Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Discussion in 'На работното место' started by ROSII, Nov 29, 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    200 vote(s)
    49.9%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 vote(s)
    50.1%
  1. mina

    mina Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2009
    Messages:
    1,260
    Likes Received:
    639
    Учев за едно а веќе 2 години работам нешто сосема друго што нема никаква поврзаност со моето образование! Како и да е не се жалам бидејќи сум задоволна со рабптата која работам! Едноставно ме бидува за трговец и се чувствувам успешна и способна во својата работа! А и пред време знаев што ќе работам бидејќи логично ми беше покрај моите родители трговци и јас да работам нешто слично! Би било супер еден ден ако ми се најде во корист дипломата и се вработам на работно место за кое учев, но и нежалам многу! и вака ми е добро! Воглавном сум задоволна! ;)
     
  2. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    150
    Likes Received:
    84
    od pred nekoja godina odam zatoa sto moram , na rabota
    porano toa go pravev so srekno lice , a sega skisnato
    pa taka vo potraga po nova rabota sum
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Joined:
    Sep 1, 2010
    Messages:
    661
    Likes Received:
    160
    Работам според тоа што имам завршено и мојата професија може да биде далеку поинтересна доколку имав повеќе среќа да работам во поинаква средина :) Значи моментално фирмата во која работа не знае уште колку живот и останал..За жал депресивно е за толку голема компанија да пропаѓа полека полека. ТАква ми била среќата, ама со оглед на денешниве услови за работа и воопшто немањето работа, не смеам многу да се жалам...Ќе видиме што понатаму, се надевам на подобри времиња и подобра иднина :^)
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,449
    Likes Received:
    5,411
    си ја сакам работата која ја работам. во принцип сум човек кој лесно се приврзува за работите, па така се навикнав на ова што го работам. во суштина не го работам она за што учев и се нервирав 4 години, но диплома како диплома стој, не губам надеш барам работа и по струка, се распрашувам и се надевам дека ќе најдам. но и тука ми е убавко. во принцип и кога барав работа не барав било што за само колку да заработам, туку нешто што навистина ке можам пред се да го работам и колку толку во суштина да ме задоволи. така да срекна сум што сега за сега успеав да најдам солидна работа, но моите анбиции не завршуваат тука
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,289
    Имам работено во 2 фирми.
    На првото место одев од што морав, секое сабајле ооодвај станував од кревет цела нервозна и полна со негативна енергија зашто мора да идам на работа. Ич не ми беше интересно! Жива среќа тоа траеше 2-3 месеци!
    А сега работам во одлична фирма, не е се совршено зашто сум практикант, не сум вработена и зимам 5 пати помала плата од вработените, ама си ја сакам работата, колегите, фирмата, преубаво ми е, насабајле си станувам задоволна и одам на работа, некад знам да речам и во сабота дека ми се оди на работа.

    Така да навистина е мнооогу битно работата да се сака дури мислам дека и би работела за помалку пари ама нешто што ми е убаво и уживам во тоа.
     
    BossGirl123 likes this.
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    8,295
    Јас почнав да работам бидејки бев при крај со фалултетот и се повеке време поминував дома и ми беше досадно.На почетокот ми изгледаше дека тоа е забавна и динамична работа се додека не забележав дека газдите се многу злобни и лицемерни луге, а згора на тоа немав ниту еден слободен ден во месецот бидејки беше угостителски објект, а и платата беше мала.Но, ова првото најмногу влиаеше за после 4 месеци работа да дадам отказ.Бев дома околу 1 месец и ме повикаа на ново работно место кое исто така беше поврзано со угостителство и нема никава допирна точка со мојата струка, работата е далеку понапорна но и поплатена имам слободни денови во месецот, а најважно од се колешките ми се погодија.Затоа многу си ја сакам моменталната работа нема оговарање и дофрлање зајадливи коментари, навистина постои слога помегу нас.
    Најбитно за мене е работната средина поради неа можеш да ја засакаш или замразиш работата, а истото тоа го вели и една моја колешка дури кажува една изрека:Болест е да работиш работа која не ја сакаш само затоа што не ти се погодени колешките. :)
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    667
    Likes Received:
    2,008
    Во ова лудо време,едноставно мора да работиш (барем поголемиот процент од луѓето).
    Навистина е жално што еден мал милион на вредни и иинтелегентни луѓе кои со напор,воља и труд го завршиле својот факултет а сепак немаат прилика да го покажат на дело и во пракса своето знаење,туку едноставно се насочени својата енергија да ја трошат на друго работно место кое без разлика дали има се допаѓало или не мора да го работат.Е сега можеби некои од вас помислуваат дека уствари ништо не мора ,освен да с еумре ама не се согласувам со тоа.Како ќе се пробиваш низ животот ако не застанеш на свои нозе? Да искусиш како се печали парче леб,како самостојно го заработуваш тоа мало и ценето богатство кое ќе го трошиш онака како што само ти ќе одлучиш.
    Да, вистината е и дека има многу луѓе што без никаков проблем и факултети завршуваат и се вработуваат на работното место од соништата и секоја чест за нив па без разлика на кој начин го оствариле тоа или некој друг го остварил за нив,на крајот колку и да зборуваме тие пак ќе останат таму на своето работно место горди дека успеале.

