Нема да се објаснувам за проблемите со кои се соочував/м со друштвото бидејќи е долга приказна и не е тоа темата. Ама и би очекувала некој што не ме знае да ми речи дека сум иста како нив. Знам добро каква сум. И да, ако не ви се случило вас да ве повредат луѓе што сте мислеле дека секогаш ќе бидат тука за вас, не значи дека не му се случува на никој. Луѓето вешто си го кријаат вистинското лице и добро знаат да те прелажат. Може да му се случи на секој. Друго, каков патријархат?! Јас сум една од првите што ќе се побунат против тоа, а не да го поддржувам истото. Феминист сум, за сериозноста муабетот ми беше дека на девојката не и се прават журки до рано наутро повеќе (така таа спомна и не е ништо лошо тоа) а не дека треба да му слугува на маж (онака како што им викате на сите кои си го сакаат партнерот). Да, на почетокот така го делев времето еднаш со друштвото еднаш со дм. Некогаш па цел ден со нив, па цел ден со него. Не сфаќам што лошо правев? Тие почнаа да ми велат "ко ќе раскиниш ќе не бараш" како да го посакуваат тоа. И да, тоа беа провокации, не дека им беше многу грижа дали ќе дојдам со нив тој ден или не. Покорни, кутри и без визија? Свесна си дека навреда ти е ова? Не ми е мене дечко ми центар на универзумот, имам и други интереси кои ги негувам кога не сум со него. И тој исто. Да, го сакам најмногу и ме сака и супер ни е заедно, но ни тој ни јас не сме кутри и без визија кога не сме заедно.
Не знам колку, ама знам дека тебе те сакам за пријателка во животот. Ме боли кур што сме скоро 20 години разлика. Ти текнува како викаше Весна Бејби на Тошо у к-15 скечот? ,,Тебе бе маче, тебе сакам да те држам за рука, ти си правиот човек за мене". Е, така и јас. Спојлер И официјално си единствената риба у хороскоп што ја сакам во животов. Сите други ме изневерија.
@Darlingzz Кога се сака-се наоѓа начин, а кога не се сака-се наоѓа изговор, не за џабе ова го рекол некој Те разбирам дека ете сакаш да ја запознаеш потесната фамилија на дечко ти и дека може планирате заедничка иднина, ама тоа не го менува фактот што претходно си го знаела тоа и пак си молчела пред другаркати, многу побезболно ќе беше се веднаш да и кажеше дека имаш други планови и да не смета залудно на тебе. И пиши и, побарај ја, без разлика и таа што ти правела вака во минатото, ко што кажуваш, сепак и должиш извинување и објаснување, ако сака да те сфати океј, ако не секој по свој пат. Ама мислам дека без разлика дали сте во брак или врска, време има и за пријателите и за партнерите, само зависи што му е приоритет некому И јас сум сингл, единствена од цело друштво, и криво ми е што другарките ме бараат само кога дечковците им се на работа или излезени со другари, ама пак замижувам упорно на тоа, дали од наивност, дали од глупавост, не знам...многу години дружење се во прашање и не сакам се да замине по вода, иако заслужуваат да ги исчистам од мојот живот, и не само јас, ами општо, многу се нервирам на ваквата тема, оти како да е многу тешко да се држи баланс меѓу врската и пријателството, никој не ви бара да другарувате 24\7, ама па не мора ни исто толку време да им посветувате само на партнерите де. И јас сум имала дечковци, ама дека глупичка малку што знам, ќе се брзав да се видам со другарките или со роднините, или едноставно и други работи ќе правев, а не по цел ден да сум со дечко само И не, не сум љубоморна, ни исфрустрирана дека сум сама
Сори Одорке ама малце претера овојпат со наративот за патријархатот, напаѓаш и доста озбилно вреѓаш фино девојче со отворен ум, сојузник, истомисленик ама со поблаги ставови. Ги направивте друштвата како да се безгрешни и свети околини, а само врските за преиспитување. Има и токсични друштва и пријателски односи (кои со тек на време - а не од почеток - се претвораат во такви поради различни причини, па одредени членови во истите остануваат повредени), исто како и врски. Второ, не е буквално сè во животот поврзано со родовите улоги, туку и со природата на луѓето. Што ќе кажевте ако момче запоставува другари за фудбал и пиво дружби поради девојката, кој кого тука му се покорува? И трето, разбирам дека домаќинска улога на жената и слугување, дури и самата да го претставува тоа како нејзин избор, е под знак прашалник поради општеството - ама па строго тешки авантуристки ли морат да бидат сите, како што си опишала во првиот дел? И ова е ограничување на изборот на девојките... Морав да те искритикувам, не е во ред ова, внимавајте малку каде и како удирате...
