Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја изгубив најдобрата другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од buzzle, 10 август 2010.

  1. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Значи драги феминки еве јас ке ги го кажам своето мислење.

    -Како прво според мене не постојат вистински другари/ки.
    -Зошто ? Затоа што на почетокот се цвета се е розево но со текот на времето ние се менуваме и работите се менуваат.
    -Прво се си кажувате се смеете едноставно мислете дека тоа цел живот ќе трае.
    -Но како што се вели на се му доаѓа крајот. Ништо не е трајно !
    -И јас понекогаш бев блиска со некоја моја другарка повеќе отколку што треба, но сега не сум со никоја.
    -Најдобра другарка на мене е мојата мајка,затоа што на неа слободно можам да и кажам што и како се чувствувам.
    - И јас имав "најдобра другарка" но на крајот таа другарка се однесе во пи*ку матер (ќе ме извините на изразов) затоа што на крајот за се што сме разговарале таа ме издаде.
    -Во денешно време, секој си гледа само за себе и добро велат "Ако имаш проблеми на 80% не им е гајле , а на 20% им е мило што ги имаш" за џабе не е кажано оваа !
    - И оттогаш поверение на никого,само на мојата мајка.
    -Сега сум добра со сите другарки, но со никоја не сум претерано блиска бидејќи знам дека на крајот ќе се каам за тоа.
    -Прво кога се оддалечивме другарка ми мислев дека ќе ми е тешко но на крајот излезе дека ми е многу поубаво без неа.

    *Така да мој совет е никогаш да не бидеш премногу блиска со другарка бидејќи на крајот ќе се каеш.

    Толку од мене (за сега) :hai:
     
    На sanjalica, Sanniii, Look и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Да и јас ја изгубив и не се каам поради тоа...ми фалат само убавите моменти но ништо повеќе.
    Ми фалеше и проба да се смириме но сфатив дека е иста не е изменета воопшто,гледа да ми наштети.А и кој муабет ми го направи последен ахх,мислеше дека јас ќе се замарам што она оди со мој бивши или дека ќе ми расипела врска.Боже какви луѓе има,како ли јас сум и верувала 12 години и повеќе...Таква личност не ми е потребна во животот!
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Изгубив најдобар другар, тогаш кога замина на небото.

    Другите кои наводно сум ги изгубила, не се изгубени, само сум сфатила малце подоцна дека не ми ни биле тоа.
     
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    tweety26 во право си за ова и јас мислев дека ќе се смени дека нема да биде истата и си ги тераше нејзините лоши навики како ништо да не било по трет пат нема смирување не попуштам толку завршив кога некој не се сменил од првиот пат нема да се смени ни после тоа ,само ќе се надеваме и ќе губиме време за нешто што нема да се смени.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    ах тие другарки...ти си спремен светoт да гo превртиш за нив, а oни...секoгаш си викав пoмали oчекувања-пoмали разoчарувања,ама гледам дека сум oчекувала пoвеќе oд кoлку штo треба.
     
  6. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    Кај мене обратно, другарками беше добра и се, мислам од секогаш бевме ептен различни карактери, се дружиме од градинка инаку, и сега многу ми е чудно како толку сме издржале.. како оган и вода сме различни. Ама никогаш ништо лошо си немаме направено. Само во последно време за жал она многу се смени, премногу, стварно беше и претходно по нестабилна личност,лесно им веруваше на машките, карактерот не и беше баш изграден ама не ја оставав толку да забега, најдобра другарка ми беше, ама морав постојано да пазам на неа, многу ми беше важна.. ама како што кажав веќе неможам ни да допрам до неа, сосема друга личност е, сосема ми се измени сликата за неа :worried: можеби некаде длабоко од секогаш знаев дека сака да си игра со оган ама не и дозволував да се изгори, сега, ништо.. многу сум разочарана.
     
  7. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Според мене нема најдобри другарки, само луѓе кои глумат такви додека имаат корист од тебе.
    Пред една ипол година изгубив другарка за која правев и жртвував се и сешто. Благодарение на многумина дознав каква е, што ѓубриња има на светов.
    Од тогаш сфатив дека НИКОГАШ не треба да имаш потполна доверба во НИКОГО! :!:
    Сите другари доаѓаат и си одат!
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Те искористила и од таквите подалеку!!!!!!!!!!!Тааа не ти била другарка!!!!!!!!!!Тааа ти била непријателка. Јас ова вака го сватив дека те искористила и дека си и здосадила и дека не ти била вистинска другарка!!!!!
     
