1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја изгубив најдобрата другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од buzzle, 10 август 2010.

  1. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    искрено и јас тоа се прашувам. Мило ми е што ме сфати некој, ви благодарам на советите.
    Кога размислувам ’трезно’ (не мислам пијана или не :P ) се прашувам и уште кога бевме ’пријателки’ каде ми е самопочитта што сеуште дозволувам да ме искористува. или сега пошто сакав да и се јавам.
    Секогаш мислев, ај ке се поправи. Навистина ми значеше и ми беше тешко да прекинам, Али ете, една ден ме налути премногу, јас штотуку си дојдов од болница таа ме преокопира со нејзини проблеми и тогаш највеке ме повреди уместо да праша како сум.
    А и знаеше дека имам Висок крвен Притисок мислам дека уште толку користеше да ме нервира, и нормално мене ми леташе притисокот на 18 години до 190 со 160 ;(
    Има моменти и кога се страмам од самата себеси што дозволив да ме искористи толку ..
    ама има и моменти и кога можам лесно да се спзнам надолу и да и пишам смс ... ;( :fubar: истрајав од февруар да не и пишам , ке се обидам да биде и така понатаму :$
     
  2. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    До сега сум имала многу другарки за некои сум мислела дека ми се "најдобри другарки" се му кажував секогаш бев со нив и во добро и во лошо но на крајот кога мене ми требаја ме оставија на цедило и дури и плукаја по мене отогаш како светот да ми пропадна и сватив дека ако на некого му подадеш прст тој ќе ти ја земе цела рака и дека луѓево во последно време живеат само од корист ако имаат корист од тебе добра си ако не ајде чао и некако изгубив верба дека постои вистинско пријателство сега имам другарки но онака се држам на дистанца од кога ми се случи тоа не верувам во никого освен во сестрами и дечко ми
     
  3. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    68
    Долго време читам на оваа тема и еве, се решив да пишам.
    Знам дека таа ќе го прочита моето мислење, но незнам дали нешто ќе се промени во нашите односи, дали на подобро или на полошо, но се надевам на ова второто.

    До пред околу една година, јас и мојата најдобра другарка бевме скарани. Не беше нешто лично, туку бевме во различни друштва. Откога се смиривме, јас и таа станавме најдобри дургарки. И кажував буквално се, а и таа на мене. Имав проблеми со моето друштво во тоа време и таа ми помогна многу во тоа.
    Секој ден бевме заедно, таа кај мене, јас кај неа. Оговаравме, фантазирафме за нашите симпатии и се тоа.
    Но, таа фати дечко.
    И бев многу среќна, тој е мој братучед, но не ни замислував дека нашите одности толку ќе се сменат.
    Сеуште ја сметав за најдобра другарка, пак и кажував се, и таа на мене, но кога и да отидов кај неа таа беше на телефон со нејзиниот дечко. На почетокот не ми пречеше, но потоа јас и она почнавме да се оддалечуваме. Работите што на мене ги кажуваше сега ги кажуваше на дечко и.

    После некое време и јас си фатив дечко (не од инат, туку се случи).
    И навистина бевме многу многу оддалечени. Многу ретко се гледавме надвор од школото, не си кажувавме некои по интимни работи туку само така. Многу пати и кажував дека се оддалечивме, но таа тоа го негираше.

    Еве да не раскажувам многу, ќе дојдам на крајот. Сега ни јас ни она не сме толку зависници од нашите дечковци но сепак сме оддалечени. Мислам дека најдобрите другарки треба СЕ да си кажуваат, и за нивните дечковци, и за домашните работи, се.
    Но, не. Ние веќе не сме така...И навистина многу ми е жал, премногу. Живеам во мало место и таа е едниствената личност на која можам се да кажам, и сакам да и кажувам но кога само јас би зборувала тоа не би било ништо.

    Само сакав да се олеснам, тоа е се...И се надевам дека односите ќе ни се поправат во скоро време, ако не во скоро барем некогаш да се подобрат.
     
