Со другарки кои сум се дружела до средно и малку после то, со една останавме на здраво откако ќенкаше дека јас не сум ја викала нигде, па сега не можи да ме одбие доволно, а при секоја прилика кога ќе дојди се жали дека е осамена. Нејзината другарка, моја бивша другарка, раскрстивме пат зошто ја слушаше првата другарка шо кажа нешто шо не беше така само за да се спаси зошто та беше дел од проблем. Јас ѝ кажав дека грешно ги има сфатено работите, ама не ме слушаше и искрено не се обидов пак зошто ако некој при прва прилика е спремен да не ми верва, дали уствари ми е другар? Овие примери ги пишав како најблиски. Со првата се дружев осум години, со другата пет кога се случи шо се случи, и бевме многу многу блиски. Поентата ми е, некогаш се караме за глупости, некогаш за дечко и секој проблем е уникатен ама ... Ако некој е спремен да не ве сослуша, ако некој само бара рачка да се кара со тебе или со тие околу тебе, реално, колку вистина ви е пријател и колку сакате да се дружите со тој некој? И често другарите кога ќе ги спомнат овие двете ме прашват дали ми е криво зошто се е вака како шо е и одговорот е "не". Воопшто не ми е криво, ќе ми беше криво ако дознаев покасно со кој имам работа. Така да кога некогаш ќе раскрстите пат со другарка, видете дали е проблемот во вас. Ако е, сменете се. Не за некој друг, туку за себе. Ако е проблемот во другата страна, некогаш не вреди да пробате пак. Проценете си добро. :3 Зошто, секогаш има друг пријател, бар сега знам дека сум на "вистинското" место во поглед на пријателство и немаше да бидам тука ако си играв уште топло- ладно со горенаведените.
Јас разбирам да има здрави караници во секое другарство и тоа според мене е во ред. Не сме сите со иста свест и некои порано ги согледува работите, а некои покасно. Но, каква е таа другарка да манипулира со тебе и да не ти е никаква поддршка? Тоа неможам да го разберам. Место добро да ти направи таа те носи кон полошо. Пробува на секаков можен начин да те спушти и да влече надоле. Каква корист ќе има она ако некој пропадне? Место да праша како ти оди волку добро, она е спротивно од тоа.
Да била најдобра немало да се скарам крајно. Сосема се нормални кавги за ситници што се забораваат после 5 мин. Али она безобразно многу да се расправа со мене ќе и речам чао чао само
Последниве две три години на многу пријателства ставив крај , не ми одговараат . Не сум јас должна да трпам секакви срања. Порано бев многу глупа и трпев ама сега све отерувам таму каде што му е местото ,па ако треба и без пријатели ќе останам , најбитно ми е мојот мир и самата јас. Другарка многу ја сакав со неа израснав од мали уште од пред училишна возраст поминувавме доста време заедно и потоа во ист клас бевме се дружевме многу но како што растевме она почна да се лути за се ,секогаш наоѓаше причина да се лути за нешто и да глуми повредена си викав ајде заедно сме пораснале пробав да и прогледувсм низ прсти но ми пукна филмот на крај јас испаднав лошата ама ако нека е . Јас знам дека бев пријателка како што она не заслужи да има а сега може да глуми жртва и да манипулира кои сака но мене не повеќе. Единствено нешто што ми е криво е што не прекинав порано да се дружам со неа. Пријателството е битно но само доколку е вистинско а вистинското пријателство е ретко . Имам една најдобра другарка и ниту сакам да запознавам нови пријатели ниту ми требаат.
Јас можам да кажам дека вистинските другарки се гледаат во тешките моменти. Ако се покрај вас и ви помагаат да ја пребродите лошата ситуација да знаете дека имате добар пријател и пред се добар човек.
Се дружев со една другарка до пред две години. Во се ама баш во се и се имав најдено, и кога била во непријатни ситуации. Но едно време ми стана токсична бидејќи правеше работи кои веќе беа детски и незрели да не ги набројувам. Мене кога ми требаше помош ми помогна,а тоа ми беше прв пат кога побарав помош за банална ситница и тогаш се сеќавам ми направи скандал за тоа. Буквално скандал од ништо,јас не бев дома, почна да врти кај мајка ми,кај татко ми. Почна да и збори на мајка ми сешто и таа качи притисок и тоа беше крај. Тогаш веќе не сакав очи да и видам, ја избришав од живите. Девојчето едноставно беше токсично,негативно. После дознав дека она се јавувала на сите мои бивши им зборела свашта за мене. Изгледа и одговараше да патам. После три месеци јас добив закани по живот од нејзина блиска,ми беше страв да искочам надвор на улица и не можејќи да издржам и се јавив на мајка и на другаркава и се и кажав и од тогаш стивнаа сите работи. Јас во уста не сум ја ставила. Прошлата година кога дојдов овде она разбрала и беснеела,отишла кај бивши ми на работа и таму лупала врати. Направила др профил на инста и почна да лајкнува слики. Јас буквално мртва ладна не реагирам едноставно не ме занима девојчево веќе. Последно човече да е на светов не би се смирила. После тоа она дошла овде со мајка и. Нејсе, денес го работи она што го работам јас,ја сретнал татко ми пред некој ден му се лижела за мене. После почна мене да ми лајкнува слики. Сите знаат дека ја имам избришано од живите и не сакам ништо со неа повеќе. Само таа не разбира,психолошки случај од кој бегаш додека те држат нозе.