  9. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Болдираното,испробано,делува!
     
    На Beauty161 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Баш денеска констатирав дека на луѓето кои сум им ја затворила вратата,се само дел од моето минато и таа врата никогаш не треба повторно да се отвара.Секако дека имам и што да добијам и што да изгубам.Ама не вреди,верувајте.Ако било добро немало да биде поранешно.Ако некој побара втора шанса,дајте му ја,секој ја заслужува,но бидете дистанцирани и самите ќе сватат каде сега им е местото. Треба да бараме нови луѓе,нови познанства,нови карактери.И во претходниот пост,болдираното,се однесува токму на тоа.Дека мене уствари ми е многу поубаво без неа.Замислете,каква порака ми пиша :x ,го искористи значењето кое му го придавам на пријателството затоа што јас многу ценам пријателство,и намерата и беше да ме искористи. :x Срамота.
     
    На Femina...1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Исто и јас. Ја изгубив најдобрата другарка, по нејзина вина, бидејќи воопшто не знаеше да биде другарка. На почетокот жалев, но потоа сфатив колку ми било убаво без неа. :)
     
  12. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Ајде и јас да се олеснам. Имав другарка што бевме заедно од мали нозе, сите работи си ги кажувавме ништо не криев од неа. Пред еден месец таа почна да ме одбегнува, не доаѓа веќе кај мене како што идаше кога ќе и пишам ај дојди на кафе таа ми враќа е неможам сега ај утре и така секој ден. Пред некој ден ја прашав зошто ме одбегнува таа само рече Абе ти се причинува само не те одбегнувам само немам време да поминам кај тебе. Се слушавме секој ден на телефон, а сега кога ќе и се јавам гледа само што побрзо да ми исклучи. Не сакам да ја изгубам бидејќи мислам дека таа ми е една од подобрите другарки. Незнам како да постапам веќе со неа.
     
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Имам изгубено многу другарки закои мислев дека ми се најдобри првите ми го свртеа грбот тогаш кога ми беше најтешко и секако откако ми направија проблеми во врска ,другите си најдоа дечковци и заборавија дека постојам па ми идеа да ме видат само кога беа скарани со нивните дечковци јас да ги ислушам па јас ги отфрлив од мојот живот ,третите другарки ме исфрлија од нивното друштво затоа што си земаа за право да ме осудуваат поради тоа што сум била заљубена и започнав врска иако цело време бев покрај нив ,ги смеев ,ги забавува ,ги организирав за секакви забави ама ок како сакале така направиле плачев и се нервирав поради тоа што ме исфрлиле од друштво ,се нервирав зошто никој не сака да се дружи со мене,но си реков на себе си кога они не знаат да ценат добра другарка они губат не јас и дека тие не знаат да ги проценуваат луѓето според критериумот на добри ,злобни и искористувачки..Некои од нив сфатив дека и во тој краток временски период се дружеле само од корист.Еве сега некои се обидуваат да стапат во контакт со мене за да излегуваме но јас не им попуштам каде беа тие сите овие години и јас одреден временски период бев без никакво друштво за излегување и не планирам мене некој да искористува .
     
  14. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    треба искрено да ја викнеш и да ја прашаш а ако ти негира не попуштај.само така ке ти ја каже причината :?:
     
  15. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    perlaaa и јас го имав истиот проблем,исто и јас ја прашував што и е и таа ми вика ништо и така теравме долго време све додека мене не ми пукна и и кажав све што ми смета, дали јас сум причината за таквото однесување,зошто кога ќе праевме муабет за нешто срекно што ми се случило таа не беше весела и избрзав и и реков дека немам другарка повеќе, јас све и кажував таа ништо не сподели со мене,секогаш беше њамќореста,и дури ми кажа која била причината кога веќе не се дружевме :@ и тоа што го каза немаше врска со мене све си имала проблем со нејзините и во себе го криела и сеуште сум и бесна зошто немаше доверба во мене :envy: па може и таа си има некој проблем па нејќе да ти каже не избрзувај ако не сакаш да ја изгубиш да не направиш иста грешка како јас,ако не ти се јавува или не те посетува не настојувај кога ќе и помине самата ќе ти каже што и е или ако не ти каже барем ќе си биде истата како порано ,секој си има некоја жута минута што не сака со никој да ја сподели :)
     
  16. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Секогаш сум имала најдобри другарки и истите сум ги губела и не можам да покажам со прст кој бил виновен. Едноставно патиштата се разделуваат, иако во поголемиот број случаи, јас сум била оставена сама и повредена. :|