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    од искуство ти кажувам ....во животов запознав луѓе кои сум ги знаела само месец два а ми станале подобри другари од тие кои ги знам цел живот
    така да има време ќе сфатиш многу работи
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не вреди да се нервираш, ако ти била таа вистинска другарка ќе ти го прифатеше подарокот и сега сака да те направи да изгледаш лошо пред друштвото. Главата горе предложи и да правите муабет за се и да средите се, ако одбие значи не заслужува другарка како тебе :)
     
  6. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Точно..има само ретки :!: (ама многу ретки) исклучоци!
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Силвер, јас колку што го разбрав постов ти фактички не неколку месеци, ами неколку години си живеела со „тортурите“ на Круела и си ќутела ко некој кип.

    Дури по малку ми е смешен фактот дека си ја отворила всушност темава за да добиеш зелено светло да и честиташ роденден, на истата таа која свесно ја искористувала твојата преданост :^)

    Ало бре, алоооо...мазохист ли си ти? Плата ли ти дава за трчаш ко кутренце по неа? Што е работата?

    Кажи алелуја што конечно јасно и гласно си застанала зад некој твој став, за прв пат во вашето другарување и биди горда што си превземела некаков чекор да имаш свој живот во кој нема да бидеш нечија шаховска фигура.

    Реално девојката не е виновна ама ич, знаеш како викаат...додека има овци, ќе има и волна.

    Туку нејсе, ако веќе бараш совет направи го она што е најисправно за тебе, за твоето достоинство аман...тоа што си далеку од нејзе е најубавиот роденденски подарок што си можела да и го подариш. ;)
     
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Со мојата поранешна најдобра другарка си кажувавме се, се знаевме една за друга буквално, секогаш тука една за друга и за совет за што и да е.. Но, фатив дечко првите месеци беше онака ОКЕЈ да се рече, после некои си 8-9 месеци почна да покажува знаци на љубомора буквално се смени, секое излегување со дечко ми и сметаше секаков контакт неможеше повеќе да ме гледа среќна незнам зашто но тотално се смени, веќе неколку месеци немам ни едно здраво со нејзе.. ама спомените остануваат!
     
  9. Jovanna.I

    Jovanna.I Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    И јас имам такво искуство мојата така наречена најдругарка ми свре грб пред една година бефне не разделни но наеднаш поцна да ме избегава но ни јас многу не обрнуван внимание таа почна да се дрижи со некои од нејзин клас кој порано не сака ни да ја погледнат и одеднаш оп не доаѓа кај мене кога ќе појдам кај нејзе ќе искочи некој друг и ќе ми рече не е дома но пак некогаш ке се видевне но имала некоја прослава за која знаев дека ке се случи и она знаеше дека знам но не ме повика и јас долго време бев лута и ја избегнував и наенаш слушам моабети за мене кои се невистина излезени од нејзе и ја отфрлив од мојот живот,откако наедаш доаѓа кај мене дома и плаче јас ја сожалив и пак ја примив но не како претходно мајками и таткоми ги финасираа нејзините и моите лудости се додека не дојде проблеми кај мене дома и највеќе ми тебаше сомо она знаеше дека моите се раведуваат се траеше еден месец и таа им кажа на сите за мојата ситуација и ми се потсмеваше отогаш сватив дека немам верба во никого и не треба да се нервирам за ништо :) :) :)
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Делумно јас бев крива за тоа, кога приметив дека се менува на полошо наместо да и помогнам јас се тргнав од неа. Не беше нешто лошо, дрога, алкохол или нешто такво (пу пу) туку едноставно се сменија нејзините интереси, ако порано беше онаа која не ја интересираше кој од какво семејство доаѓа и колку е финансиски поткрепен, одеднаш тоа стана најбитно. Кој што носи, каде излегува, колку богат дечко има :x мене тоа не ми беше важно и едноставно не ме интересираа тие работи, јас сум таков карактер кога нешто ми смета веднаш се тргам без чао и објаснување. Така беше и сега, а таа не ни побара мое објаснување. Уште осеќам дека тоне, дека пропаѓа во некоја бездна и дека на тој начин се обидува да се заштити сама себе, најверојатно некој ја повреди, се обидува да им покаже дека не е било која, а всушност никој од нас не е побитен од другиот.
    Понекогаш добивам ужасна желба да ја викнам и да поразговараме, да и кажам дека мене не ми е важно колку пари има нити каде излегува, дека може како порано да ми каже кој ја повреди па јас да одам да му врзам шамар, а она да ѕирка од страна :lol: Секогаш ги слушаше моите совети, иако е постара од мене некој месец за неа јас бев постара сестра. Јас ја советував за животот, а таа мене за дечковци иако секогаш ми биле и се во втор план. Се дружи со одвратно друштво и знам дека не и годи, но тешко е кога човек одеднаш ќе остане сам, а премногу е горд да признае дека е тој сменет, а не другите. Жалам за неа, некогаш ќе и го кажам ова, но сигурна сум дека нема да и значи како порано.
     
