ја сакам феммина бидејки има прекрасни работи на странава и прекрасно личности и покрај тоа што не ги знам љубезни се и трпеливи да ми објаснат тоа што ме интересира
Ја сакам Фемина зашто можам да се искажам зашто тука најдов личноти кој ме рабираат и подржуваат зашто е поучна има уште многу али да не се повторувам, девојките претходно кажаа се.... I Love you... Feminaa
Неверојатно многу работи научив, открив колку прекрасни и интелигентни жени криела Македонија (сериозно) и за мене функционира како еден вид далечински управувач кон решавање на разни дилеми, прашања, потпрашања. Кога сум била нервозна, тука сум си се испуцавала, коа сум била среќна, тука сум споделувала и тн. Друга работа, ми се свиѓа што како форум има многу попрегледна структура и лесно се вклопуваш, се` си е така педантно изорганизирано по папки и лесно можам да најдам шо ми треба. Ова е прв и единствен форум на кој досега се имам зачленето и таа прегледност и те како ми користеше. Е сеа не ми се свиѓа шо на моменти ми делува како жива зараза Значи еве најконкретен пример сеа. Значи последниве два саати душава ми умре за кафе, а јас никако да станам, викам „ај уште една страна, ај уште една...“ И си глумев Трпана . Ама затоа сеа кафето ми е уште поубаво...
Можеш да дознаеш многу корисни информации. Можеш на форумот слободно да си го искажеш своето мислењето. Зашто тука најдов личноти кој ме рабираат. Ја сакам Femina
ја сакам фемина-оти премногу информаци дознав од тука,има добри феминки кои сакат да помогнат на тие што навистина им треба помош,знаат да разберат и сослушат.. ФЕМИНА
Ја сакам многу фемина! Бидејќи секогаш си кажувам што ми лежи,жените и девојките тука се многу трпеливи кон едно 14 годишно малишанче (јас ),ми даваат супер совети.Тука пишувам се што неможам да и го кажам на мама. Ме советувате,и секако знам дека тие совети доаѓаат од искусни жени. Бев регистрирана и на гламстик,но таму беа премногу несериозни,се зезаа и пишуваа глупости.. Тука знам дека интелегентни жени ми одговараат на прашањата,и многу ми е убаво,на сајтов си се чувствувам како дома САКАМ ДА ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ ЗА ТОА ШТО СЕКОГАШ МИ ПОМАГАТЕ
затоа што е прекрасен сајт и можам да си кажам шо мми лежи на душава и заради што има прекрасни совети едноставно НАЈДОБРА ЗА МЕНЕ
Ја сакам заради милиони причини а најмногу затоа што сватив дека не сум единствената во некои работи, што се здобивам со многу корисни информации и многу слични нешта! Но, најмногу од се ја сакам, затоа што ми го убива времето на најдобар можен начин! ДА ЖИВЕЕ ФЕМИНА!
.. ..Фемина онлине ја читам веќе 3 год,некако не се сомелував да се регистирам на форумов,некако го сметав за неинтересен....ама....хахааха.......еднаш имав така време фазла,и од тема на тема,читајќи се запрепастив колку можам да даам и да примам тука.....мои мислења и од другите членови.... се осеќам слободна да си кажам се што ми лежи на душа,ако ми е тешко ги читам искуствата други што ги доживеале па ги споделиле тука,црпам она што можи да го применам,едноставно,презадоволна сум од се....само што некогаш ми пречи кога некои форумџики си земаат за право да судат за некого што постапил вака или онака,и пишат навреди......само напред продолжете да сте супер ,вака со нас се разбира....
ја сакам фемина затоа што е единствен форум на кој се даваат вистински и преубави совети,се стекнува пријателства.има разни теми каде што секој може да се пронајде да сподели со другите но и да научи нешто и од нивните искуства.може слободно да кажеш мислење,да се искажеш во секое време. многу сум среќна што постои овој форум и се разбира феминките
Ја сакам многу ФЕМИНА Затоа што има многу корисни совети Има многу интересни мислења Различни доживувања и случки Најдобар форум И многу девојки со кои имаме заеднички мислења Позз до Фемина и сите Феминки
Ја сакам фемина затоа што : - Стекнав повеќе пријателки - Научив многу нови работи - Има корисни совети - Сватив дека не сум единствена во некои работи за кои премногу се плашев
Ја сакам ФЕМИНА поради тоа што е секогаш тука за мене кога сум нервозна, има каде да се испразнам, бидејќи многу сакам да им помагам на луѓето а тоа го можам тука, бидејќи си го поправив стилот гледајќи ве вас девојки како прекрасно се облекувате, и за крај бидејќи тука има прекрасни и фини феминки кои ми помогнале, ме посоветувале кога ми било најтешко и кога не сум знаела каде да се обратам! Ви благодарам многу! ДА ЖИВЕЕ ФЕМИНА!