    Јас успеав да ја работам онаа работа која ја сакам а верувам и дека сум создадена за истата,ама верувајте додека го постигнав тоа колку маки поминав...И колку работни места сменив за да собирам пари да ги вложувам во својата иднина...Се исплатеше искрено ,среќна и горда го кажувам тоа и искрено им посакувам на сите со својот труд да си го постигнат тоа што го зацртале!
     
    BossGirl123 and okcenzi like this.
  8. mima83

    mima83 Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    148
    Likes Received:
    57
    Па не дека многу ја сакам,ама не е лоша.платата ми е никаква ќе се смеете да ви кажам колку ми е
    4500ден,а ако ме награди 5000 :devil: ,работам во бутик :worried:
    значи-морам
     
  9. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2010
    Messages:
    111
    Likes Received:
    60
    Чудно,ама си ја засакав работата иако е далеку од мојата струка а и е тешка,по малку и физичка работа,но ме теши што фирмата е јака и огромна.Дури сега имав и предлог за далеку полесна работа и поплатена малку,сепак ја одбив.Некако се навикнав,еве сега сум на зимски одмор и навистина ми требаше ова,а кога почнав да работам ми беше многу тешко и напорно,а еве сега се навикнав.Колешките не се лоши,нормално има оговарање и умилкување на шефовите,но мислам дека нема фирма кај што колешките се идеални,не можеш да ги бираш луѓето со кои работиш,но можеш пријателите.
     
  10. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Joined:
    Jun 30, 2010
    Messages:
    461
    Likes Received:
    262
    Gender:
    Female
    Години наназад работев од што морав, а не од што сакав. Со работата бев опседната. Сега си ја сакам работата, ама пак незадоволство земам плата со средното образование и баш денес бев кај главниот, поднесов барање и доставив уверение за високото образование, молев се претопував, ама морам и сакам, разликата не е мала. Држете ми среќа да успеам.
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,367
    на сегашнава работа се вработив бидејќи ми понудија едно трипати поголема плата и напуштив таму каде што работев по струка :D :D

    ама си ја сакам работава сега и се пронајдов целосно, сметам дека ме бива повеќе од она што сум правела порано, зимам одлична плата, ги користам сите јазици што ги познавам, комуницирам со многу земји во светот, учам секој ден нешто ново
    едноставно се чуствувам исполнето и интересно ми е (освен некои досадни вторници како овој).

    така да работава не ми е по струка ама е ушта подобра
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Искрено повеќе работам бидејќи сакам да имам свои приходи и да помагам и дома финансиски,не дека ја мразам сопствената работа,ама не сум и нешто посебно наклонета.
    И нема врска само со тоа дека не е по струка,конкретно во мојата струка во моментов и нема шанси за голема заработувачка,се сменија многу условите,кога започнав студии беше во перспективни работни места,потоа настанаа некои промени кои ја доведоа до незавидна позиција.
    Меѓутоа се надевам дека ќе најдам нешто подобро,дотогаш ќе гледам да си ја вршам работата најдобро што умеам.Напоменувам-не ми е премногу лошо,ама го немам она чувство на сатисфакција кога и после најголем умор од сработеното си се самонаградуваш со насмевка и си во целосна хармонија со себеси.За таква работа копнеам и сонувам со отворени очи.
     
    BossGirl123 and maca99 like this.
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Си ја сакам :inlove: и сега од неа добивам сѐ што ми треба, иако некогаш ми прават стрес кусите рокови во комбинација со невозможните барања, и тоа не ми е толку страшно.
     
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2011
    Messages:
    1,392
    Likes Received:
    1,383
    многу си ја сакам работата :)
    дома работам, супер плата, досадно е малце на компјутер, а и рамењата ме болат, ама ВРЕДИ !
     
  15. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Joined:
    Apr 21, 2011
    Messages:
    81
    Likes Received:
    37
    Jas rabotam vo telekomunikaciska kompanija ama voopsto ne si ja sakam rabotata. Celo vreme e pod stres, so kusi rokovi, po 600 mail-a na den i koga ke zavrsi denot sum pretepana.Platata mi e mala vo odnos na rabotnite obvrski.
    Da mozam da si najdam druga rabota odma bi si odela.
     
