како ли можела тоа да ти го направи? и епилепсија не се лечи, туку се контролира, а ако има напади, нема да ги снема така лесно колку и да се преправа дека е нова личност
ужас невиден само толку ке кажам. како бре не им е срам??? до вчера дома ми седеле во кревет ми лежеле и од мојот тањир јаделе за да денес зборат глупости лажат и врегаат . За таквите "пријатели" се најлошо посакувам. Сум била 2 пати во ситуација еден најдобар "другар "и една најдобра "другарка" oд никаде нигде да почнат да зборат глупости за мене и сето тоа да го дознаам на многу непријатен начин.Толку многу ме болело што немам зборови да ви опишам како се чувствував тогаш Но се вратив во нормала после некое вереме и сфатив дека тие мочковци не заслужуваат да помислам на нив а не па да плачам по нив.Се тешам со тоа дека се се врака се се плака па и нивното еден ден ке ги стигне за се што ми згрешиле. И за крај како што би рекла јас Боље искрени непријатели отколку неискрени пријатели!
Ве молиме обратете се во службата изгубено-најдено при министерството за другарување, сектор за пријателски работи.
Приметив дека речиси сите ги обвинувате вашите другарки дека се виновни за тоа што не се дружите повеќе. Вие сите сте биле Дева Марија, сериозно?! Сум сменила многу друштва и речиси во две третини од друштвата ја сум виновна што не се дружам повеќе со нив, што прекинав секаков контакт, со некои уште сум ривал, а со други сум останала на ‘Здраво‘. Да, можеби сум идиот од нивна страна и самата си знам, ама сигурно не се случило тоа за џабе. Со другарка од основно се дружевме некои 7 години, потоа ја бев виновникот што не се дружевме повеќе, односно една година немавме никаква комуникација, а учевме во ист клас. Ја почнав прва да ја одбегнувам, наоѓав најмали ситници за да се скарам со неа, да престанеме да збориме, се дружев повеќе со други другарки отколку со неа и ете.. моето однесување си ја достигна целта. Година дена не праевме муабет, у таа година се дешаваше повеќе пати да ме моли да се смириме, да се средат работите.. ја црвста на своите ставови, голем егоист и инат не попуштав, но потоа увидов дека џабе ја повредувам коа не заслужува. Причината беше првично што смртно ми се здосади да се дружам повеќе со неа, ми сметаше секоја нејзината реплика, секој коментар, секоја нејзина гримаса. Сфатив дека треба да си тргнеме по различни правци, до сега било океј со дружењето, ама од следниот момент како да не се знаеме. Сега не контактираме нешто многу многу, знаеме да се слушнеме еднаш во три месеци и да се изназбориме, знае дека сум тука за неа кога и е лошо да ми се јави, исто и ја можам слободно да и се обратам, ама повторно да бидеме блиски, ај да кажам најдобри другарки? Никогаш. И во другарствата после неа ја сум била виновникот што сум ги откачувала за безвезни работи. Едноставно другарството не го сфаќам озбилно, мислам дека треба да се сменат повеќе друштва, да се замеша човек со различни карактери, да билда искуство. Секогаш кон луѓето сум постапувала со резерва, не им се доверувам целосно.. Можеби оваа карактеристика ме прави гад, ама барем не излегувам повредена.
