Зависи како сте завршиле. Ако може со извини да се среди, тогаш искрено да разговараш и да и се извиниш. А, ако си и наштетила на некој начин, тоа е друга работа
@Puellapulchra @Emotional123 Ви благодарам девојки! Немам храброст да и' признаам дека се каам... Не дека сум и згрешила неа, само ја одје*ав од животот бидејќи не сакав да ја прифатам вистината што ми ја кажуваше. А толку години бевме другарки и секогаш можев да и' се отворам за се' и да бидам сфатена. Уфф ќе се обидам некако да се искажам, па во право сте, што можам да изгубам... Веќе ја изгубив, не можам уште еднаш да ја изгубам.
Пиши и порака дали може да ја побараш на телефон Ако прифате договори едно кафе да испиете ,извини и се од срце Да биде ко шо било нема да биде ама барем да немаш јадови на душата
Веќе 3 месеци не зборам со најдобрата другарка, а навистина и не знам што да правам зашто знам дека таа е крива. Едно време мислев ќе се извини и се ќе биде океј, ама ништо не се деси. Последниот пат кога се допишувавме и на seen ме остави. Сега секогаш кога ќе ја видам се правам дека не ја гледам, стварно не знам како да се однесувам ама не сакам да се понижувам кога знам дека сум во право. Совет?
Немаме разговарано Подобро да објаснам, ние бевме 3 другарки и сега таа и зборела лоши работи за мене на другата. Како сум се однесувала, што сум зборела, буквално ме озборувала беспотребно. А пред тоа цело време ме контрираше. Потоа кога дознав јас се, односно другарката кога ми пренесе (зашто и било жал оваа да зборува така за мене дека се дружиме) и се јавила на оваа и и кажала дека знам се и дека сум лута. Е од тогаш е така како што кажав прееска
Си ја има мувата на капата и те одбегнува сега нормално. Со право неќеш да се понижуваш меѓутоа некогаш еден мора да попушти и да ја расчистите ситуацијата( ако сакате да продолжите да се дружите). Твоја одлука е дали ќе и опростиш и преминеш преку тоа што ти зборела зад грб. Како и да е, и да не се смирите продолжи си напред.