и јас ја изгубив Mарија. најдобрата другарка. кога конеечно почувствував дека има некој на кого можам да му ги кажам сите тајни, бидејќи на другите мои другарки не би можела да ги кажам бидејќи знам дека ќе бидам осудувана, таа ме остави. ги научи сите мои маани и слабости, и кажав буквално се за мене, се што никој не знаел (ниту мојата мајка) и си замина. плачевме заедно. ме виде во моите најдобри и најлоши моменти, и многу пати беше причината за да не се откажам, имав чувство дека имам нечија поддршка. но, секогаш ми повторуваше дека не треба на никого да верувам. и еден ден престанаа повиците. веќе не седевме во истата клупа и веќе не разговаравме. не паметам кога последен пат ме погледнала. секој ден кога ќе видам нешто смешно ќе се насмеам и дури потоа ќе ми текне дека нема на кого да му го кажам тоа за заедно да се смееме. сепак најтажни се оние разделби кога не си скаран со личноста, но сепак престануваш да зборуваш со неа. имам уште многу другарки, имам другарка која ја нарекував најдобра но не ме разбирала доволно. и кога конечно најдов другарка што заслужуваше да ја викам најдобра, ме остави. знам дека ќе биде глупаво ова, но многу ги сакам своите другарки и ги ценам, нејзе секогаш ќе ја сакам и секогаш, ама баш секогаш би сакала да знае дека може да ми се јави во 3 наутро и покрај тоа што не се дружиме, Mарија ќе остане во еден дел од моето срце.
Јас имав другарка со која бевме заедно да не речам прво но од 2 или 3 одд цело време заедно до 8одд и после и 1 год средно, занчи ми беше најдобра другарка може не толку но јас на нејзе најдобра, се ми кажуваше кога и да ме викне трчав за неа, но во 2 год и го видов вистинското лице каква е значи јас нејзе што и да и кажев таа незнам дали би кажала на друг а таа беше сигурна за мене дека јас не кажувам ништо некое време не бевме толку блиски само за нашколо ја викав и тогаш се глеавме, јас за неа ничшто лошно не сум лафела , но таа за мене шо кажувала кога слушнав знаци каква била и веќе не сакам да ја видам само треба у лице да ја прашам и разрешиме се, некоја ден.
Секоја преголема блискост на крај завршува.И јас ја изгубив најверната другарка на 20 години, а се дружевме од свои најмали години. Едноставно се разидовме во животот.Затоа она другарство кое сега го негувам со пријателка од средно, се базира на не толку голема блискост и затоа трае.
И што ако сте ја изгубиле другарката? Никој нема да биде овде за вас цел живот. НИКОЈ! Никој не би ги задржал сите ваши тајни до гроб. Само вие самите. Сватете го веќе тоа. Животот е суров, но сѐ поминува. Колку и да се чувствувате пропаднати затоа што таа ве напуштила, еден ден нема да се сеќавате на таа болка.
Нема другарки во денешно време кога ке сватите? јас мислев дека 13 годишно другарство не може ништо да го растури ама грешев.. нема подобро дружење од тоа да имаш некого што ке се гледаш еднаш неделно и ке си има секој свој живот и ке се почитувате.. нема другарство и точка
Точно. Денес сите имаат задни намери..после години и години го сфаќаш тоа. Мора да се има другарка за искачање, кафе, муабет но не и да и се открива секој детал.
Епа то веќе не збори, а ако од друштвото те отфрлуваат влези во нејое друштво. А ако толку сакаш да си во тоа друштво разговарај со нив и не и обрнувај внимание на твојата најдонра другарка
Имам многу лоши искуства во врска со другарки и не ги обвинувам нив, може некогаш проблемот бил и до мене. Факт е дека сите имаме маани и недостатоци некој повеќе, некој помалку ама мислам дека претерано зближување со никого не треба. Имав една другарка заедно од 6 годинки бевме порано се дружев со нејзе зошто бев мала, дете и незрела ама со тек на време сфатив дека е голема лицемерка, само гледаше да ми направи некоја сплетка или некој проблем и официјално расчистив со нејзе, без карање и циркузи. Веќе 4 месеци не сме во никаков контакт, ни здраво не си кажуваме. И не, не ми е воопшто криво за тоа. Секој на своја страна, така е најдобро. И пак слушам муабети дека зборела за мене се и сешто ама се трудам да останам смирена, да не паѓам толку ниско и да не враќам со иста мера, зошто според мене тоа е просто. Други другарки од средно/основно со некои сум на здраво, со некои повремено контакт преку фб и тоа е тоа, факт е дека се одалечивме не сме тоа што бевме. Друштво секому му треба, едно кафе барем неделно ако не повеќе ама претерано зблиќување и верување безрезервно никому никогаш не треба, од глава ќе ви се одбие секогаш.