не знам за каква најдобра другарка зборувате...кога не постои вистинско другарство денес!...сте ја загубиле другарката.....ок...ќе најдете нова пар денес не треба да се разочарувате!.....навистина другарство не постои...девојки и мене ми е жал што е така но тоа е...без разочарувања1
People come and go. Јас имав 3 најдобри другарки, две ми беа школски и се си бевме заедно, си кажувавме тајни, излегувавме заедно и се. Но ете, едната мораше да расури се, така без причина да ме откачи. Со едната од нив сеуште се дружам, но не сме најдобри другарки, туку пријателки, излегуваме заедно, на кафе идеме заедно, на гости кај неа - кај мене. Потоа, третата, со неа се знаеме шо се вели, од мали нозе, сеуште се поздравуваме, но со тек на време сето тоа избледува, се навикнува човек. Но, убавите моменти остануваат во сеќавање! После нив, не сакав веќе со никого да се приврзувам и ете сум сега, се дружам со сите, но немам најдобри другарки. Ме фаќаат носталгии понекогаш, но поминува тоа. Заради ова променив многу друштва. The truth is, не верувам веќе во добри пријателства. Но, никогаш не се знае! Како велат, надежта последна умира
Си се пронајдов во темава.Имам поѕочно имав една другарка со која повеќе од 5 години бевме неразделни.Но ова лето нашето наводно другарство како кула од карти во еден миг се сруши .Отсекогаш после школо бевме заедно,заедно пишувавме домашна,заедно одевме на родендени,заедно правевме се.Ама ова лето последен пат ја видов на 10 јуни.Оттогаш ми се нема јавено да ме праша како сум,што правам...На фејсбук кога ќе и пишам она се исклучува или пак воопшто не ми враќа.Еднаш јас и се јавив,ама онака безволно разговараше и исклучи.Од други другарки дознавам дека била на одмор,од други дознавам како е и каде е Порано бевме неразделни,си кажувавме се,ја сакав премногу,ама отсега,не сум сигурна дека она сака уште да се дружи со мене.На фејбук гледам слики од неа и уште некои другарки како биле на базен,а мене воопшто не ме ни викнаа.Од фејбук дознавам бе дека биле на базен,ало.Знам дека треба да ја заборавам и да не се замарам више,ама You can't forget someone who gave you so much to remember (Не можеш да заборавиш некој кој ти дал многу за да се сеќаваш)
"ја изгубив..." па уште и најдобрата... Нели една е најдобра? И тоа НАЈ , нели е толку силно што не може да се изгуби? Сум загубила другарки, една, две, повеќе, но онаа НАЈдобрата остана, секогаш беше и ќе биде тука, исто како и јас за неа. Девојки, не сте ги изгубиле најдобрите... едноставно за погрешни сте сметале дека се најдобри...верувајте
Не треба да се нервирате и да бидете очајни поради тоа. Бидете среќни што ги имате вистинските пријатели, родители, што имате кров над главва, оти некој го немаат тоа, немаат ни динар, немаат ни родители, сами на улица. Така да не се секирај, она чим не те смета за другарка, остави ја, биди со тие што најмногу те сакаат и ти сакај ги
СПОРЕД МЕНЕ, не постојат вистински другари. Веројатно ова сте го слушнале безброј пати, но така е. ИМА исклучоци, но многу многу ретко. Ретки се оние кои не гледат корист во тебе, кои те „сакаат“ само кога им требаш. Не велам дека и јас не сум виновна што немам вистински другари, но навистина се трудам за разлика од некои. Не велам дека и јас не сум згрешила, таман работа, но кога ти грешат најнормално дека ти нема да стоиш и да бараш уште! Тоа е тој момент, кога ќе се спротивставиш, тогаш го добиваат погрешното мислење за тебе. Лично јас немам добри другарки затоа што повеќето од нив ми се прават девици и кога ќе излезеш со момче те оговараат и слично. А уствари тие фантазираат за некој незнам какви филмски романтики. Најдобар другар ми е бившото момче( Добро, неможам баш да го наречам БИВШ затоа што уште има нешто меѓу нас). Единствено тој ми ги слуша сите мои глупости и НИКОГАШ не преговорил ни збор на друг. Според мене, вистински пријател е оној пред кој можеш се да кажеш, без да ја изменуваш вистината а знаеш дека нема да те осуди за ништо. Тоа се бара.
Вака,ти си се грижела за неа (за роденденот итн.),а таа те исмејувала и те отфрла.Јас мислам дека треба да престанеш да се дружиш со неа,таа тебе не те заслужува за другарка, а тоа што цело друштво те отфрла пробај да разговараш со нив.Не е убаво најдобрата другарка ова да ти го прави,а ако та ти беше најдобра другарка ќе беше со тебе и во добро и во лошо,а таа сама си се покажала каква е.
Уф девојки ве читав и се пронајдов до некаде и јас со мојата најдобра другарка се немам видено после нова година, таа си фати еден дечко јас си фатив една книга и така таа си се шета јас си учам.. Ми остана уште една другарка така колку да имам со кого да излезам понекогаш но онаа што ја сметав за најдобра одлета . И не ми недостасува некако и онака последните месеци не беше се ок таа постојано зборуваше на тел. така кога излегувавме таа беше секаде освен со нас, само закажувавме маса за 3 а си седевме 2.Така и не ми недостасува она премногу
И јас ја изгубив најдобрата пријателка и тоа уште пред еден месец.Луѓето сепак се навикнуваат да живеат без саканите личности.Не би судела кој е виновен затоа што и самата се каам за некои сторени работи во врска со неа(тоа беа работи кои ги сторив во нејзина полза не во моја)Научив една многу добра лекција на која ќе се потпирам до крајот на мојот живот како што се рекло во секое лошо има по нешто добро така и со ова...Сепак не сум сама...бевме 3 останавме 2 сега само ние доволни сме си и се надевам нема ништо слично да се случи како со останатата другарка.Ги рашчистивме работите меѓу нас сега имаме само едно здраво како си и толку.Мислам дека чуството да си предаден и да ти е забиено нож во грб е нешто најужасно што може да се случи во едно другарство кое верно си служело цели 12години,така да ова не му го посакувам ни на најголемиот непријател. П.С уживајте во пријателстава што ги имате и што ќе ги имате затоа што тоа се сепак најубавите моменти во животот кои ќе останат засекогаш во нашите сеќавња и после се што би можело да се случи меѓу нас.
