Си ги кажувам маките, добивам совети, а знам дека нема да испадне ништо на страна затоа што не ме знаат која сум ... Феминките се многу фини секогаш го даваат вистинскиот совет и си немаш мака... Не ни го суше мозокот како фб .... абе срцка
Ја сакам поради вас девојки кои ја правите толку посебна со вашите совети ,критики,пофалби,препукувања итн.научив многу работи. Ви Благодарам
се разбудувам и право во кујна варам кафе седнувам на компјутер и отворам фемина и следам се што се случило преку текот на ноќта.поминува денот јас сум се уште на фемина,еве сега ќе си легнувам а јас се уште на фемина. ја сакам фемина
Еј стварно, пофалете се- убаво ли мирисаат? Какви ноти имаат? Ориентали се, цветни или.... Баш ме интересира, ептен сум љубопитна
Ааа Ангелче уште ли ја кочи работата? Епа пиши кога ќе ги добите, задоволи ја мојата љубопитност Јас не сакам цветни парфеми, повеќе сакам некои ориентални, ама кој ме прашува мене нешто А да не сум офф, ја сакам фемина мк бидејќи овде запознав многу интересни ликови кои сме смеат и воодушевуват во секаква смисла на зборот. И овде ја запознав Цветелина Јанева, која одамна е мој идол
Лилит ма!!! Ај да не бидам оф топик, па да јадам ќотек, ја сакам фемина зошто имам вложено 13 месеци и 3 дена во неа, а тоа не е шега! 10 минути покасно: Морав да редактирам. Сфатив дека сакам некои од луѓето што се на форумов, зошто нали овај они го прават. Ги сакам и точка! Некои одамна, некои не толку одамна, со некои можеби имам различни ставови, но тоа не значи дека не ги ценам, некои во последно време слабо ги начекувам и баш ми е жал за тоа, со некои немам ни 2 реда муабет врзано, ама ги читам и баш ми се интересни... Лилит ме потсети на периодот кога секоја вечер седев на форумов до ниедно време, и заоѓав од смеење со некои луѓе - некои веќе и не пишуваат, ама има нови интересни. Што ли ми стана?!? Моооре излив на емоции
И кај мене не е стигнато, па Лилит не прочита онаму ? Ако смее да се каже, ни ги пратиле денеска утре би требало да стигнат, јас се надевам дека ќе го добијам оти тешко чичко поштар ќе биде после А треба да кажувам зошто ја сакам фемина? - Имам пишано и погоре ама во целост бидејќи е НАЈДОБРА ! Ариел ни ова не е шега
I Фемина! На маица! Заслужува. Ма каков Њу Јорк, какво Ново Лисиче! Фемина будало! А зошто? Затоа што себично кажано ама најреално добив многу совети. Затоа што голем дел од девојкиве сокриени зад виртуелни именца се личности со огромно Л. Затоа што запознав прекрасни личности со кои уживам да водам бесконечни разговори. Затоа што тука можам да се насмеам до кочење на вилицата. Не се зезам, од вчера почна да ми крцка! Затоа што тука можам заедно со некој да доживеам среќа, тага, новости од прва рака. Затоа што тука сфаќам што значи зборот разновидност и посебност. Затоа што овде времето не поминува залудно. Затоа што овде немам потреба да буљам по ничии профили и да упаѓам во нечија приватност. Имам желба да читам нечии размислувања. А тоа ми значи повеќе од се. Ете токму затоа. Фемина kicks ass!!! 4 real. Aaiiiight?
Сега за сега дека сум нова, би рекла затоа што има психолошка позадина во сето ова, а тоа ми користи исто како и на психолошкиот курс на кој одам да се едуцирам
Бидејќи немам дневник Не, се шегувам. Немам али не е тоа причината што ми драга фемина ...Уствари, не ми е драга фемина туку девојките што ја прават таква. Го сакам ова место каде што можам во секоја минута што ја имам слободна да испуштам фурија од воздишки гнев рафални емоции и брутална искреност и да добијам фидбек реален искрен непретенциозен и независен од другите фактори кои би ја оптеретиле нормалната комуникација. Го сакам фактот што така добро се знаеме а не се ни знаеме. Го сакам моментот на немаскирани маски и виртуелно општество каде можам да се расфрлам со емоции и зборови кои само ЖЕНИ можат да ги разберат... Жените беа на Венера, сега се на Фемина!
ЈА ОБОЖУВАМ ФЕМИНА -можеш да споделиш што ти се случува -да научиш нешто ново -да прочиташ мислење и од машкиот пол секако пред се сајт кој е на многу начини поинаков од сите други сајтови, и поинтересен секако
Не можам да се замислам без Фемина Прво фемина од сите можни страни кои ми се на располагање па се друго.... Толкуууу многу ми помогна многу често висам на сајтов и незнам зошто ми требаа 100 години да се зачленам ама еве ме ќе се потрудам колку што можам да помогнам . Ја обожавам фемина Моето прво мислење
Ја сакам фемина, ма не јас ја обожавам бре луѓе.. Најпрвин овде си најдов совети кои ми помогнаа да сменам една мана која ме кочи долго време.. Овде можам да кажам се што ми лежи на срце и на душа. Ја сакам и затоа што е поразлична од сите форуми кои ги знам, овде едноставно има сериозни форумџики. Фемина е закон
Ја сакам фемина затоа што е единтвена. Затоа што научив многу паметни работи, прочитав многу мислења кои влијаеа на мене.
Затоа што можеш да помогнеш на некој и тебе да ти помогнат. Никој не те осудува и можеш да прашаш за било што и да добиеш соодветен одговор. Затоа што има супер девојки кои своето искуство и знаење го споделуваат несебично со други. Сајт совршен за сите женски. Само напред.