1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја изгубив најдобрата другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од buzzle, 10 август 2010.

  1. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    јас не ја изгубив најдобрата другарка ама во последно време ептен се одалечивме ги нема тие ритуали пиење кафиња.одење на шопинг прошетките низ градот и секако долгите разговори за сите среќи и несреќи кои не следеа.
    на почетокот на летото раскина со дечкото иако оди на работа секогаш беше слободна за се имаше повеќе време јас секаде ја зимав со мене за да не биде сама иако имам долга врска гледав и она да биде задоволна.
    пред некоја недела се смирија мило ми е за неа и него бидејки и тој ми е другар и еве ја нема време не сме се виделе не знам од кога тотално заборави на се дали еднашка се имаме видено на кратко и тоа е.
    нон стоп ја викам на кафе не доаѓа била зафатена па одлага за други денови стварно не знам што да мислам веке.
    не сакам да се дистанцирам од неа ама кога веке прави така ке морам не сакам никој да ме прави будала знам колку вредам и колку сум била тука за неа кога и е било потребно и не само за неа за сите ама никој не знае да го цени тоа.
    затоа сега сум си јас на прво место па потоа другиот и тоа само кога јас ке имам време и нерви можеби е малку сурово од моја страна ама тоа е реалноста не ја гледам повеке со розови очила.
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Да ве прашам за совет.
    Мојата најдобра другарка е многу себична ама баш за се`! :^)

    Дома секогаш јади ручек, вечера, кога има торта (десерт нешто...) обавезно доаѓа, а дома и` само едно сокче и наполитанки. (а повеќе имаат од нас). |(
    За било какви празници, себапи, јас и` носам нешто,а таа ми доаѓа со минимално.
    На кафе од платата никогаш не чести, а јас стално купувам нешто благо и кафенце пиеме надвор.

    Но, најбитното - себична е за другарски работи. Пр. Ако јас имам потреба да излезам, пазарам, шетам, никогаш не доаѓа ако нема интерес или ако не и` се сака. Не крева ни на телефон, се прави на 3ипол!
    А, кога се работи за неа, одма ме бара, а јас никогаш не сум ја одбила.
    И поприлично ми е љубоморна на се`!

    Ми ја користи добрината!

    Само не велете ми да сум `полоша`, зошто не сакам. Јас сакам да сум права другарка!

    Пс. Сум и` дала до знаење за `нејзиново`, ама џабе, пак по старо си тера....

    Не сакам да ја изгубам, ама не сакам ни нервиве да ги изгубам поради неа. :worried:
     
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742

    Мила знам како ти е.. До некаде барем.. Коа ќе си го прочиташ повторно ова што си го напишала ќе сфатиш дека таа воопшто и не ти е другарка (барем според мене).. Понекогаш сите сме љубоморни на нешто, некогаш имаме да се почестиме, некогаш немаме, и не е се битни подароците и честењата како што напомена, битно е што таа не ти пружа поддршка или не го поминува времето со тебе ако нема некоја корист. Тоа е многу лошо од нејзина страна, додека од друга страна ти не можеш да го сториш истото затоа што немаш срце. Исто како тебе и мене ми е тешко некој да одбијам, да кажам не, но затоа после ние страдаме. Нивна грешка е што мислат дека можат кога сакаат и како сакаат да се однесуваат. Пробај смени го малку ставот и види како ќе се одвиваат понатаму работите.. Среќно ! :*
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    и мене ми се случи истото и мојата друарка беше себична во врска со излегувањето ...се случија и други работи и јас кога решив да и речам НЕ таа почна да ми зборува вака така се низ нос да ми вади без да види таа што правела а јас сум чутела на тоа ...бевме ненормално блиски сега сме далеку од тоа.
    ... да ти ја злоупотребува добрината... стави си се сама себе на прво место а после неа , како ти враќа таа така и ти и биди права другарка со таа личност што заслужува , со таа која ќе сака да биде со тебе права другарка како што сакаш ти со неа...
    .. биди си со самодоверба и знај дека не си ти ништо помалце од неаза да играш како таа ќе свири
    ... и јас не сакав да ја изгубам најдобрата другарка но ете се случи сега е само другарка...колку заслужи на крај толку и доби ама пак душава не ја брка така лесно сеуште...ете послесно е да му кажуваш на друг а потешко кажаното да го спроведиш кај себе :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    Со најдобрата другарка сум многу оддалечена..веке неколку месеци..не ми е единствена..имам уште неколку што ми се исто така најдобри, но сепак со неа летово бев цело време и токму затоа ми е многу криво.Она си фати дечко пред некој месец и од тогаш секој ден,ама буквално секој ден е со него.Викенди ,пред школо, после школо..нон-стоп.од кога е со него ние заедно сами немаме воопсто излезено.јас прекутувам за да видам дали на неа ке и текне,но она само еднаш или два пати ми има кажано као демек ич не сме се гледале, ние никогаш не сме искачале со неа и со друштвото на дечко и бла бла.сакам да и ги кажам овие работи али неможам,а незнам зашто..многу се нервирам.МНОГУ
     
