1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    199 глас(а)
    49,8%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 глас(а)
    50,3%
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    I love my job!!! Стварно си ја обожавам рабоата, максимално ме исполнува, не ми е терет. е сега колегите околу мене... па не се лоши. Една насмевка и ги разоружувам кога се намќорести.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    не , не си ја сакам работатата тука сум затоа што морам, ниска плата искомлесирани улижувачи чија намера е само да уништат нечив ден не ми требаат.....мобинг од незадовлни суштества кои немаат живот туку лечат комплекси на работа врз другите колеги :swear: . секојдневни намештаљки во кои те уништуваат 2 особи абе хаос.........
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе толку си ја сакам работата што иако не морам, 7 ми месец сум, уште одам . Од дома се трудат да ми најдат работа по струката, не за џабе дипломирав, а јас сум си се запнала си ја сакам работичката и крај :D Иако мислам дека откако ќе се породам , тешко дека ќе ја работам таа работа.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Па не си ја сакам работата баш.Имам монотона работа а јас и не сум баш таков тип, сакам нешто подинамично, секој ден да биде различно.Ама тоа е, сега за сега.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Работата што ја имам ме исполнува во целост, иако понекогаш знае да биде напорна и стресна.Среќавајќи се со различни човечки судбини и приказни, за мене повеќе добиваат на вредност некои битни животни сегменти, кои се чинат сосема нормални,но кога некој ги нема, тогаш ја сфаќаш нивната длабочина и потреба.
    Работам предадено, понекогаш и прекувремено, одговорно си ги извршувам обврските и секогаш помагам на колегите, ако имаат потреба од помош.Колективот ми е супер, смешка-шала нон-стоп, дури понекогаш едвај чекам да се раздени за да појдам на работа!
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Со оглед на тоа дека работам по мојата струка, си ја сакам работата. Не е захтевна 8 часа пред компјутер туку е и малку динамична. Платата е ок, просек на било кој дипломирам економист и неможам да се жалам ама работам и приватна работа па имам и плус дополнителни приходи. И тоа го работам од љубов затоа што е поврзано со мојата професија.
    Заклучок- работам затоа што сакам.
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не да не ја сакам ја мразаммммммммм :( :( и едвај цекам да си најдам друга едвајјјјјј :x :x :x
     
  8. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Можам да кажам дека работам (односно заработувам) откако завршив средно, односно пред 7 години. Покрај тоа што одев на факултет, секогаш имав време да подработам нешто, дали во кафич или приватни часови, и имав прилив на пари што се секогаш добредојдени. Сериозна работа почнав да барам откако станав апсолвент и по неколку неуспешни обиди (читај напалени газди, лажови, исфрустрирани и искомплексирани кокошки) случајно ме најдоа мене и почнав да работам работа за која не знаев буквално ништо (освен Англиски). Фала богу брзо се адаптирав (таква сум си ја) и брзо научив како се функционира и со време се надградував (курсеви, онлајн туторијали и слично) и еве ме денес после 2.5 години сум си тука стручњак за мојата област (барем така ме нарекуваат колешките) и сум презадоволна. Не велам дека се ми е мед и млеко и не секогаш бев задоволна, ама морам да нагласам дека добро се намачив и истрпев за да добијам подобар статус и углед. Што ми е најважно плата добивам редовно и никогаш не сум се изненадила негативно кога ќе ја погледнам сметката. Сметам дека сум најуспешна од сите мои другарки и дека до сега најмногу сум постигнала и се гордеам со себеси заради тоа.
     
    На BossGirl123 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Се вработив на најмакотрпната работа на почеток за да им докажам тогаш на сите оние кои ме сметаа за дооброто слатко девојче кое што знае само да учи, за да им покажам колку Ноел знае и умее. Бидејќи бев нова и без искуство ме ставаа во најтешките можни ситоации.Ама газдата си виде дека со мене нема утка. Се утепував од работа за нерално мала плата. Но секогаш,ама секогаш бев на вистинското место во вистинското време и секогаш насмеана и без збор знаев да им угодам на сите,затоа што таа нивна насмевка на задоволство ме исполнуваше целосно. Потоа заминав во странство и сега сум во потрага по работа,здравје после летово,после закаснетата свадбичка :D Се надевам на добра ловна година,затоа што тука знам дека моите таленти се најважни и ќе дојдат до израз и дека нема овде трете мрте мучки ова она дека ако не стоиш добро со некој колега можеш да изгубиш работа. Стискајте ми палци
     