  16. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Joined:
    Mar 9, 2011
    Messages:
    188
    Likes Received:
    132
    На почетокот си ја обожавав мојата работа. Имав мала плата,непријавена, ама ми беше предизвик.
    Неколку години подоцна...земам двојно повеќе пари, значи една просечна плата, имам ок работно време, влегов во шемата....ама веќе подолго време ми станува досадно :@ .
    Сега размислувам што понатаму :?: Нова работа лесно не се наоѓа, овде се навикнав, но некако ми личи дека имам мали шанси за напредување. А сакам и можам многу, МНОГУ повеќе, само сеуште немам конкретна идеја или некоја доволно интересна понуда........
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Joined:
    Dec 31, 2010
    Messages:
    1,472
    Likes Received:
    871
    дефинитивно затоа што морам :$ имам паааааа она кај мене не се муштерии туку пациенти :x
     
  18. infinity

    infinity Истакнат член

    Joined:
    Mar 18, 2011
    Messages:
    115
    Likes Received:
    30
    зошто морам, 10 години работев друга работа и сега некако ми е многу тешко не можам да се вклопам
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    Не можам да се пожалам дека било кое од моите досегашни работни места, макар и волонтерски, биле промашена работа или пак залудно трошење време. Можеби бидејќи сум човек со широк спектар на интереси, кој се водел од тоа дека секоја работа е плус искуство, плус знаење, плус графа пополнета во си-ви-то, пак и вираам на секаква клима, па затоа и секоја работа до сега ми била задоволство. Иако прилично малку сум заработувала, дури и за без пари, како волонтер сум работела, насмевката ми остануваше иста и кога одев и кога се враќав од работа, со таа разлика што некогаш дури и порасклештена си бев во фацата поради страшно добриот ден, видените и преживеани нешта, што инаку не ќе ги преживеев доколку не работев таму каде што работев. Истото ми е и со актуелнава моја работа. Дури и мислам дека ова е нештото што можам да го работам до крајот на мојот живот, дури и по пензионирање, освен ако некој нов ветар ме дувне во друга насока.
    Проблемот кај мене си е околината, луѓето. Тоа е тоа што најчесто ме демотивира и ми создава јанѕа. Пак или е шеф, кој немал поинаков начин како да си ги излечи комплексите што дошол некој помлад, со повеќе знаења од него, кој два пати побрзо и поуспешно ќе ја заврши и неговата работа, или пак зајадливи колеги, кои се секогаш обезправени на овој свет, или поскоро задоволството на овој живот нив никогаш не ги стигнува. И како и да е е тие се тие што ти ја пукаат рамката од сликата и ти прават дисхармонија во твојот доброизбалансиран свет работа-јас.
    Тоа ми беше проблемот на минатото работно место, бидејќи тимот во кој си работев сосема се видоизмени, и некако како да си се набилдавме со една невидено голема мрчаторска екипа, желна да шири енергија, каква и змија отровница би ти вбризгала во вените. Во такви моменти сакаш биди највеликиот од сите дебелокожци, имун над секојдневните, континуирани клеветења, озборувања, караници... секако нема да останеш. Па таква една екипа, мене успееа да ми ја одмили работата, дотолку што нозеве се потешко ми се движеа кон работа, осеќав како да правам дупки во тоа бетонот дур се влечев по патот.
    Сега на оваа работа имам проблем со претпоставениот, добро не е повеќе проблем, бидејќи тоа е решено, но негативната енергија што ми ја има всадено, некако си стои како константен бед емоушен штом го видам и ме иритира. Се трудам да го игнорирам од аспект на тоа што човекот го сфаќам и го прифаќам во неговата целост со сите му недостатоци, бидејќи си е едноставно таков, не дека е оправдување де, но ај. И знам дека си бил тој таков со сите пред мене и ќе си биде таков и со сите по мене. Разликата помеѓу мене и сите е што јас, се одржав далеку повеќе од останатите, стигнав далеку повеќе, се покажав дотолку што онаа почетната песна што си ја тераше, потреба да бара влакно во јајце ја изгуби некаде по патот, пак добив и ќључе што би се рекло од неговата доверба, бидејќи ги поминав сите негови тестови и испитувања, вкрстени прашања и шпиунски експедиции, ДБК проверки и што се не друго (така е зборот де) и не само што ги поминав и издржав, туку очигледно освоив топ скор.
    Но, за жал.. за него тоа, јас имам еден друг проблем, да кога ќе го постигнам она што го сакам, потоа рапидно си губам интерес за тоа нешто, сакаш стои на раце, ако нема ништо над тоа, некако да се пренасочам на друго нешто, џабе ми е да си се самосилувам себе си со секое седење пред компјутер.
    Па, пошто си имам јас своја порака за барачите на влакна в јајце, бидејќи секогаш велам, не барај го ако не си подготвен да извлечеш цел прамен, па и овој по се изгледа не беше спремен за се она што извлече од мене.
    И сега сме си во една мат позиција, кога јас би некој нов шеф, ист сектор, а тој би и нов сектор да пробаме, но иста постава. Па, вил си.
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Joined:
    Nov 6, 2010
    Messages:
    703
    Likes Received:
    715
    Си ја сакам работата..Не е совршено, ниту идеално ама ме исполнува дефинитивно...Ок е... :)