Можам да зборувам колку сакам без притоа да ми рече некој Аман зачепи. Можам да си кажам свое мислење, на повеќе теми за кои немам со кого да дискутирам лично. Можам делумно да запознаам нови луѓе, нивни гледишта. Можам да научам многу, иако навидум тоа ми беше неверојатно. Можам да бидам јас и да не се срамам од истото. Можам да се чувствувам среќна бидејќи не сум била само јас со такви проблеми. Иако не верував дека некогаш ќе го кажам ова, и бев скептична во прашање со форумов...Фемина, je t'aime.
Затоа што е едниствено советувалиште за мене,кога ке ми треба некој совет или слично Затоа што можам да ги пишувам моите тајни без утре да мислам дали ке ме издаде некој Затоа што ми го потполнува слободното време искористено со добра забва тука Затоа што се заразив исто како со Facebook
Па ја сакам Фемина поради мн работи- слободно изразување на она што го мислам, кажување на некои тајни, добивање совети и мн др.
Прво како и многуте феминки како што напишале ради многуте корисни совети кои можам да ги најдам а и да дадам по некој ( па се осекам убаво ако на некому му помагнало) можам да си ја испразнам душиката за тоа што ми е тешко,без некој да ме гледа со осудување или предрасуди, има многу позитвивни и либерални девокјки, забавни полни со позитивна енергија.. зашо мојата интимност и заштитена , зашо фејсбукот го откачив од кога се зачленив на форумов, и не го трошам залудно времето додека сум на интерент, напротив се едуцирам и разменувам мислења за многу корисни теми..Ја обозавам фемина.мк и форумов.Ви благодарам на сите за секој совет мисла и обрнато внимание и голем поздрав за инцијаторот на форумов и најдобриов сајт во нашата држава!
femina ја читам од почеток, ми се допаѓаше тоа што за се имаше по нешто, дури кога имавме задача по англиски да направиме реклама, јас ја рекламирав фемина дури сега се зачленив затоашто бев несигурна за тоа дали убаво ке се изразам, да не се понижувам јавно -.- ама откако почнав, супер се забавувам, немам проблем со никого, 2 теми отворив Добив многу корисни совети, делев совети, и така...
Не бев се вклучила на фемина 10 дена и сега после толку време сватив колко е интересно и колку ми недостигала. Толку ја сакам фемина што не можам да се наканам да одам да спијам
Можам слободно да си кажам што ми лежи на душа без глед дали тоа ќе им се допадне на другите или не тука можам да ги напишам сите проблеми без притоа никој да ми суди дали сум згрешила ја сакам ФЕМИНА затоа што постојат феминки кои не се дволични а во реалниот свет сите знаеме што се случува и знаат како да се постават кон останатите без да навредат..
Тука секогаш, во секое време можам да дадам и да добијам добар совет, можам да се расположам и да се насмеам без разлика на тоа што сум имала лош ден, можам да кажам свое мислење на многу теми, да разменам добри и лоши искуства... Фемина е the best!
Зошто ја сакам? Затоа што е само за девојки и иако има понекое машко тоа е од супер помош. Затоа што постојат теми како Сакам да кажам... во кои можам да зборувам и да зборувам и да зборувам, тоа да го знаат еден куп личности и притоа ниедна од нив да е ми рече Дај досадна си!! Затоа што можам слободно и без цензура да прашам што сакам. Затоа што дознав многу работи за кои не можам да зборувам со никого. Затоа што моите проблеми тука се сфатени. Затоа што можам да си ја кажам маката и да ми олесни. Затоа што ја добив најголемата поддршка во борбата со килограмите. Вака можам до утре, ама мислам дека доволно кажав. Ја сакам femina.mk, затоа што е најдобра во се. А уште повеќе ги сакам феминките...
Затоа што го има најдобриот форум кој ми се нашол во разно разни ситуации,затоа што има прекрасни статии за се и сешто,добри совети,уште подобри фотографии,весела и шарена страница! се што ми треба тука си наоѓам и се надевам дека ќе се развива и ќе достигне уште подобро ниво со помош на сите почитувачи на странава!