Општ муабет. Се спомна патријархат. И тоа како има врска. Женско дете од мало се индокринира дека од голема важност е да има дечко или маж, дека вистинска вредност има само кога има некој покрај себе. Важно е момакот да биде задоволен, намирен, неговите потреби и желби да бидат исполнети а нејзините...Во некоја друга приказна. Па после ќе се чудиме како некои девојки дозволуваат „клецкања на суво“. Епа ќе дозволуваат, зошто учени се дека така треба. Неговите желби на прво место. Колку примери знаете каде девојката ги шутнала своите другарки за да му биде постојано достапна на момакот, а колку обратни ситуации? Да, и јас знам примери каде момакот по паметот на девојката си го зезнал животот ама знам многу повеќе примери каде девојката во моментот кога фатила дечко не била уште еднаш видена. Машките се паметни, си ги почитуваат пријателствата. Кога другар на другар ќе му каже дека му ја видел цурата како се плетка со друг момак, овој ќе му поверува. Другарка кога на другарка ќе и каже дека и го видела момакот со друга цура? Ќе ја окриви дека е љубоморна и дека сака да и ја расипе врската. И знаете што е најтажно? Повеќето момци не бараат од своите девојки да си ги шутнат другарките, ние тоа самоиницијативно го правиме. Во секое време сме на стренд-бај за него, можеби ќе сака да се видиме, на страна што којзнае што тој може да си помисли ако сме излезени со сингл другарките. Подобро да не се комплицира ситуацијата, а другарките секако ќе разберат кога и они ќе фатат дечко. Тогаш може и во парови ќе излегуваме. Длабоко е всадено во нас тоа дека, ултимативно, поважно е да имаш дечко до себе место другарки, па макар него го знаеш три месеци а другарките триесет години. За добар дел од женската популација, другарството едноставно нема вредност како имањето дечко до себе.
Јас во случајот на @Darlingzz нигде не прочитав дека дечкото ја натерал да дојде со него, дека ѝ се заканил или не знам ти што. Вината е до неа зашто не кажала на време. Не знам што умешавте покорување, патријарх и ред други работи.
заради тоа што моделот е брачна (или било каква задница) со романтичен партнер. Планираш живот да поминеш со таа личност за која имаш романтични чувства, не со другарките. А и другарите се оддалечуваат со време.. Не да се изгубат скроз, ама многу често, се изретчуваат дружењата, поради обврски во секојдневието. Не навлегувам во тоа дали е добро или лошо ваков модел да постои, само констатирам.
Штo е битнa причинaтa зoштo oткaжaлa? Акo е зa лутење некa се нaлути aкo не и кaжaлa нa време и и' уништилa плaнoви. А дaли ќе oди некaде сo дечкoтo и негoвите рoдители или и пoчнувa oмиленa серијa и решилa дa јa гледa, или пaк мрзa јa фaтилo вo пoследен мoмент...нејзинa рaбoтa. Тaкoв oднoс пa стрaв дa имaш дa oткaжеш плaнoви зa дa немa лутење или стaвaње крaј нa пријaтелствo, ич не ви требa. Другa рaбoтa пaк е aкo чувствувaте винa дa зaминете некaде сo другaркa oти сегa дечкo нели пa и вo ве-це сo негo. Утре ќе гo нaвикнете тaкa пa прaшaње е дaли и ќе ве пушти. Претерaн oтчет ни нa другaркa ни нa дечкo.
Ете мене слично ми се има случено, ама обратната ситуација - му откажав на либе за да одам кај другарка. Исто се случи да ги помешам деновите, ама другаркава требаше да оди после негде надвор од Мк, па ајде него му откажав и отидов кај неа. А со него па се немавме одамна видено. Ок, малце ми се налути, ама брзо му помина. Па сега будала ќе го направевте него ако ви речев дека ми раскинал ради таа причина. А другарката ќе беше во ред да ме откачи ако на неа ѝ откажев, така?
Да, тоа е природниот пат на нештата, ама јас не зборував за тоа. Ќе фати дечко, и после едвај месец дена е веќе недостапна за другарките? Зарем до толку ништо не и значат тие девојки кои долго и биле дел од животот. Зошто другарствата не се само одење на кафе и купување облека. Многу често другарките биле покрај нас кога сме поминувале низ семејни трагедии, емотивни порази, здравствени проблеми...Ни биле поддршка, семејство и рамо за плачење и моментот кога машко ќе влезе во животот, ние забораваме дека тие девојчиња воопшто постоеле. Како може да не ми е гајле дали се добро, дали Ивана го положила испитот што толку го учеше, дали таткото на Весна е подобар, дали Ана конечно го преболела бившиот? Еве, мене не ми е јасно како е можно до вчера да си `гз и гаќи со некого а денеска буквално да не ти е галје дали е жив или мртов. Зошто јас за тој вид на „другарки“ зборувам, што преку ноќ ги снемува во моментот кога фатат дечко. Несватливо ми е.
