Ја сакам затоа што дознав многу нови работи Ја сакам затоа што дознав дека имало многу добри и мили девојки Ја сакам затоа што овде можам да се смирам и да се одморам Ја сакам затоа што секогаш на неа има нешто ново Ја сакам затоа што нема тема која не постои ,па можеме се да си кажеме Можам да пишувам ..Охоо
Затоа што овде можам некому да помогнам и некој да ми помогне. Затоа што овде наогам многу корисни информации. Затоа што овде можам да се изнавикам и да се изнаплакам и да си искажам се без некој да ме осудува или малтретира со своите прашања. Затоа што кога се чувствувам осамена тука е единственото место каде наогам друштво. Затоа што овде сите се насмеани и полни со енергија. Затоа што ја сакам femina.mk
Ја сакам затоа што има доста корисни информации. Ми помагаат, и им помагм ( колку можам). И мнооооогу други работи. Ја сакам многу и од се срце и го честитам роденденот. Среќен роденден ФЕМИНа Да дојдеме на торта
Овде можете да и го честитате роденденот на Фемина. kafe-muabeti/sreken-rodenden-femina-t9422/#p824022 И овде ке напишам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФЕМИНА!
затоа што си читкам корисни совети кои што дефинитивно може да ми ги каже само некој поискусен, ама еве тука од повеќе девојки плус. и затоа што ми дава чуство дека има и полоши ситуации во моментот кога се чуствувам лошо и дека не сум единствена
од секогаш ја сакав фемина секој ден ја разгледував страната,а од кога се зачленав на фемина уште повеке ја засакав,сите членови се мн пријатни можам да добиам секаков совет ,помош информација за се што и да ми треба ја сакам фемина
Фемина е како сонце во мојот живот. Секогаш кога сакам да побарам совет знам дека ФЕМИНА е вистинското место за тоа. Знам дека овде, без разлика какви луѓе има, сите си помагаме едни на други. Секогаш можеме да се пофалиме за што сакаме, да се поплакаме за што сакаме, да исплукаме некого, да кажеме за што сме способни за што не сме и слично. Со еден збор Фемина е совршена.
Ја сакам Фемина затоа што е тука кога немам кредит да му се жалам на дечко ми, па ќе си пишам тука. Ќе се изнаплачам тука (зборувам за форумов), ќе прашам нешто за што знам дека сигурно ќе ми одговорат во рок од 2 минути (кога постоеше СДП), ќе кажам работи којшто на ниедна другарка не сум ги кажала, ќе прочитам нешто што не сум го знаела. Епа си ја сакам Фемина бре.
Затоа што можам да најдам одговори на нешта кои ме мачат, затоа што фемина секогаш знае да ме сослуша и да ми помогне во секој момент.. место каде можам да научам и да споделам искуство и мислење... и како што напиша EnnieFabulous учиме едни од други, без разлика дали сме постари или помлади позз девојки
Леле колку си ја сакам фемина,верувајте цел саат се канам да станам од компјутерот и да се разделам од вас и никако не станувам.Либето ми се трипати јави на телефон и јас се нешто набрзина зборам бидејки сакам да сум со вас феминка моја мила. Да си ја сакам фемина. :
Најјмноогуу си ја сакам ФЕМИНА!!!!! Тука во поголем број сме си девојки, си менуваме мислења, даваме совети, мнооогу работи што ми требале имам прочитано..... хехе и НЕ си ја менувам, ко сестричка ми е!!!!
Девојките над мене кажаа СЕ. Но пред се, тука сум зошто е заразно. WE ALL LOVE FEMINA. *truestorybro*
секогаш кога го уклучувам ком.прво нешто што уклучувам е ФЕМИНА. И се разбира, заборавам кога да станам. Ме развелселува кога сум тажна, ме дружи кога сум сама, едноставно не можам без неа. Да продолжиме само напред, ФЕМИНА те сакаме!!!