Што и да кажам, знам дека за 5 мин нема да дознае цел град. Добивам одговори на тешките прашања... Сознаваш нови работи за кои неможеш да зборуваш со својата мајка или некоја блиска личност од Х причини. добивам совети за сите мои неразјаснати прашања... ЖЕНСКИТЕ владеат тука иии..... ......можам до утре да набројувам и пак да не е доста... бо секој случај ја обозавамм странава...
Ја сакам Фемина зошто секогаш кога имам некој проблем го пишувам и добивам прекрасни совети и утехи. И Фемина ја сакам по тоа што можам и јас да бидам зачленета и се надевам прифатена од форумџиките кои тука се за да дадат по некој совет без разлика на возраста
ЈА САКАМ ФЕМИНА ! Незнам по кој пат ќе го напишам ова, ама се кажаа погоре. Ја сакам затоа што , на никоја друга страна не ми е така интересно и пријатно.Можам слободно да си го искажам своето мислење, читам се што ме интересира, имам прочитано работи кои што ме интересирале , а сум немала храброст да прашам некого.се дружиме што е најважно и една од целите на најомиленово форумче. Вака ја опишувам Фемина : Најубавиот и најпопуларниот женски сајт во Македонија,со многу интересни содржини и со еден најпријателски и забавно поучен форум !
Затоа што е навистина добар сајт и има многу интересни содржини за читање и навистина се поучни, а исто така и форумот е навистински пријателски настроен.
јас искрено не ја сакам него ја ОБОЖАВАААААААААААААААААМ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! зашто тука мислам дека сите сме еднакви сите си искажуваме што мислиме и како мислиме,и јас кога си имам некое проблемче искрено тука ако го искажам ги добивам најискрените одговори така да ја сакам ФЕМИНА ама и вас ве сакам! како со прочитав погоре овде само жените владеаат се надевам дека и така ке остане ... сите за една една за сите
Ја сакам затоа што откако сум тука се променив. Се променија доста мои ставови и мислења.... и посреќна сум
Попозитивно нешто од фемина не сум сретнала .. се што не можам да кажам на другите , овде можам . Кога не можам да си помогнам сама , ми помагате вие . Прекрасен е форумов , и сајтот
Затоа што многу работи научив од неа и од вас.Затоа што секогаш има интересни теми а и најточен хороскоп
Ја сакам зашто на крајот од денот, без разлика убав или лош, ме дочекува со отворени раце и не ме осудува Ме расположува и ме релаксира
Ја сакам затоа што секогаш наоѓам овде корисни информации како на сајтот така и на форумот.Овде има прекрасни девојки што секогаш знаат да дадат совет,да отворат тема каде што можеш да се излеснеш и да побараш совет во кој несебично некој ќе ти го даде целото свое искуство за да ти помогне...ја сакаме фемина.мк нели девојки?
ја сакам фемина затоа што е поучна, зрачи со позитивна енергија и тука опстануваат само позитивните личности. чудно но сите сме како едно. како голема фамилија во која секој се грижи за секого. запознаваш вистински луѓе со вистински проблеми а само една твоја мала тајна може да спаси нечиј живот. тука се гледа несебичноста на човекот. тука важи правилото помогни му на секој. а не она да му умре на комшијата козата ја сакам фемина тука ги запознав вики44е, кате21, ангелче и ненушка со кој посебно се приврзав и ме прават посебно среќна
Ја сакам фемина,бидејќи може да ме насмее кога сум тажна, моше да ме смири кога сум нервозна femina rock