до нејзе кога сум и била потребна, се имам направено за нејзе дури и кога не заслужувала и она тоа го знае. Ке се видиме кога ќе се врати, ке и објаснам се и ке и се извинам, другото е на нејзе. Ако фрли во вода се што имаме поминато за една моја грешка, ке се помирам со тоа.
За болдираното морам да те поправам, поточно да ти дадам една критика најдобронамерна. Не треба да ги одмеруваш нештата кои ти си ги направила за неа и дали таа ги заслужила или не, во спротивно тоа не е другарство. Некогаш таа ќе направи повеќе за тебе, некогаш повеќе ти за неа. И не заборавај да ги забележуваш и да ги паметиш нештата кои таа ги има сторено за тебе.
Во право си само сакав да кажам дека МИСЛАМ дека не треба поради една работа, грешка, да се стави крај на нешто што постои со години. Не се изразив правилно, друго сакав да кажам.
Многу мразам кога другарка на прво место го става партнерот а се имаме предвреме договорено што да правиме и да ме извиси во 5 до 12 часот. Во ред е да излезеш со него, ама извести ме порано за да направам друг план или да не трошам залудно време чекајќи некој да ми каже што следно. Никогаш, ама баш никогаш не сум запоставувала другарка поради дечко бидејќи секогаш сум гледала да балансирам и да поминувам време и со едните и со другите. Јас искрено, неколку пати сум простувала откачувања, сум давала шанси за да опстане пријателството, но еднаш ми прекипа кога во прашање беше роденден кај една личност па ме извиси другарката затоа што во последен момент закажала кафе средба со дечко и. Јас ја чекам таа на друго место заминала. Тогаш не дадов шанса за следен разговор. Никој не е должен да трпи такво однесување, посебно па откачување во последен момент. @Darlingzz додека пишуваш овде, контактирај ја пријателката и објасни и. Нејзино е што ќе направи следно.
Сите ја напнавте.. @Darlingzz ако мислиш дека ви вреди пријателството побарај ја и решете го ова. Ама читам и таа исто правела па ти си и простувала, значи и таа би требало сега треба да ти прости. Не знам колку ви е длабоко и вистинско пријателството ама другарка пред дечко (дечко со кој планирам сериозна врска и иднина) би одбрала само ако ми е вистинска и знам дека секогаш би била покрај мене а и јас до неа. За жал и кај мене повеќето ги снема кога фатија дечковци и од тогаш главните планови ми се со партнерот и нормално дека тој ќе е на прво место кога знам дека јас нив нема да им сум ако тие би требало да бираат помеѓу мене и партнерот нивни. Исто, колку што разбрав не сте се договарале само вие две туку цело друштво, така да таа сеуште си има план каде да оди, ти си таа која се тргнала и им откажала. Единствена грешка е што требаше порано да се одлучиш што ќе правиш и да ги известиш. Ако вреди вашето пријателство, пак ќе речам побарај ја, би требало да го решите проблемот.
Јас никогаш не давам втора шанса, и одма кажувам крај е, блокирам и чао. Пред некое време таа што ми беше најдобра другарка ме изгуби мене, не се скаравме за нешто сериозно и толку големо, ама јас не дозволувам некој да ми се понаша мене како сака. Бевме договорени да ми ја фарба косата пред една недела, денот кога требаше да ме фарба ми откажа бидејќи ќе одела со мајка и некаде, и реков океј ајде утре, ми рече утре обавезно, и утре дента пак ме откачи дека ќе одела капут да си купува, и реков ок, потоа ме викаше мене да одам со нејзе ама ја откачив и јас нејзе и одма ја блокирав секаде, од тогаш се веќе поминати 4 месеци и се немаме ни видено ни слушнато, и не ни сакам, а ако проба да ми се извини и да сака пак да живееме, тоа нема да се случи.
Она стварно многу пати ме има зафркнато за други другарки што сама зборела дека не и се вистински и ја користеле само. Значи милион пати и кога ке се скарала со нив пак мене ми се жалела и после пак со нив. Јас никогаш збор не сум и кажала и не сум и се налутила. Затоа мислам дека треба да ми го прости ова затоа што бев во непријатна ситуација инаку никогаш не би го направила тоа. А сум 100% сигурна она да беше во мојава ситуација без размислување ке си отидеше со дечко и. А од самиот почеток патувањето не беше сигурно. Идеме, не идеме. Има место во автобус па нема место. Во меѓувреме договорив со дечко ми и она после тоа ми кажа сигурно дека ке се иде. Не и кажав одма затоа што сакав да размислам што е правилно, она примети дека се мислам и почна ладно да се понаша со мене деновите пред идење. Дури во еден момент бев одлучна со нејзе да одам и и пишав кое време се поаѓа, што , како, она ми се испонаша и толку беше..
Ех,да се каеше вака и мојата "најверна другарка" за милионите пати што ме имаше вака преебано и тоа без еден збор туку се нешто у 5 до 12 им излегло,се они не знаат каде да одат и после магично ќе се чекираат некаде.... собрани цело друштво а на мене никогаш не и текнува онака да го потроши зборот и да ме викне.... искрено ме фаќаа бедови порано,ама сеа апсолутно ми е сеедно,она изгуби јас не.