  6. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    И мене ми се случи нешто слично ! Да не кажам исто ! Ама она ме изгуби мене не јас нејзе ! Фала богу што сватив каква е иако беше предоцна ! :worried:
     
  7. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    И мене ми се имаше случени ама баш,баш истото,мојот карактер е таков што во почеток ќе му верувам на некој до смрт,а после,кога сванам каков е му се менува надимакот од Најдобра пријателка станува,или школска или така нешто... има значи многу расипани личности :!:
     
  8. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    "најдобри" другарки не постојат, во буквална смисла (знам дека нема да се сложите исклучоци ИМАЛО)ама баш сите гледаат да имаат корист да му одиш по г'зот а мочкате незнае со еден гест да врати барем малце од тоа што го имам направено за неа.

    НИКОГАШ НЕ СЕ ПОНИЖУВАЈ ПРЕД НИКОЈ, ОНОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ТЕ ЦЕНИ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ПОВРЕДИ
    затоа живејте си го животот око да не ви трепнува и нека ви завидуваат!! нека УМРАТ од завист .!. да ги поздравам воедно моите што сум над сите нив и драго ми е сепак мислам дека нема ќар од лигавење се гледа на кое ниво се. и ДА имам пари и можам да се докажам дека во СЕКОЈА смисла сум над нив ;)
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.943
    Ме иритираат вакви мислења и неможам да останам рамнодушна.
    Јас обично сум мирољубива личност ама ...
    Сигурна си дека во секоја смисла си над тие што немаат колку тебе ??

    Тие што немаат научиле да се справат со секакви проблеми , по цел ден работеле за да имаат покрив над главата за разлика од некој што е навикнат на сталкени ѕвона и чекаат се на готово .
    Не си над нив ако стоиш со еден куп безвредни пријатели што да му се јавиш во полноќ и да им кажиш дека итно ти требаат ќе ти дадат некој безвреден изговор , а вистинските луѓе што можеби немаат сол да си турат во очите ама тоа што го имаат , последното парче леб , ќе го поделат со тебе !

    Можеби токму од ваквиот вид на размислување си пишала во темава . Неможам да кажам дека со право си изгубила некој што ти значи како добра другарка ама самото ова што го пиша кажува доволно за тебе !
    Штета што од вакви страда државичкава наша.....
     
    На bal0n43 и Hiii им се допаѓа ова.
  10. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    доволно е, те сватив ;)
     
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Види swrcii за да имаш најдобра другарка мора да и одиш по "г`зот" а и таа теба.Јас и не би се изразила на тоа како одење по газ туку помагање една на друга.За да ти помогнат треба и да помогнеш а не само да чекаш помош.Епа ако правиш вака секако дека ке бидеш убедена дека нема најдобри другарки.
    Јас стојам на тоа дека има ама ретки се :P
     
  12. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Јас секако би и помогнала никогаш не сум ја навредила ако имам замерки и кажував кога сме сами а не како таа пред сите да гледа да испадне интересна и да ти ја ЗГАЗИ городста.. ете тоа ми се случи мене.. извини ама за такви личности го знам лекот :)
     
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Од 1во до 6то ми беше најдобра другарка. Се споделувавме, си ги знаевме сите тајни, бевме неразделни. Кога отидовме на екскурзија се испокаравме и толку беше. Сега имам најдобра другарка, незнам дали можам да ја кажам како таква зошто не верувам дека ми е вистинска.
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас бев убедена дека вистинското другарство постои.
    Но како што поминува времето, се разубедувам. Веќе не е тоа тоа. Не е така како што беше иако и јас незнам со кој памет вложував толку во тие пријателства. Што се вика-ставав рака во оган за нив.

    Неверојатно е колку некои личности можат да е разочараат.
    Помагав, давав, се грижев... и на крај излегува дека сето тоа било залудно. За да слушнеш зборови од кои ќе ти се насолзат очите. Од некого од кој не си очекувала дека може да ти каже нешто такво.
    И за миг се се руши. Сето она што толку години било градено.