  11. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Јас би се ставила во кожата на твојата другарка. Еднаш многу одамна, и јас имав таква најдобра другарка. Бевме како сестри. Спиевме во ист кревет. Секој ден заедно ...

    И тогаш јас фатив дечко. Бев мала и се затрескав во него како последна будала. И повеќе никој не ми беше важен. На него му пречеше нашето другарство, па јас се оттргнав од неа. Наскоро дознав дека и таа фатила дечко. Оттогаш изгубивме секаков контакт.

    4 години подоцна откако јас се скарав со дечкото, ја сретнав. Раскинала и таа. Во истиот момент се си простивме. Решивме да си дадеме нова шанса. Едноставно бевме мали и незнаевме да го цениме тоа што го имаме. Низ годините што поминаа сфативме дека тоа никогаш повеќе нема да можеме да го имаме. Луѓето се едноставно следачи на своите сопствени интереси и тоа е тоа.

    Само што беше кај мене. И натаму си ги кажувавме сите најскриени тајни. Исто како некогаш. Како да не поминало толку време, само со неа успеав да бидам она што бев некогаш. Насмеана, потпивната и неверојатно позитивна. :)
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Buzlle-Пред да ја откачиш,пошто треба да ја откачиш,напрај муабет.Зошто,што ,како?И да чула некои муабети за тебе,требало пример тебе да те праша.Очигледно не знае да цени.Си нашла некоја нова занимација и очигледно се уфилмала до небо.Ама нека.Откачи ја и она нека пати по тебе.Не ти треба такво лицемерие.
    Good luck
    Itgirl-Го прочитав твојот пост каде велиш дека најдобрите другарки треба се да си кажуваат па дури и за домашните работи :^) Тоа никако!Денес доверба во никој.Јес да разговараш за нешто ама никако не до крај.Затоа после боли кога ќе забодат нож во грб :!:
     
  13. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    68

    Се надевам дека и ние ќе се смириме, зошто и не сме баш големи големи, значи сеуште имаме шанси.