    На srcekrsacka и maca99 им се допаѓа ова.
  10. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ...се што сакам е да бидам добро платен и не ми е потребно да ја сакам работата..
    сакам да кажам дека имам кого да сакам,а работата ја засакувам само ако е добро платена....
    или поинаку кажано...колку што сум подобро платен дотолку повеќе го засакувам тоа што го работам...
    ..ако тој услов не е исполнет нема да сум во состојба да ја засакам работата....
    и мислам дека сите треба да работиме за резултат а не за впечаток..
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ако кажам дека ја сакам моменталнава работа ќе излажам. Работам во странска фирма, моментално на договор, плата солидна и сега за сега задоволителна ;)
    Дали ја сакам работава? :^) ...Па не баш..не ми е по струка, не е тоа тоа што јас сакам да работам, иако е лесен тип на работа и цел ден сум на компјутер, сепак е монотона и не ми исполнува. Честопати знам и да погледнам во часовникот и да речам ајде веќе да си одам |( :yawn:

    Прашање-зошто работам? Не се наоѓа лесно работа посебно по струка и она што го сакаш, кој барал знае колку знае да биде фрустирачко одењето по интервјуа, а посебно колку деградирачки и понижувачки може да биде дознавањето дека некој друг е примен, а не ти, иако сметаш дека си квалификуван, ги исполнуваш условите за вработување и супер си поминал на интервјуто. :doh:

    Работам затоа што јас така сакам, сакам да излезам од дома, да се социјализирам, колку толку се учат и се дознаваат нови работи и се стекнува искуство, животот си добива една динамика и се чувствувам корисна и продуктивна. Седењето дома просто те убива во поим и те гуши, те тера да се чувствуваш како домаќинка во буквална смисла на зборот затоа што од досада само ќе чистиш колку да си го пополниш времето и еден ден ќе пукнеш и се` ќе отераш у три лепе П.М. Така барем мене ми беше. :$

    Има и лоша страна...не сум дома прилично долго време. :( Работното место ми е далеку од дома и си доѓам околу 18 ч. Проклет капитализам и ново раб. време, ги оставаме децата дали по градинки, дали со баби и дедовци и ххх др. персони, поминуваме со нив два до три часа во зависност кој кога си легнува и наредниот ден пак исто. Постојано во трка со времето, да не ги спомнувам и домашните обврски кои мора да се завршат затоа што нема кој друг.

    Ама добро, не се жалам, сега за сега вака ќе тераме, а за понатаму кога малата ќе стане голема и на која ќе и треба многу повеќе внимание од 2-3 ч. некои работи ќе мора да се сменат.
    Не дека сега не им треба родител, туку како беше она староно- мали деца, мали проблеми...големи деца-големи проблеми. :!:
     
    На srcekrsacka, maca99, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    лелееееееееее :o резултативе од анкетата !!!!!!!!!!
    зарем толку лугево во мк не го сакаат она што го работат , и сега гледам зошто сме една од најдепресивните нации, пола од лугето што ги знам се на антидепресиви (може и повеке ама кријат)
    знам дека е до државата дека не е до лугето ама се иненадив од резултатите
    јас сум значи мнооогу срекна , јас ја обожувам мојата работа , нормално работа ко работа има и нервози ама си го работам тоа за што и дипломирав и ме исполнува :)
    wish е 100% машко...само маж може вака да размислува :lol:
     
    На BossGirl123 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Се додека сум задоволна од платата ќе ја сакам и работата. Моментално сум 50-50, а се надевам во иднина на подобрување.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anni.25

    anni.25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    искрено работам од што морам
    единсвено платата е таа која ме “држи“уште на тоа работно место за потоа да можам да отворам тоа што сакам
     
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Моментално воопшто не си ја сакам работата, зашто она што го работам има дури 0% поврзаност со она што го сакам и што го студирав. :doh: Но, се трудам да променам нешто, да направам некои промени од темел што би се рекло, и за некое време конечно да почнам да го правам она што го сакам и што ме исполнува.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ја мразам работата што ја работам моментално, не ми е по струка но со мојот факултет може и ова, иако е премалку. Зошто работам? Епа затоа што морам, по безуспешно талкање по интервјуа дојдов до сегашново раб место, прво како волонтер, па на договор на пола плата и сеуште чекам Решение, само тоа е причината поради која трпам, не ми се фрлаат во вода годините поминати овде. Работата сама по себе не е толку лоша за да ја мразам, го мразам менталитетот на луѓето кои ме опкружуваат, некако си мислат дека ако имаат Решение дека се подобри од тебе, далеку дека се подобри само се посигурни финансиски. Понекогаш ми доаѓа да избегам од оваа мрдната атмосфера, не знам што ме задржува сеуште, освен ебаното Решение.
     
  17. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    малку офтопик.
    Па фала Богу дека е машко,во машки род пишува.
     
  18. n.a.k.e

    n.a.k.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    7
    сум работела едната работа ја работам само за моиве дома...а др понекогас ја работам кога им треба помос во агенција(канцеларија)
    така да немам редовна работа :)
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Си ја сакам.
    Сепак некако почнувам да се заситувам. Веројатно веќе премногу време сум тука, а не сакам да бидам премногу време никаде.
    Ај може сега барем локација ќе смениме, па ќе се освежам.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Работата не ми е ама ич по струка, локацијата ме убива (тивко и полека-хаха) но заработувачката е добра а и ветувва прогресивност..така да...50-50!