Ајде девојки, зошто го сакате сајтов? Јас, затоа што конечно видов дека не сум единствена и сама во некои работи, има мн корисни информации и зато што е САМО за женски хм...ајде продолжете
Бидејќи можам да најдам одговори на многу прашања што ми се вртат во глава и не ми даваат мир ,бидејќи можам да и помогнам на некој кој има потреба од разговор, да поделиме искуства и дрг.И се разбира тука владеат само жените само напред женски I LOVE YOU FEMINA.MK
Затоа што стекнав многу пријатели кои ќе можат да ми помогнат или крај краева да ме ислушаат. Затоа што научив многу нови работи кои мајка ми сигурно немаше да ми ги каже. Затоа што тоа е место каде можам да се истушам, а притоа никого да не го боли главата од моето дерење. Затоа што се објавуваат интересни содржини кои содржат корисни информации. ..... _________________________________________________________________________ Би можела до бесконечност да пишувам....
...затоа што се навикнав да шкртнам по некој пост овде, нешто што во моментот неможам или несакам некому да го кажам, а сепак имам потреба да го изнесам надвор од мене.... ....затоа што сватив дека некои работи кои јас условно кажано си ги нарекував мои проблеми, не биле само мои, многу луѓе имале такви проблемчиња ....затоа што видов и прочитав многу информации ...затоа што запознав прекрасни луѓе и се надевам идни познаници, а можеби и пријатели ах да и затоа што повеќе време сега поминувам тука отколку на фејсбук....ај ем фемина адиктед
девојките пред мене се кажаа.. едноставно најдов мн совети се надевам и дека дадов некој корисен совет иако од скоро се зачленив ај лав фемина.мк
Што и да кажам, знам дека за 5 мин нема да дознае цело маало. Добивам одговори на тешките прашања...Сознаваш нови работи за кои неможеш да зборуваш со својата мајка или некоја блиска личност од Х причини. Едноставно ми се свиѓааа.. Не за џабе дремам толку време на сајтов. femina.mk
Па од истите причини напишани во претходните мислења,што е единствен сајт само за женски,место каде што можеме да си ги споделуваме своите мислења,искуства,па и да помогнеме некому,да се запознаваме,дружиме,почитуваме едни меѓу други иако само се знаеме по имињата и мислам дека нема вакво нешто на интернетот,а и тука кај нас.Исто така што можат да се научат и многу работи,а и што ми се допаѓа кај овој сајт се тие новостите што ги имаат на почетна,што имаат интересни совети за се,дали се работи за здравје,убавина,мода итн.Сепак интересно место,затоа и висам скоро секој ден тука на фемина,мислам повеќе сум тука отколку на друг сајт.
informacii, soveti, interesni temi kade sto spodeluvame mislena, steknav mn prijateli... . se i sesto stanav zavisnik veke I femina.mk
Најмногу го сакам форумот бидејќи е само за жени иако овде-онде ќе се најдат некои залутани мажи Ако бешто ме мачи имам каде да си се олеснам, а и многу ми е корисен со совети, а плус и има забава доколку ти е досадно за Фемина
Конечно вистински сајт за женскиот пол ....едноставно НАЈДОБАР...што и да ти треба совет, мислење, или пак да прочиташ нешто што незнаеш може овде да се најде...поздравче
се е кажано веќе погоре ама ајде ке скриптирам од мој агол ја сакам фемина затоа што има добри совети несебично дадени, можам да го изнесам тоа што ми лежи на срце без никој да повредам, интересни информации, размена на искуство... и најважно од се запознавање на прекрасни луѓе и комуницирање со нив... ве сакам девојки и нормално ја сакам фемина.мк да не беше таа немаше да се запознаеме (барем виртуелно) ниту да комуницираме и да си помагаме
Ми се свиѓа многу темава, ама што да пишам, сите сме тука скоро од истите причини да кажеме нешто што го криеме длабоко во себе, а сакаме да искочи, без притоа да дознае никој , да споделиме искуства, мислења, предлози... а меѓудругото се запознав вака виртуелно со повеке луѓе кои ми се многу драги и многу ги сакам
сајтото е супер мене ми го кажа една другарка и од тогаш нема ден а да не до отворам да видам што се случува на форумот, заарзен е едноставно си кажуваш се она што те мачи без никој да знае, интересни теми, добри совети, се супер на едно место
Ради се што кажаа предходно... најмногу затоа што запознав прекрасни типки кои секогаш се расположени да ме прочитаат кога никој друг нема време за тоа...Ја сакам Фемина и си ги сакам НИВ многу и надевамс е дека овоа он лајн пријателство ќе прерасне во вистинско..во живо де