Пред 3\4 недели престана скроз да контактира со мене една моја блиска пријателка или барем мислев дека ми е пријателка. Почнавме да се дружиме уште од забавиште, а од тогаш има поминато 13 години што не се малце. Постојано се дружевме, имавме слични интереси, си помагавме итн. Пред 3 ипол\4 години таа се промени, мислам карактерно не физички. Почна мн. да лаже, добро не дека претходно не ме имаше излажано ама тогаш апла почна со лажење и премногу беше приметливо. За да си успешен лажго треба да имаш добра меморија и да си одличен импровизатор, иако на крај се се открива. Исто така и ме избегнуваше и измислуваше милион банални изговори поради тоа што во тој период јас бев во депресија поради некои мои комплекси поврзани со мојот надворешен изглед, мислев дека никој не ме сака, дека се е црно-бело итн. И сега таа наместо да биде покрај мене магично исчезна. Не е дека од пред тие 4 год. па до пред 4 недели не се дружевме, се дружевме али не беше тоа тоа. Пред една година и починаа двајца блиски роднини еден по друг. Ниту на едниот ниту на др. погреб не бев покрај нејзе. Таа очекуваше од мене да бидам покрај нејзе кога и требав, а кога ми беше потребна нигде ја немаше и постојано измислуваше банални изговори. Сега слушам муабети од др. луѓе дека она престанала да ми збори поради тоа што наводно јас сум била со нејзе поради корист. Абе ајде шо збориш?Која корист ја имам од нејзе?Пари, моќ, знаење?А нејзините се невработени т.е. не се во добра економска ситуација што значи ништо од горенаведеното. Ме вади од такт фактот дека сум потрошила 13 год. на нешто небитно. Сега јас по мој, она по др. пат и чао. Можеби е подобро вака што испадна.
И јас имав сличен случај како тебе. Мојата "бивша" другарка цело време ми правела се зад грб, што и да направела таа ме обвинувала мене и мене цела вина ми ја префрлала. Ми зборела зад грб дека сум била грда дека таа била поубава од мене, лечела комплекси. Многу пати ми имаше направено проблеми со моите дома и со тогашниот дечко, а ако јас и повишев тон или и кажев "не" тогаш јас бев крива и јас бев таа што завршуваше со солзите во очи. Се тоа ми го правеше поради мојата добра душа, мојата добрина што не знаат да ја ценат. Но решив да ставам крај на тоа другарство, беше тешко, јас бев расплакана секој ден, но таа со насмевка на лицето си идеше и си одеше на училиште. Откако се скарав со неа, како да ми се смени целиот живот. Најдов добра другарка, добар дечко, почнав да добивам успеси на училиште (а предходно бев најголем кецар), почнав попозитивно да гледам на животот, со моите си ги подобрив односите. Се ми се смени на подобро.
Да подобро е вака кога се е на виделина, башка ништо не изгубив освен време али ај да не чепкам во ѓубрето(минатото) пошто мн. смрди.
Не си единствена и јас ги загубив двете најдобри другарки кои се дружевме уште пред забавиште и незнам зашто едноставно си замина ги снема.Секогаш бев со нив и во добро и лошо и искачање,кафе и се. Пробав да се споиме пак да се дружиме ги викнав кај мене на кафе дојдоа ,али си правеа само они муабет јас како да не постојам како да не се кај мене дома.Ужас Нема денес другарство
Нема ,нема ни да има оригинал. Многу ме повредија кога едната разговараше за некој дечко и нормално ја прашав кој е ај пофали се изненадиме и само ме погледна и си продолжи да си прави со другата муабет.Никогаш нема да им го заборавам тоа.Се прашувам за кого се сум правела за кого? Планирам овој викенд да го прославам роденденот што ми помина и дури се мислам дали да ги викнам
И јас на истото размислував,али тоа е лошо кога си многу добар,попушташ па на глава ти се качуват. дури не ми ни честита роденден како што честитале само на чат среќен роденден и толку.А јас будала па смс па на тел ќе им се јавам па се најдобро им кажувам.Памет за др пат и јас мислам дека нема потреба да ги викнам