@Darlingzz Значи си била договорена до другарките и ако те викнала фамилијата на дечко ти без разлика тоа што ќе си била "главна звезда" таму си можела уште на почеток да си кажеш дека си зафатена. А не да се договараш со другарки и после да бидеш пијанчење клубови ова она не ти било интересно, епа зошто тогаш се договараш? Не е работава на прво место ми е дечко ми него ќе го одберам ,не треба никој да одбираш туку треба да имаш почит и да си стоиш на зборот. Јас имав таква "другарка" што кога ќе фатеше дечко забораваме на сите ама затоа кога ќе раскинеше одма до сите се дружи секој ден ме вика да се глеаме ,јас глупава бев многу пати и простив ама веќе дојде крајот не ми требаат фејк пријатели а со неа се дружев од прво одделение. Воопшто не ми е криво што прекинав само ми е криво што уште порано не сум прекинала. Затоа сега имам само една другарка . И не бирам помеѓу неа и дечко ми ,кога сум си договорена до неа со неа кога со дечко ми со дечко ми и не ги заменува во последен момент затоа што сум сериозна личност и имам респект и го ценам туѓото време и си стојам на зборот.
Епа не и секое другарство вреди да се спасува. Испаѓа дека и двете грешите, намерно или не тоа вие најмногу си знаете. Другарки вистински ќе најдат заеднички јазик и ќе го решат проблемот и ќе се трудат да не се повтори. Не е во ред двете така да си правите. Затоа не само да ја побараш мој совет е и целосно искрено да разговарате. Што мисли таа, што мислиш ти. Дали пријателството еднакво ви значи и на двете.
@Darlingzz во ред е да избериш дечко пред другарка, исто како што е во ред да избериш другарка пред дечко. Ти единствено си згрешила што не си и кажала навреме дека ќе одиш со дечко ти. Самата кажа дека не ви бил сигурен планот за патување, а собиранката што ја организирал дечко ти била сигурна. Најубаво е да ја побараш и да и се извиниш. Сепак секогаш си била тука за неа, не би требало да не ти прости за една грешка ако ти е вистинска другарка. Јас би ти простила, никоја врска и пријателство не се совршени секогаш. Нема ништо лошо во тоа да сакаш да си повеќе сериозна во животот и посериозно да си ја планираш иднината со него, да ги запознаваш неговите роднини. Не ми е јасно зошто ја нападнавте толку девојката. И од каде тоа дека дечкото бил привремен а другарките за цел живот? Ќе се изненадите колку тоа не е така понекогаш. Мене лично приоритет ми е дм пред друштвото, ама тој многу повеќе сторил за мене отколку друштвото што толку ме има повредено, оговарано, извисено. Тој ме има тешено кога сум тажела по нив. По која логика да ги бирам нив пред него? Кај секого е тоа различно, а ако се работи за вистинска другарка и дечко ќе гледам еднакво да го распределувам времето. А инаку, кога ни беше свежа врската со дм, времето го делев, прво на пример два саати бев со друштвото а следните два одев со дм и замислете тие пак ми се лутеа (тука да спомнам дека јас последна во друштво си фатив дечко, тие пред тоа секоја прилика ја користеа да одат со дечковците и јас си заминував дома бидејќи немав).
А дечкото да те откачи за другарите? Што мислите за тоа? Имаше клади да се палат сега на таков муабет. Единствено што имам забелешка, е што знаела некое време, пред да ја извести другарка и'.
Првиот болд - За каква сериозност се зборува овде, за примордијална, биолошка? Какви приоритети се тоа да се ,,воозбили", и според чиј критериум, нејзини или општествени? Сериозноста ја изнедначувате на брачна заедница и деца со 25 години бе ало! Патријархатот наместо да ви одврзе раце, и даде креативен одлив за уметничко вајање на платното, милион километри за номадско шетање пеш, тетовирање, лумпување, кршење на сексуалните норми и бунт, ве благослови да бидете домаќинки со железни лица и субмисивен непокор пред неговото височевство - иден маж. Тоа е така затоа што бирате друштва кои се исти како вас. Сите наведени карактеристики штом сте ги препознале кај другите значи ги имате и вие самите. По која логика да ги бираш нив пред него? Па, на пример по логиката дека си требала да најдеш по компатибилно друштво in the first place?! За почеток доволно достојно за да не те озборува. Aх, да. Многу добро сте познати вие таквите кои додека седите на кафе муабет, луѓето околу вас имаат чувство дека седите на игли. Тие два часа се темпирана бомба која штом ја наврши својата последна минута експлодира! Така и вие, не можете да дочекате да дојде време за да станете и заминете во прегратките на вашиот иден маШ. Пошто сте озбилни, ни случајно затоа што сте покорни, кутри и без визија. Али океј, whatever rocks your boat. Тешете се дека е вака океј. Легендата вели дека лага која десет пати ќе ја повториш на крај станува вистина.