богами и јас ја изгубив мојата најдобра другарка.. едноставно не сфаќам како се случи тоа.. значи заедно сме од 1во одд.., дружба шетање се заедно, коа идев во кочани кај баба ми и она со мене доаѓаше по една недела седење, дружва, спиење кај неа дома, се заедно, дури и моите идеа кај нив на славии, од толку што бевме јас и она блиски, сите тајни си ги знаевме, во школо сите глупости ги праевме и на некој немаше да му се верува дека ние две можеме да се разделиме, едноставно бевме неразделни.. а сега ? сега не, она ме забораи.., тргнавме во средно и она беше таа што викаше дека јас ќе ја заборавам неа, си фати дечко, нови другарки.. но јас неа тоа не и го забранувам, нека искача и со нив, али може барем еден ден во неделата да одвои за мене.., во јануари од тие 30 дена само 2пати се имаме видено, и секој пат кога ќе и се јавев да излеземе, она е излезена или со дечкото или другарки некој, тоа е во ред, но и кога ќе и се јавев да излеземе она ќе речеше неможам, знаеш мн. сум изморена, и на пракса и се..значи за другите има време, а за нејзината најдобра другарка нема.. и јас да не и се јавувам, она нема да се јави и така и јас престанав да не и се јавувам, помина цел месец и случајно се видовме у автобус и најнормално почна да ми праи моабет, ама сепак не беше тоа, тоа.. едноставно човек се оладува со тек на време, ама сепак мн. ми е криво, незнам зашто тоа е тоа така, и на тел. ако праиме моабет, тоа трае кратко, што праиш, добра си , и тоа.. никогаш не очекував такво нешто од неа, и ете она ми го докажа спротивното, дека се може да се очекува од било кој ..
Dimkovska123-Колку и да ти е жал што пропаднало вашето пријателство не ја барај повеќе, така само се понижуваш себеси.Колку и да е сурово гледај дека таа не се ни грижи за тебе, немој и ти. Исто и јас сум во слична ситуација.Имав најдобра другарка со која од 3то докај 6то си бевме неразделни.За се си кажувавме, кисневме една кај друга, ама на крај се здружи повеќе со една друга од мојот клас и кај и д ги видиш заедно се.Нас ни се кара а со неа по одмори и секаде.Јас сум во план Б, а можеби и во Ц.Али се помирив и јас, нека прави што сака нејзина работа, сигурно нема да ја молам да бидиме повеќе реме заедно, иако сеуште сме во исто друштво и излегуваме заедно .
да знам, почнувам да се привикнувам и јас на тоа.. ама сепак криво ми е, послем т8 год дружба и се тоа.. ама тоа е.. :/
Може да се каже дека и јас ја изгубив најдобрата другарка со која се знаеме уште од 3год.Во нашето маало бевме 4 другарки на наша возраст.Ама јас и мојата 'најдобра' другарка најубаво се сложувавме и највеќе се дружевме.(ова беше до 13 година)Се дружевме и со другите две другарки,но мојата best другарка не сакаше многу да се дружи со нив.Но едната врсничка беше мирна и повлечена.Неа посебно ја одбегнуваше мислејќи дека мирната е под нејзино ниво.А сега почна да се дружи со другите по дигнати деввојки од одд.и плус со едната од нашето маало.(не мирната,туку другата)А мене ме отфрли. Се шета низ школо со нив а за мене нема ввреме.Оди низ град итн.А башка она е се лути брзо.И ако се налутам нешто јас почнува да вика што се лутиш сега ова тоа со незнам каков глас.А мене ме нервираат такви луѓе.Иначе она не беше таква додека не се здружи со нив.И стварно незнам што да правам ја трпам од 7 одд.а сега сме 8одд.Тоа е една година отприлика.Дајте ми некој совет !
и јас ја изгубив најдобрата другарка, но не на овој начин, за жал почина, мислам дека дел од мене замина, се чуствувам многу осамено. Кажете им на вашите другарки колки ви значат. Може е тоа единствениот начин да се зближите повторно.
И јас ја изгубив мојата другарка..но ние не се искаравме..едноставно си фати ново друштво и прекина да се дружи со мене сега помина 1 година јас имам нови најдобри другарки а со нејзе едвај здраво си кажуваме