Затоа што буквално сѐ е поврзано со патријархатот и родовите улоги во нашите општества. Толку е длабоко навлечен под секоја општествена пора. Задоени сме со еден куп супралиминални пораки од најрано детство. Преку големината на порциите на машките членови, до реченици како ,,да му дадеш чоколадо зошто е машко и ќе го боли". Потоа, домашните улоги како перење, чистење, готвење ги извршува кој во најголема мера во секое второ семејство на Балканот. До фактот како розевата е женска боја зошто потсетува на цвет, а машката сина - на океан пошто е силен и голем. Како девојчето треба да има повеќе барбики, а момчето колички и кранови. Поентата е дека сите овие ,,вредности" и шаблони доведоа до тоа да денес заборавиме на поимот универзална љубов, и истата да ја замениме преку качување на пиедасталот еротско - партнерската љубов. Затоа не вели дека патријархатот немал уддел при создавање на овие ,,инвалидни аномалии" или дека пласирам радикалност. Далеку од тоа. Да беше така немаше критички да се осврнам и речам дека таквите друштва се нефункционални и треба да се напуштат. Твојата опишана хипотетичка ситуација не е идентична со онаа која ја опиша Дарлингз од неколку едноставни причини. Дарлингз наведе дека другарката го организирала патувањето извесно време претходно, а ја планирала и неа, што значи до самиот крај заеднички го планирале патувањето. Тука е целиот проблем. (Да не праиме муабет колку во ова планирање можеби влегуваат и трошоци од типот - картите кои ги платила, изборот на патно седиште и ред други работи, а требала да ги откаже во последен момент). Дури и да ги нема сите овие ,,финеси" повторно е ствар која е далеку од аплауз и амин. Ова не е исто со твоето ,,момче заспоставува другари за пиво дружби заради девојката". Зошто долгорочно патување и пиво за една вечер се сосем два различни поими. Неизвесноста и извисувањето не се добри особини, ама воопшто. Впрочем, изборот кој го направила во последен момент за да удоволи на дечкото, зошто со дечкото се чувствувала подобро отколку со човекот (другарката) со кого поминала многу поголем дел од животот е благо речено загрижувачки. Сериозно, не ви е? Како? Потоа, следен најсилен аларм е фактот што како знак за зрелост и општествена сериозност/одговорност го толкуваат имањето семејство и брак. Тоа е абнормална споредба и ќе се согласиш дека не може да мине неискритикувано, нели? Апсолутно. Ама проблемот овде е што секоја втора веќе одбира да одговори единствено на потребите на мајчинството и домаќинството, отколку на оние ,,вредности" кои јас ги пишав погоре. Всушност, сѐ помалку има такви луѓе кои одбираат алтернатива, а тие кои одбираат и не можат да се претопат во колективната чума наречена патријархат најчесто ја напуштаат државата. Повторно ќе се надоврзам и кажам - нај одговорно тврдам дека не може амбиција на секоја една млада жена во државава да биде да е домаќинка, иако токму тоа е она што се случува секојдневно во мегаломански размери, и тоа во самиот цут на младоста, најдоцна до триесеттата година од животот. Дури и триесетте се веќе предност за жал, зошто сето ова се случува многу порано. Заеднички, целокупниот препис овде ме наведува на следново прашање и заклучок..што ќе помните утре на шеесет и две (под претпоставка дека ќе стигнете до таму), спиењето кај дечкото дома, љубакањето на секое едно ќоше, пристојноста и кроткоста? Или повремените пијанки, играње билјард до доцни часови, одење на одмор со друштво и имање тамошни авантури? Зошто токму ова се дел од работите кои неминовно треба да се случат во младоста за после да не се соочите со синдромот ,,неиживеаност". Е да, ќе се сетите еден ден на овие ,,моралишања" и зборови на кои превртувате сега очи, и тек тогаш ќе видиме колку родовите и половите улоги заедно во секој еден пост биле излишни и пишување на празно, или поради лична проекција. Тогаш вистински ќе сфатат мнозината зошто требале да изберат да бидат системски бунтовници наместо домаќини на дваесет и пет. Ама касно ќе биде. До тогаш отчукува биолошкиот часовник, тик - так.
Хахаха убаво ме насмеја во ниедно време со мислењево. Ова позитивно, да не се разбереме погрешно . Патријархат, потчинетост, родови, чистење, пиво, кафе, друштво, општество....
Ехее со колку најдобри другарки имам раскрстено.. Со некои уште си одам понекад на кафе, со други ни здраво не кажувам. Ич не се потресувам, живот иде даље.Само да не им збори устата после наоколу што сум им кажувала, е тогаш ќе се изнервирам иначе ич гајле не ми е.