1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    199 глас(а)
    49,8%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 глас(а)
    50,3%
  1. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Јас работам затоа што си ја сакам работата,но исто така и супер ме издржува.Но многу добро го знам чуството да работеш одошто мораш.Морав да работам,но не ја сакав работата,но имав супер плата па малку ми ја намалуваше болката :^) како и да е меѓувреме најдов супер работа,па едно време работев на две места,не неможев да издржам па видов какви беа платите па се откажав од онаа помразената :D
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Како кога ама најчесто ја сакам, кога нема работа ми е досадно и многу се нервирам.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    си ја обожавам работава...едноставно е тоа тоа што сакам да го работам до крајо на животот
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    ја сакав и ја сакам но не толку како порано ете, мора од нешто да се живее кога се нема избор
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Господ ми е сведок дека си ја сакам работата,ама последниве две недели, нозе ми се враќаат назад. Уште немам решение, а работите се нешто постојано се комплицираат и неможам веќе да ја поднесувам таа напнатост и неизвесност. Ништо више не ме исполнува. Еден куп луѓе едвај го чекаат конкурсот, кружат како лешинари над својот плен.Не се ни тие криви, ама секој се бори за себе, секој плаче над својот гроб.
    Ќе препукнам веќе, ама ќе се борам до крај!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Моменталната работа што ја работам не ми се допаѓа и ја работам ама баш оти морам, уствари не дека морам, туку му помагам на сопругот и нечовечно би било јас да седам по цел ден дома, а тој да р`мба по цел ден, кога веќе можам да ја работам таа работа зошто не би му помагала, па на крај краева за нас работиме и двајцата, од тоа живееме :geek:
     
    На srcekrsacka, maca99 и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Си работам тоа што сум сонвал дека ќе бидам и секако дека си ја сакам најмногу работата :)
     
  8. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    па и не можеш да работиш нешто што не сакаш
     
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Како тоа не можеш?
    Дури ни кога очајно ти се потребни пари, кога не гледаш друго решение, крај краева и кога сакаш да се почувствуваш корисен, на било кој начин, вршејќи било каква работа?!

    Набилда мислење плус, браво.. исцрпен одговор, точен/неточен, не може да се прецизира. :clap:

    Инаку, иднината не знам што ми носи. Дали работа која што ќе ме исполнува и која што со задоволство ќе ја обавувам, или сосема спротивното.
    Ама да, доколку дојдам до стадиум да работам нешто затоа што морам, затоа што околностите и моменталната ситуација не ми се баш наклонети, не би се противела. Какви услови, таков исход..

    Времето ќе покаже.
     
    На LejdiD и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  10. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Ја сакам мојата работа премногу ме исполнува добра ми е плата :D иако не работам по струка многу сум задоволна.Работам заедно со мојот сопруг многу се надополнуваме и засега сето тоа функционира доста добро.
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ни ја мразам ниту пак ја сакам, едноставо тоа е. Во денешно време многу тешко се наоѓа работа па мора да ја прифатам и сегашнава. Некој ќе ми рече вие администарција супер сте со работата и со платата, да не велам дека не, но јас пак си конкурирам каде што јас сакам и копнеам да работам. Еден ден се надевам ќе ми се исполни желбата.
     
  12. I.Radman

    I.Radman Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    29
    Кога завршив со факултетот активно почнав да барам работа.Аплицирав во сите банки,и познати и непознати фирми,одев на секакви интервјуа,работодавците прават секакви напори за да го извадат максимумот од нас,ограничен си со време на прашалникот во банките,раскажи го CV на англиски и постепено ќе ти најдат “фина“реченица и одговор каде што не ги исполнувате условите за работното место или едноставно не сте квалификувани за оваа работа.