    А Ели, тоа за домашните работи сум и кажувала нејзе до сега и никогаш не ме кажала на некој. Не буквално проблемите, туку сме зборувале, тоа не ми се допаѓа кај моите, а тоа кај моите.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Епа ајде и јас да си пишам тука. Останав без другарки , да буквално сега немам ни една другарка |( оние три со кои бев неразделна, сега едвај се слушаме , а не сме се виделе со месеци, две од нив фатија дечковци и мислат готово, не треба контакт со другарки . Но она што ме разочара е мојата најдобра другарка со која се дружам 6 години, неразделни бевме , ми има помогнато во тешки денови како и јас на неа, почна да се менува откако сум јас во врска, малку по малку, потоа тоа престана, пак си беше онаа старата, но се смени тотално последниве месец дена. Последен пат се чувме некаде при крај на јули пред да идам на одмор, се договоривме кога ќе се вратам да се видиме. После неколку дена јас заминав на одмор. Таа ниту ми посака убав помин, ниту ми пиша порака додека бев таму ама баш ништо. Мислам дека до некаде и беше криво тоа што јас отидов а таа не, а знам колку сакаше да оди, ама зар се љубомори на другарка :| Кога се вратив не и пишав ништо, ниту таа на мене, и еве веќе колку време како сум вратена ништо од неа, се однесува детинесто , ми посветува некои топици на фб, не знам што е со неа, понекогаш си помислувам дека е таква затоа што сите околу неа се во врска , а таа не :x Дали да и се јавам јас прва? Да попуштам? Не сакам да заврши нашето другарство , ама не е само ова, и друг пат, ќе и пишувам нема да враќа, па после ќе се правда како имала гости, како чистела по дома и немала време |(
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Имав и јас сличен проблем ко твојов пред неколку години.Девојчето буквално се смени,не беше таа што ја познавав,што се вика уште кревет немаме делено.Еднаш ми пукна филмот и решив повеке да не ја молам и се дистанцирав комплетно од нејзе.Кога увиде дека не ја барам еве ја на мојата врата и почна да ме прашува зошто сум ваква.Тогаш дојдоа моите 5 минути и буквално се и кажав во фаца и и ја треснав вратата пред нос |(
    А исто и сега една комшивка која ми беше како сестра од кога си фати дечко не заборави сите.И еднаш и спомнав за тоа:А ма Ивана(имињата се измислени)од кога тргна со Кристијан те нема и на 5 минути да поминеш.Абе ај да го е.ам.не се налути зошто знаеше дека ја зборувам вистината.
    Со ова сакам да ти кажам дека треба да си кажеш што имаш,и не да молчиш.Кажи како стојат работите,па ако е вистинска другарка ке те сфати. :)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    ^ Anastaijaki,ти веќе си го направила првиот чекор.сега нека размисли малку она.Ако ти е вистинска другарка,ама се ми се чини дека не.Ја издале зависта и љубомората.и ја с сум губела другарки ради ова,и верувај спас нема.Колку и да се труделе да одглумат дека се е во ред,сепак зависта била посилна кај нив и неможеле да ја совладаат и така си реков-како вие со мене така и јас со вас.
    Верувај дека љубомората не бира најдобра другарка или не.Се јавува и меѓу брат ,сестра,така да нека не те чуди.Искрено,после ова си ја видела каква е,и дали веруваш дека пак би биле најдобри,неразделни?Јас велам не.Зошто и пак да продолжите со дружбата,ти веќе си ја видела каква е,и незнам дали ТИ самата ќе ја гледаш со исти очи.Знам дека ти е криво,те сфаќам -ми било и мене,но подобро некој да сфатиш каков е ,него да ти прави лице,пример да ти поскаува убав одмор-а тоа да не го мисли.
    Не мора да се караш,само пиши и онака-кај си ,ме заборави....Но,оти ти веќе си ја побарала а таа не ти враќала,се е јасно.
    Уживај со дечко ти и не се нервирај!
    Се надевам таа ќе се нервира што дозволила љубомората да раскине 6годишно пријателство :|
    Верувај дека ти направила услуга ,зошто не ти треба дволичност.
     
    На karmenka, anastasijaki и Pelikuna им се допаѓа ова.
  17. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19

    ти благодарам на поддршката и разбирањето тоа е вистина и е така повеќе нема да жалам за нешто што поминало а и не треба ни да се врати :)
     
  18. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    дефинитивно си во право и ти благодарам на поддршката и разбирањето но изгледа чекав долго време да помине за да сфатам дека е така и само си се обвинував себеси,а сите други другарки и пријатели и роднини дури ми викаа дека јас во животот не останувам сама никогас околу мене да погледнам само колку добри пријатели имам и така е сега сум само со луѓе кои што знам дека им е супер во мое друштво а исто и мене во нивно!
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Епа такви се луѓето т.е такви сме сите ние некои помалку искористуваат некои повеќе . Но во ова денешно време се се одвива така што сите гледаат да те искористат што не било порано така, во времето на нашите мајки и татковци тогаш повеќе се дружеле и се било поинаку во буквална смисла на зборот . Јас имав таква другарка и дури после 6 години сфатив дека била таква иако сите ми збореле за неа дека не е ок и се што правела всушност било ќути си дупи си , кога ми било тешко не била тука , никогаш не знаела прва да каже извини ,фала всушност дури сега сфатив дека не ни ми била другарка воопшто и баш не жалам ама ич за тоа што не се дружиме повеќе тоа е тоа животот оди понатаму ;)
     
  20. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    магистрирам на оваа тема, а кариерата не ми датира одамна ;)
    само мој совет е да разговарте едноставно твојата другарка не би направила нешто такво од чиста мира, можеби слушнала нешто, некој и кажал нешто ти ненамерно без да знаеш си направила некој гест што ја повредил, а доколку нејзиниот одговор се сведе на "не сакам повеќе да се дружиме'' едноставно пушти ја, можеби некогаш ќе свати дека изгубила искрен пријател и ќе се кае, а ако тоа не е така тогаш не ти треба :)
    јас сум благодарна што имам толку прекрасни пиленца околу мене кои што ги сакам најмногу на цел свет :inlove: и се надевам дека нашите пријателства уште од деца ќе останат и понатаму