Чекајте малку, ни јас лично не сум за „уозбилување“ и зближување со семејство на партнер уште во врска и на помлади години, па дури ставање нивни фамилијарни собиранки пред пријателства. Ама членката ете убаво се согласува и си поминала со нив, а и плус многумина го прескокнувате пишаното дека и другарка ѝ доста пати претходно ја има извисено и зафркнато. Тука таа покажа дека не ѝ е сеедно, мисли на другарката и ситуацијава - што не е својствено за луѓе што типично откачуваат другар(к)и поради врска, и не заслужува толку осуда. Според мене, предност во вакви ситуации секогаш има личноста со кој/а прво си се договорил/а, без разлика во која улога е. Ако сепак тоа што ќе искрсне ти изгледа поважно, веднаш искрено да се каже на таа личност - as simple as that. Се согласувам дека тоа што криела е најголемата грешка и тоа е тоа. @Darlingzz, не чекај, пиши ѝ што побрзо на мсн/вибер и извини ѝ се, па пиши апдејт. Со среќа
Ако се договориле дека одат и она само не се појавила е едно, а ако само збореле да одат е друго... тогаш советите ќе беа да го откачи пошо сигурно коа ја откачува ради другарите одат по женски... Дека не ја цени и бла бла муабети...
Ако ти значи и не сакаш да ја изгубиш како другарка ќе се извиниш и друг пат во последен момент нема да извисуваш.
Ситуацијава ја направивте ко девојкава робинка да му е на дечкото па крајно се понижила што го избрала него. Кој е он да го бира она него.
Субјективно е, ама дали било што од овие постови што се напишани ,,против" Дарлингз се нереални иако се толкувани според лични искуства? Дали тоа го прави помалку валидно моето ,,патријархатот е виновен за вашите шаблони" на @buba4e89 принципите за добро етаблирани пријателски односи над сѐ останато? Или на @lovestoneddd постот каде вели дека, цитирам Пристрасни и нереални ли се ваквите образложенија? Погоре рече што доколку била обратна ситуацијата, тој да ја откачел за другари. Од мене одговорот ќе беше идентичен.
Не реков дека се нереални.. А пристрасни се. И јас сум била извисена... можно е и некоја да се чувствува извисено од мене. Да ме прашаше пред 20 години... се лутев ... Ама сега не се лутам...
Ако си ја оставила на цедило, тогаш не знам, рибо, мисли си за сторените гревови пред 20 години. Спојлер Ова "рибо" пошто тоа си у хороскоп, те читнав пред некој ден у темата. Апсолутно треба да се лутите за вакви работи. По вакви настани дознавате како сте рангирани во ничиј живот. Патем драги луѓе, вистинската љубов не е само онаа кон партнерот. Вистинската љубов е сестрана и универзална. Општеството нѐ научи да гледаме низ црно бела призма и да мислиме дека партнерската љубов е највисоката контемплациска алка, иако во суштина не е и не треба да биде.
Бијач! Не памтам дека сум извисила некоја! Ама па.. меморијата не е како снимање со камера... нАли? На крајот од денот.. Тие кои навистина сакаат да бидат другарки.. ќе си ги простат сите гревови, и ќе се дружат и по 20-30-50 години.. Од 40849890 другарки... Имам 2 кои се подолго од 3 децении во мојот живот... А и доста се.. Колку луѓе треба да ти се пријатели?
Јас за дечко другарка немам извисено. Ниту еднаш, секогаш гледам да најдам време за сите. "Другаркава" не ме извиси за дечко друга причина е во прашање, него муабетот нејзин кон мене и беше катастрофален. Како воопшто да не и е грижа, како сите други да и се побитни. Бевме договорени, ме извиси и навреди. Дали ми се има јавено,пишано - не. И подобро ич да не ми се јавува. Се ќе беше добро ако пратеше една порака, а вака ми докажа дека ниту го цени моето време, ниту мене ниту моите чувства. Што е до мене - не опростувам. Ако имало еднаш ќе има втор пат. Под другарство подразбирам лојалност, доверба, почитување. Ако го нема ова - е*и ветер тогаш. Кога ќе расчистам со некоја другарка не озборувам иако обратно сум знаела да слушнам некој глуп муабет од другата страна. Едноставно си продолжувам со животот.