Хелпп сакам да се смирам со поранешна бфф не сме се скарале..Ја се одалечив бидејќи сите работи ги правеше у нејзина корист, кога имаше потреба само и се одалечивв..Склучивме контакт пред неколку недели, дека пак ке излеземе и рече ќе се договориме и уште ја нема да пише...Од мали се дружевме и мн ми фали ќе направам се пак да се дружиме..Помагајте што да правам сепак не е голема причина за скаруење можеби стварно не можела тогаш оффф
Јас мислам дека одговорот се крие во твоето прашање: ,,Ја се одалечив бидејќи сите работи ги правеше у нејзина корист, кога имаше потреба"
Да али имавме толку убави моменти...И последен период ја коа и да ми требаше нешто, да одиме некаде она се не можеше..
Те искористувала. Подобро најди си некои нови другарки. Во денешно време тешко се наоѓа ,,другар". На крај, подобро и сама да бидеш, без другарки отколку некој да те искористува за негови лични потреби, како со оваа твоја поранешна другарка. Спомените биле, поминале. Животот оди понатаму.
Убаво си кажа, своите потреби ги ставала пред твоите, што значи ти за нејзе си небитна, а можеби и те избегнувала, ако сакала да продолжите да се дружите сигурно ќе те контактирала.
Најдобро остави ја, знам како е. Другарки од детство, споделувавме сѐ, наеднаш ја снема се оддалечи. Кога доаѓаше во моето место секогаш ме бараше, сега скришум доаѓа само со дечко ѝ да се види. Најмногу боли поради сите години поминати заедно, сите тајни споделени, сите убави спомени, слики. Ама мора напред да се продолжи. Верувај дека никој на светов не вреди да го молиш за најосновни работи како дружење и обрнување внимание. Ќе си најдиш друга другарка или другарки и ќе правиш нови спомени, минатото нека остани во минатото.
@BrokenWings16 не треба да се смируваш со неа зашто таква личност не ти треба во животот. Според она што го кажуваш, таа никогаш не ти била другарка. Само те искористувала. Не велам да ѝ се скараш, туку да не се зближуваш со неа. Само на едно „Здраво“ да бидете е најдобро. Убаво е што си се оддалечила од неа. Не може ти секогаш бидеш до неа, а да ја нема кога тебе ќе ти биде потребна помош.
Самата го имаш пишано одговорот. Не вреди, да бидеш со некој другар, само да не си сама, а притоа она да биде токсична другарка, која ќе те користи. Претходно имав најдобра другарка, што не ми даваше да се дружам со други луѓе, подоцна сфатив колку е токсична. И не би се смирила сега, бидејќи почнав да се ценам повеќе. И чим завршило, нема да е како претходно, ниту комуникацијата, ниту дружбата.
Во средно заедно учевме и буквално правевме сѐ една за друга, никогаш немаше љубомора меѓу нас и сакавме сѐ најдобро една за друга. Се запишавме на различни факултети, мојот беше позахтевен немав време за шетање, додека тас имаше. Не се скаравме едноставно се оддалечивме една од друга, не функциониравме на ист начин, ме викаше за искачање јас немав време и изгубивме контакт. Како поминува време сѐ почесто мислам на неа, ама кога ќе прекинам контакт со некој не го остварувам повторно, па така и сега. А ми фали не дека не. Живот
Haaaa koga mi tekne deka se skarav so mojta bivsa najdobra drugarka zatoa sto ne mi dojde na rodenden bidejki bila na drug i posle 2 nedeli mi dojde so poklon od 250 denari i so recenicata “ izvini zaboraviv da ti kupam poklon “ a jas za nejziniot rodenden pravev rodendenska zabava… ludi tinejderski godini
Ја изгубив најдобрата другарка, ама баш вистинска другарка во секоа смисла на зборот и за тоа сум само јас виновна. Сега, по поминати година дена сфаќам колкаво значење имала во мојот живот. Ми фали и многу сакам да се смириме, ама не знам како. Јас сум виновна што ја изгубив и со тоа направив огромна грешка, која за жал не ја сфатив до пред скоро. Ми треба совет како да постапам, бидејќи навистина многу згрешив... Чувствувам празнина бидејќи никој не ме разбира како што ме разбираше таа.