Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    188 глас(а)
    51,6%
  2. Не, работам затоа што морам

    176 глас(а)
    48,4%
  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.259
    Ne
    Jas go imam istiot problem.

    Toa e I zdravo. Radoznalite luge I zelni za novi znaenja procentualno zavrsuvaat so mal procent vo ova vreme na cunami of dementia.
    Mozokot e tendzere koe ako ne go polnis ke se isprazni, zatoa ne se plasi od toa.
    Luge so poveke karieri vo svojot zivot se mnogu poatraktivni za rabotodavacite od onie koj cel zivot edna te ista rabota ja rabotat I toa na isti nacin pa ako im gi prefrlis penkalata od drugata strana ke gi fati nervoza, cela nedela nemozat da se naviknat na novo nastanatata sostojba. :^)
     
    На GirlLove, KuklickaSk, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yalishandela

    Yalishandela Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Ја работам затоа што ми е потребна, не можам да речам дека ја сакам или не ја сакам. Едноставно се прилагодувам само, што не значи дека треба да трае вечно тоа прилагодување. :)
     
    На Oscar Lady и toogood им се допаѓа ова.
  3. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    1.850
    Пол:
    Женски
    Јас си ја сакам работата,само мразам кога ми се мешаат во приватен живот и ми говорат како треба да го живеам според нив,абе и јас знам ама некогаш не излева според планот ништо нели.
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Си ја сакам работата, ме исполнува, но имам потреба и од одмор, викендите со душа ги чекам, да се опуштам малку, да не ги мислам обврските и да не се будам со аларм. :)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Машки
    Претходната ја работев без елан и волја, таква беше работната атмосфера.
    Последнава ја работам со љубов и многу вложување. Нудат големи шанси за напредок и самата фирма те поттикнува да одиш напред.
     
  6. Iluzija666

    Iluzija666 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас работата не си ја сакам воопшто,премногу ми е тензична и газдите по цел ден ми висат на глава.
     
  7. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    7.396
    Пол:
    Женски
    Си ја најдов работата што ја сакам и ме исполнува!! :)
     
  8. Iva9612

    Iva9612 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Дали е срамота на 23 години да не работиш бидејќи бараш работа по струка?или треба да прифатам било каква?
    (имам машински завршено?
     
  9. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Зошто би било срамота?
    Секој најдобро си знае за себе. Ако можеш без работа, се додека не најдеш, тогаш е ок. Ако сакаш да работиш било што, а во меѓувреме да бараш по струка пак е ок. Јас на твое место би го избрала второво.
    Впрочем и сега конкретно не работам по струка и покрај тоа што имам работно искуство во струката. Работам нешто сосем трето. Ете сплет на околоности.
     
  10. Iva9612

    Iva9612 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    оти од многу слушнав демек срамота е на 23 сеуште да чекаш пари од дома да ти дадат не си сува земи работи,а од дома не ми прават притисок ништо само јас си клавам се на срце
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    30.914
    Пол:
    Женски
    Не е срамота, ама убаво би било да работиш нешто додека да најдеш работа по струка. Ќе си имаш свои пари и ќе стекнеш навика за работа.
    Тоа е мое мислење сепак ти си знаеш.
     
    На Annora и MarigoldA им се допаѓа ова.
  12. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Дополнив погоре.
    Приметив и во други теми многу ти влијае што ќе кажат другите.
    Твој избор е. Ако тебе невработеноста не ти е проблем, а ни на твоите, секако додека си најдеш каква сакаш работа, батали кој што ќе каже.
     
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.486
    Јас воопшто не си ја сакам работата, не ме исполнува. Дури ни финансиски не ми дава стабилност којзнае кака. Имам мала плата а работам многу часови и со малку слободни денови. Се надевам привремено ќе биде вака.. имам 20 години и студирам. Додека студирам работам било каде за плус да заработам бидејќи учам во друг град и имам многу слободно време. Кога се враќам дома, за викенди или кога и да е работното место повторно ме чека бидејќи не можат да најдат некој за стално што ќе работи во фирмата, па така не останувам многу слободна. Едвај наоѓам време да спијам. Од јуни до сега работев секој ден бидејќи тука така оди, колку смени толку пари..
     