    А ќе излажам ако кажам дека ми е сеедно. :doh:
     
    На Sanniii, Kristinna92 и Spell им се допаѓа ова.
  15. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    ништо ново :) само мој совет е да поминуваш време со нејзе, затоа што звањето најдобра другарка неможеме да го доделиме на било кој.. тоа е таа личност на која можеш да и веруваш, која знаеш дека кога и да ти е потребна ќе ти биде подршка, за која знаеш речиси се, делите се а тоа се дознава преку различни случувања што ви се случуваат, тоа е мојот совет :*

    best friends- cause parents couldn't handle us like sisters :*
     
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Да, го знаев тоа. И кога подобро ќе размислам таа всушност не ми е најдобра другарка. Блиски сме дека сме од исто одделение, си одиме една кај друга, но не е тоа тоа. Не сме доволно отворени една кон друга. Таа мене ме нарекува најдобра другарка и јас неа, но не верувам дека е така.
    Сепак не велам дека немам вистински најдобри другарки. Имам 2 од Кратово со кои се знам од бебиња. Штета што само преку лето можеме да се гледаме, но стварно со нив сум како со сестри.
     
  17. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    епа помири се со тоа дека едноставно со некои луѓе ссме поблиски а со некои на некоја одредена дистанца. ако неможеш доволно да и веруваш кажувај и работи што мислиш дека треба да ги знае, зачувај некои работи за себе :* довербата не се гради лесно, а можеби некогаш работите ќе се променат
     
  18. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.178
    Пол:
    Женски
    Би сакала да добијам совет и мислење од вас...веке подолго време размислувам во врска со ова но неможам да одлучам што да правам и како да постапам

    се дружев со мојата најдобра другарка скоро повеке од 10 години ,се до пред некои 5 месеци,секој ден бевме заедно,комшивки сме... секаде заедно одевме дури и на продавница се смеевме за се и сешто ,значи буквално се знаевме и како дишеме,пред 5 месеци си фати дечко и скроз се одалечи од мене а исто и од другите со кои се дружевме,само со него е цело време никаде не излегува,значи нема шанси некаде да ја сретнеш... мене сето ова многу тешко ми паѓа,не ме бара воопшто откако си фати дечко се прашувам зарем толку не и значи нашето другарство,сите тие години како да пропаднаа во вода ... летото еднаш пиевме кафе само на полаа саат па мораше да оди кај дечкото,се беше поинаку тогаш се понашаше некако ладно ,некои општи муабети правевме како да сме странци,и од тогаш се имаме сретнато еднаш или два пати така случајно,и се е останато само на збор како ке и излезиме и ке одиме на кафе и тоа за излегувањето неколку пати јас и имам речено и како демек таа ке ми се јави и ете никаде ја нема...
    многу ми е тешко само кога ке помислам на се што сме поминале заедно,и се прашувам зарем толку не и значам,а беше единствена личност на која можев да и се доверам и да добијам вистински совет,да се расплачам а да не ме озборува зад грб... потајно постојано посакувам да добијам нејзин повик,да ја сретнам некаде барем да знам дека е добро....

    сакав да прашам што мислите дали вреди да се борам за тоа другарство,да ја барам повторно или не вреди?
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    И да ти кажеме дека вреди, немој да се бориш. За жал, имаш една од оние другарки, кои забораваат на се и на секого кога ќе фатат дечко. Ни на крај памет не и паѓа дека можеби еден ден ќе остане без него, и дека нема да има никој околу неа. Таа губи, не губиш ти.
    Може и е само некој период, да речеме. Дај и уште малку време, очигледно се уште се во фазата луда заљубеност-фаза кога сакаат да бидат не по 24, по 28 часа во денот заедно. Може со тек на време ќе се промени, ќе се освести и ќе се сети дека не треба да ги загуби другарките.
    Јас лично на твое место не би ја барала уште некое време. Чисто да не се нервирам и разочарувам од неа уште толку. На крајот на краиштата, ако си дозволи заради дечко (без разлика дали ќе остане со него или не) да отфрли прекрасно другарство, епа извини, но тогаш не ни треба да ја имаш покрај себе. Не те заслужува да те има како другарка ако тоа го направи.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    се сложувам со грин ајс.. дај и време дај и да свати што изгубила, дозволи и да свати колку погрешила и дека ке и требаш, може сега уште некој извесен период ќе биде со него убаво ќе и е ама некогаш кога ќе и треба искрен пријателски муабет а кога ќе нема со кого е тогаш ќе сфати. мој совет ти е да почекаш другарка ми ја држеше така едно речиси година кога пак сега почнува да ми се јавува поретко али сепак, ама сега барем не за брзо време не планирам да се поврзувам со неа затоа што многу ме повреди и ме стави на место после него и после толку години поминати покрај нејзе кога сите ја оставија и кога имаше проблеми. почетокот е тежок ама по некое време ќе почнеш да забораваш малку по малку. :*
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.