Затоа што конечно видов дека постојат луѓе кои сакаат да ти помогнат,да те поддржат,да те посоветуваат и.т.н,но исто така сватив дека не сум еднинствена во некои работи
Сакам, ко прво ми е претежок збор дон’т вона гет соу емош’нал абаут ит... нисам ти ја шмизел бизел Затоа што, во едно вакво мало виртуелно пространство за прилично кратко време можев да влезам во главата на буквално секоја од девојките и момците (да не ги дискриминирам ), кои бар малку биле искрени во тоа што го пишале... зборувам за искреност во врска со вистинитоста на нивниот идентитет. За она колку биле искрени за емоциите, за цврстината со која сакале да се претстават или нивната ранливот, ми е сосема јасно, колку и да сака некој да го скрие она вистинското што го има во себе, тоа се чита.. кога и да е ќе излезе, дури и се провлекува најчесто во секој еден пост... се испушта тук-таме со по некој збор. Ма се е до зборовите, секогаш го кажувам, но кој како ќе го разбере. ...Бидејќи си го потврдив она што го мислев отсекогаш дека колку и да сме различни, колку различно и да сме се обликувале со текот на годините, има милиони работи кои што не прават исти. Па можеш да си десет години постар или десет години помлад се е исто, разликата е можеби во нијанси во твоите реакции, пошто кај некој од нас, дури ни искуството не не учи да не ги повторуваме истите грешки ни се допаднале бре уште првиот пат тие, sweet mistakeѕ па удри бате, уживај дур го правиш and call it mistake потоа, ако евентуално математиките не се вклопат Ма исти сме си за тие ствари машки-женски, големи-мали. ...Бидејќи можев да ги доживеам како луѓе, личности.. сите, без претходно да ги видам како изгледаат физички (сеуште и не знам како изгледаат, освен Офи, Марама и Лин ). Сите ги/ве гледам во мојата глава, на база на тоа како ве дожививувам тука, како сум го доживеала тоа што го имате во себе, а тоа она нешто што недостига во реалниот свет. Пошто, повеќето сте ми убави во главата.. преубави, совршени. Но, тоа што ми се мотаат како такви ликови е бидејќи, како такви луѓе сте се претставиле, а тоа нема врска со вистинскиот физички изглед, бидејќи едно е да си убава девојка или дечко, а друго е да си убав човек. Ма убави сте бре и точка. ...Тука се поврзав со приказните на некои од девојките и преку нивните повторно си ги преживеав своите падови и победи. Си ги видов своите грешки, пропусти, ама и паметни потези, баш поради туѓите грешки во истите ситуации. И најбитно од се, е бидејќи само тука можам да зборувам за емоции дури и во зелка формат, која и не е дури ни четвртинка комплицирана од тоа како ми е во хаотичната моја глава, а пак со луѓето да не зборам. Ма блес ју ол! ми требаше доктор за тие работи... заштедив на пари. Има и многу други работи за кажување али... земете ми го микрофонов плиз
Си ја сакам Фемина и сите од Фемина Во овој виртуелен свет не сум злопамтило да знаете,и затоа ви праќам гушка на сите Тука можеш да најдеш одговор за све,да си ја отвориш душичката,да побараш совет.Нај ќефски ми е кога знам дека некому помагам и му давам подршка и кога знае да ми заблагодари на мојата искрена помош.Кога ќе добијам таква лп ете ме исполнува,што макар виртуелно си пружал рака некому
Затоа што на неа пишуваат нај паметните девојки. Затоа што откако пишувам на фемина сватив многу работи. Затоа што го дигна моралот во мене. Затоа што кажувам и прашувам се без да помислам дека некој ќе ме исмее а истото. Затоа што учам од постовите на феминките. Затоа што можам да се исплачам и да кажам кофа сум радосна.. ....затоа што ЈА САКАМ ФЕМИНА.
Да, ја сакам, и тоа многу! Денес, бидејќи ми е лек против нервоза... На почетокот, ми се допаѓаше бидејќи си имав информации од прва рака за бјути-рилејтед стаф. Потоа бидејќи ми помагаше со подобрување на македонскиот. Потоа бидејќи си направив куп другарки. Иии... тоа би било доволно.