    Отсекогаш баба ми ми кажуваше - “Не им верувај на другарките, не постојат вистински’’. Јас секогаш и’ го тврдев спротивното, ја убедував - “Не, она ми е другарка, супер е, нема да ме повреди’’, за кога ќе дојде благоречено крај, да си кажам - Баба ми е во право. :!:

    Сега сите ми се добри другарки, меѓутоа не и најдобри. Нема подобар учител од искуството. ;)
     
  17. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Заедно сте биле од мали нозе, а таа нема време да помине до кај тебе. Тоа и е изговор за да не се видите. Штом забележуваш дека така се однесува оддалечи сеи ти, не ти е таа единствена другарка. Ако навистина не те одбегнувала кога-тогаш ќе те побара, а откако ќе се оттргнеш пак се е исто помири се дека не било доволно цврсто пријателство.
     
  18. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Јас многу тешко се приврзувам за некој ..ама кога засакам другарка правам Се за неа.! Пред година ипол си имав една најдобра другарка..Ми беше како сестра ,спиеше кај мене, знаеше Се за мене а и јас за неа и во се бевме заедно.. Со секој би се карала ради неа и никому не дозволував да збори лошо за неа (колку и да беше вистина тоа) :worried: колку и да ми збореа дека не е за мене дека ќе ме расипе.. дека ќе почнат мене заради неа да ме одбегнуват и да ме викаат со разни имиња никого не слушав и секогаш зборев само најдобро за неа.. и потоа се случи тоа што одсекогаш сум го сметала за најглупо!! Се скаравме заради машко ..поточно јас се смував со еден дечко кој нејзе и беше симпатија 2години пред јас да бидам со него а тааво тоа време се муваше со 3ца.. :fubar: :fubar: I mean HELLO!! и таа знаеше дека го сакам а кога бев на одмор во странство овој се опил а таа за да ми врати имале односи со (кога со мене не можеше.. ) :worried: :worried: За случката разбрав ден потоа(оваа кажала на другарките наводно каејќи се и се молела да не дознаам оти несакала да ме изгуби и тоа и била најголемата грешка).. пред компјутер илјадници километри од дома од заедничка другарка (моја и на 'мојата најдобра другарка') и плачев како никогаш во животот.. Првото машко со кое сум била во мојот живот и мојата најдобра другарка биле заедно .. се чудев што ми фали, како тоа таа да е подобра од мене.. дента фраерот ми пишаше и кога го прашав дали има неш да се пофали ми кажа дека синоќа се опил и ја направил најголемата глупост во животот,, ама тоа ништо не менува..уште веднаш молкум се оддалечив од него а до скоро време го сакав..А за девојчето Ноу комент!! И кажав дека знам за СЕ во лице и и покрај тоа што и двете плачевме одлучив дека нашето пријателство е готово.. и толку од оваа ФИЛМСКА прикаска :) одтогаш немав другарки некое време ама еве веќе година и кусур како имам другарки шо ги стварно почитувам ама сепак не се отварам дотолку од страв од тоа шо беше :angel: :x
     
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Многу е болен овој процес, да изгубиш најдобра другарка.
    Бев со неа од бебе, комшии сме, 15 години искористени (незнам дали паметно) во смеа, тага, поддршка, љубов, насмевки ..
    Но сепак, се појавува машко, мислиш дека тој е тој, вистинскиот, и другарките ги забораваш. Ладна беше, се смени целосно. Воопшто не се слушавме, не ми пишуваше, не излегувавме, странци како да бевме. Ни здраво не ми викаше.
    Во прво време си мислев ќе се смени, само процес е ова, нормално е.. Но продолжуваше. Лажеше, од дома се криеше, од мене се криеше..
    Се трудев колку што е можно да заборавам, и се јавував, но ја изгубив битката со него.
    Убаво е да бидеш сакан, да имаш поддршка од некој.. но сепак кога ќе се скараш, каде ќе одиш ако немаш другарка да те сослуша, да те развесели, да ти каже дека ќе биде подобро ..
     
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Еден совет од мене: Ако другарката се одалечува од вас,не пуштајте ја, направете вие чекор макар и да не сте на ред.Ако и понатаму продолжи со истото,повлечете се.Тогаш барем ќе знаете дека вие се сте направиле,дека таа е виновна.Таа не го заслужува вашето пријателство.Сигурно понатаму во животот ќе се најде некој што ќе го цени.И ќе видите,можеби еден период ќе ви биде многу тешко,ама потоа нема да сакате да ја вратите назад вие неа ќе ја одбегнувате!