    После некое време мислам дека ми се отвори среќтата и се вработив во фирма која е поврзана со моето образование...
    Но и таму измачување!
    Немав континуитет,рутина,бев од 08до17 часот на работа со плата од 14.000,тоа за мене беше смрт....цела ден ја поминував на стол со две баби околу мене,со шеф хистеричен и целата атмосфера едноставно не ми годеше а јас со само 23 години....Се откажав!!!!!

    По неколку месеци бев повикана на интервју каде што конечно директорот на фирмата ми кажа дека ги исполнувам условите за работното место и смета дека ќе можам да ги извршувам работите во неговата фирма, и се вклопам во финесите на администартивната и финасиската работа.
    Во оваа фирма сум веќе подолго време каде платата е поголема,сите се дружељубиви моето работно време е од 08до15 часот,добив службен автмобил.....

    И да одговорам на прашањето:
    -Да ја сакам мојата работа,не работам затоа што морам,работам затоа што сакам затоа што сметам дека платата која ја добивам е како бенифит од мојот успех на факултет!!!!

    И сакам да ви кажам да бидете упорни и да не се откажувате лесно, среќата еднаш тропа на вашата врата-гледајте тогаш да бидете дома :) ;)
     
    На crazylady, srcekrsacka и Nine25 им се допаѓа ова.
  13. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Мојата прва работа по струка :D :party: Не е нешто посебно, работа од дома на еден проект кој ќе трае неколку месеци, ама битно потпишав некој "договор" . Сакам вака да работам, од дома на компјутер, без некој да ми врши притисок, нервозни шефови и намуртени колеги :devil: Ама незнам како ќе издржам, грбот не да ме болии, а и рамењата ... Умирам од болки, понекогаш и неможам да спијам, се будам од болки во сон. И почнувам да се дебелеам и да пуштам стомаче, е тоа ме нервира само инаку вака ако биде и натаму ќе е супер.
     
  14. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Да, ја сакам работата што ја имам веќе години наназад, ама копнеам да најдам нешто многу подобро. Недостаток е што ми одзема многу време, и биоритмот ми е во тотален хаос :( и секако платата треба да биде барем 3000 повисока од оваа што ја земам моментално. За работата немам збор, ок си е се ама ништо не е совршено па така јас ќе продолжам да си барам нешто посоодветно :!:
     
  15. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас ја сакам и тоа многу
     
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.372
    Мојата работа ја работам со љубов и слободно можам да кажам дека преставува сон на многу луѓе. Среќна сум што го работам токму она што го сакам и што ме исполнува на секој начин. Уживам во работата и во секој миг поминат на работа.
     
  17. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    :clap: ретко кој вели дека си ја сака работата
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.252
    Јас работата многу си ја сакав бидејки бев новинар, беше динамично, имав добри колеги и така се ми беше погодено. Многу е важна работната средина. Сакам назад сега ама нема, се затвори фирмата и толку.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Сто пати сум кажала дека ја сакам.
    Ама овие денови ми се повраќа пред да одам на работа.
    А ми се повраќа и кога се враќам.
    Душата ми е стегната цело време.
    Заради милион обврски и два милиони суети...
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Втора работа ми е,и на почеток секогаш сум со максимум вложување,посветеност и баш ентузијазам.
    Ја сакав,може и уште ја сакам,само да постои некој да те мотивира а не да ти ја убие желбата за работа.Зошто зависи и од тој фактор.Ете донекаде солидна плата,работата ја засакав,ама секој ден испади и детски работи од претпоставен,нормално си размислуваш да си заминеш,колку и да ја сакаш.Никаде не е идеално тоа знам,ама тешко е кога главниот е малограѓанин голем,а фирмата и не е баш од мал ранг.
    Нејзе повеќе ја интересира колку ме чини венчаницата,каде ќе одам на одмор,колку ќе платам и слично,отколку да седне и да разговара за проблемите што ги имаме,кои реално сами ги решаваме.Да не расправам на долго и широко,и јас некогаш се прашувам истото.Во почеток беше обратно,а сега се ме влече накај-Работам затоа што морам :|