1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    199 глас(а)
    49,8%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 глас(а)
    50,3%
  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Моменталнава работа што ја работам ми е одлична и ја работам од љубов.

    Всушност, сега го работам тоа што ми беше сон пред да се запишам на факултет. Се надевам дека луѓето ќе бидат задоволни од мене и дека ќе потрае. :)
     
    На Traveler91, КикиМаус, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    И јас отсекогаш сум сакала да работам вакво нешто. Не ни мислев дека ќе го работам за брзо. :)

    Се пронајдов, убаво ми е, со мерак работам, уживам, не ја сфаќам како напор. Реално, со заработката сум и повеќе од задоволна, дополнителна мотивација ми е и тоа.

    Ама моментов со тоа што е од дома... :x Ако престанам, ќе биде само од таа причина. Или ако најдам нешто многу поплатено. :)
     
    На Tam4yy, КикиМаус, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    На почетокот ми се допаѓаше иако повеќето време седам на компјутер има и понекогаш физичка работа инцидентно.Платата не е голема ама за човек неженет како мене таман ми е.Проблемот е што сум човек кој не знае да забушава.Психички почна да ме заморува и на моменти се воздржам да не возвратам во вербален дуел со претпоставениот посебно кога сум во право.Еден ден одмор имам и не знам што попрво...два дена би било прекрасно ама не сме сите буџетари нели?Смената ми е само прва што е е еден голем плус.Гласам за 50%-50%
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    ja sakav,veke ne tolku.
     
  5. mari91

    mari91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Работата ја работам затоа што морам.Мојата фамилија егзистира од мојата работничка плата.За жал, дипломата од завршениот факултет си стои во фиока и веќе немам надеж дека воопшто ќе ја искористам, бидејќи немам партиска книшка.Во приватната фирма на раководните функции се поставени роднини со завршено тригодишно средно образование, без никаква стручност, а за култура и однесување и да не коментирам.Многу е тешко кога треба да работиш нешто што мораш, но знам дека овој проблем го делат многу луѓе, кај нас овде...Сега моментално и психички и физички се подготвувам да одам трета смена на работа, со мисла дека мора да се издржи...
     
    На КикиМаус, Petar80 и mila1111 им се допаѓа ова.
  6. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Си ја сакам работата .. напорно е и си има голема одговорност но тоа е всушност она што го сакам и сум го завршила
     
  7. ketrin pirs

    ketrin pirs Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Да ја сакам(y)
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ja работам затоа што морам.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Не ја сакам воопшто работата што ја работам. Морав да одам на работа иако несакав, сакав да одам на факултет но од х причини неможев за жал.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Работата што ја работам е механичка, но мене лично ми е интересна, луѓето со кои работам ме сакаат и почитуваат поставени се заштитнички према мене, единствено не сум баш задоволна од платата, но тоа е што е
     
    На КикиМаус, okcenzi и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Работам на рецепција во едно мало хотелче. Ја сакам работата, запознавам луѓе од најразлични земји. Понекогаш ме нервира работата под притисок, кога газдата е малку нервозен, но ретко е. Газдите (маж и жена) се многу фини и имаат разбирање.
    Се лутам кога морам да одам горе по собите кога нема собарица, но тоа е што е. За среќа, тоа станува речиси минато.
    Платата ми е проблем, затоа што сум на минималец плус патни трошоци.
    Но, убаво ми е. Не се жалам.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Не ја сакам, се обидувам да ја засакам ама слабо оди
     
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Си ја сакам работата,затоа што секогаш мечтаев ова што го работам еден ден да го работам,и ми се исполни сонот :)
     
    На Traveler91, КикиМаус, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    Ја сакам, бидејќи го работам тоа што го студирав и завршив. Секогаш сум прва смена, што барем мене лично ми е супер. Работата е претежно канцелариска, ретко теренска, поготово овие месеци кога е многу ладно. Унапредување имав сега скоро, така да, со платата сум задоволна засега. Понатаму секако дека ќе се стремам кон уште подобро :)
     
    На Traveler91 и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Абе јас и ти да не сме колешки? :D Од збор до збор би го напишала истото :)
    Шала на страна, јас мислам дека со сегашнава работа си ја засакав професијата. Иако бев тотално изгубена откако земав диплома и сериозно на моменти си се прашував: Зошто по ѓаволите го одбрав овој факултет? :^) Работата ми е супер, не е нешто шаблонско што се работи на „авто-пилот“, туку е многу интересна, креативна и истражувачка. Најмногу ми се допаѓа што постојано учам и се надоградувам, некако самата работа си го бара тоа. Не е нешто што го верглаш со години и отупуваш после некое време.
    Се надевам дека здравје ќе имам прилика уште долго да го работам ова, со истиот совршен склоп на одлично одбрани луѓе :)
     
    На Traveler91, Annora и Daydream им се допаѓа ова.
  16. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Ја сакам работава ,сега сум на боледување, влегов преку свекорот во Мигрос сите сме тука овде кај зеленчукот , тешко е некогаш посебно во зимо, ама па се исплаќа да се работи.
     
  17. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Ја сакам работава ,сега сум на боледување, влегов преку свекорот во Мигрос сите сме тука овде кај зеленчукот , тешко е некогаш посебно во зимо, ама па се исплаќа да се работи.
     
  18. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Во последно време почнав да ја засакувам. Има понекогаш стресни денови кога сакам сите да ги изнатепам но се многу ретки. Доста физички активна ми е работата цел ден на нога трчи натаму наваму, но организациските способности сега ми се левел да се чудиш. Никогаш не сум замислувала дека ќе го работам ова денес, од крај сум сакала сосема друга рабтоа за која што е потребен факултет кој јас за жал не го завршив, но и покрај тоа на местово каде што сум има доста место за унапредување и докажување. Од менаџерката немам жалби, супер е за се нешто ми се нашла во пресрет, понекогаш знае да откачи и да крене носот но во глобала е супер сега за сега.
     
  19. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.641
    Допаѓања:
    9.459
    Пол:
    Женски
    Си ја сакам работата, иако ми е онлајн не можам да замислам да ја немам. Имам супер тим и шеф кој е многу флексибилен, знае секогаш да објасни и на време плаќаат.
    Сакам да пишувам па така повеќе си ја гледам работава како некоја ментална релаксација, но некогаш знае да ми дојде преку глава ама не и да ми се одмили. :) (wfh)
     
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    135.241
    Пол:
    Женски
    Porano da, megutoa vo poslednive nekolku godini se poveke i poveke ja zamrazuvam poradi mnogu okolnosti