  14. Forca

    Forca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Машки
    Ја сакам сопствената работа до толку што да би имал одвишок пари за да ги покривам давачките и за живеење, мојата работа би ја работел за без пари, али тоа во некои идни подобри времиња (ако ги дочекам :D )
     
  15. tina2018

    tina2018 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Сигурно работиш за себе, не за друг. Кажи што, и ние да поработиме, може и за плата, не се бунам. Поз
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    599
    Јас си ја обожавам работата и платата ми е одлична, но (мотивација за обие кои не се во завидна положба), до тука стигнав со многу труд и долго работејќи работи кои не ги сакав.

    Не секој ја има истата среќа. Читам луѓе кои од старт си ја сакаат работата и баш ми е мило. Јас бев студент на генерација, но по струка работев само неколку месеци, за 5000 ден и 48 работни саати неделно. Тогаш се разочарав и почнав сама да работам за себе (немав фирма). Нормално без искуство никој не ти верува, па добри 6 месеци работеб бесплатно само за да стекнам клиенти. Во меѓувреме, затоа што морав да заработам за да преживеам, работев било што, од продавачка, слаткарка, на билетара и сл. Си ветив себеси дека ќе успеам и си ставив за цел секогаш да одам исклучиво на подобри позиции и за исто или повеќе пари, немав време за да одам на долу.
    Приватното ми носеше доста пари до тогаш, но сфатив дека трошам премногу време а добивам премалку пари. Вложував во курсеви, учење од дома, сертификати, се околу факултетската струка.
    Сосема случајно добив можност да работам во фирма за електро инжињеринг (далеку од мојата струка) на ниска позиција. Се трудев многу, многу плачев, учев и се докажував. Фирмата се распадна но јас имав барем малку искуство за да аплицирам во слична компанија, и така уште неколку пати...
    Long story shirt, денес сум на висока менаџерска позиција во оваа сфера. Нема врска со мојата струка и не беше лесно,но се надоградував и учев и продолжувам да го правам тоа секој ден. Работата просто си ја обожавам, и фирмата и луѓето и платата, се е супер. Сеуште вложувам во сертификати (иако тие по струката никогаш не ги искористив) кои во оваа индустрија мн ми помогнаа и сеуште сум со истата мотивација - од тука одиме само горе.

    Поука од мене: бидете вредни и умни и никогаш не се откажувајте, трудете се секогаш да сте конкурентни, секому му треба добар работник. Колку и безцелно да ви се чини тоа што сега го работите, верувајте ми, од секоја позиција ќе научите по нешто вредно за во иднина, така да подобро џабе работи отколку џабе да седиш дома.
     
    На Forca и MarigoldA им се допаѓа ова.
  17. Girly90

    Girly90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    998
    Пол:
    Женски
    Си ја обожавам работата. Си работам по струка и сакам да одам на работа. Дури повеќе време сакам да сум таму отколку дома и многу често сакам денот да трае 10часа да можам се да постигнам. Ама убаво ми е. Платата само да ми биде поголема, тоа ми е проблем
     
  18. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    966
    Пол:
    Машки
    Работам затоа што по многу фактори, не би успеал ако излезам сега. Откако ќе излезам од ужасната "работа" ќе правам сѐ за да не се зафркнат помладите, ќе им објаснам како стои шемата таму.
     
  19. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.181
    Работата си ја сакам освен што е многу обемна и после секој ден сум исцрпена и за таа напорна работа земам минимална плата. Се надевам на подобро, но сега за сега е така.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.095
    Допаѓања:
    43.043
    Пол:
    Женски
    Повеќе ги сакам луѓето со кои работам, што ми е доволна мотивација и прави да си ја сакам и работата. :D Ова што сега го работам е далеку од мојата струка и би го сменила со нешто посоодветно, ама не за скоро време. :) Платата е океј, не се жалам ни од неа, иако кога би работела по струка би земала повеќе.
     
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.