1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    199 глас(а)
    49,8%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 глас(а)
    50,3%
  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Бидејќи од скоро почнав да работам, не можам да речам дека не ја сакам работата, да беше така немаше да прифатам да го работам тоа.
    Можеби после некое време ќе ми здосади, ама тоа е мора нешто да се работи... платата е доволна за мене, да ми дава мотивација :)
     
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Да дефинитивно ,само да биде уште малце повеќе :cash: :?: :tmi:
     
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Од една страна ја сакам зашто ми е лесна а добро платена. :)
    A од друга страна ме нервира затоа што имам премногу слободно време кое морам да го поминам во канц на компјутер , па од досада почна да ми лета паметот, се замарам со глупости.
    :tmi:
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ја сакам мојата работа,бидејки ако не ја сакам нема да има успех во истата,кога сум на работа ми е супер.Секако ја сакам и неделата тогаш глумам очајна домакинка.............ха,ха ,ха :D
     
  5. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Работава ми е супер ем добро платена ем лесна и опуштена али како и секогаш мора да има нешто лошо - газдата е толку досаден што ме замара да му правам кафе , ме замара како работел пред 100 години коа бил млад и некои глупости што МОРАМ да ги слушам
     
  6. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    јас си ја сакам мојата работа, не е напорна. А и најглавно газдите ми се супер, за се има договор со нив така да со задоволство работам :)
     
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Почнав да работам неколку месеци од кога завршив со факултетот. Во наплив на нервоза и досада почнав да вртам по огласи и се најде нешто. Морам да имам некаква обврска, инаку не мислам дека можам да функционирам :?:
    Далеку од тоа дека ми е по кеиф, ама не можам да седам по дома ко млада невеста, ниту па веќе имам лице да барам пари од домашниве. Моментално сум во тој период што секое работно искуство ко сфаќам како некоја животна школа. Се учам на тоа што е одговорност кон работно место...какво и да е, почнувам да ги гледам оние сплетки кон колеги, големите ега на газдите и ред други секојдневни проблеми што можеби утре ќе ме чекаат во уште поизразено издание, на работно место што можеби ми е сон уште од запишување на факултет.

    Така што сеуште не сум стигнала до моментот на очај, иако многу пати сум се извадила од такт...Не е дека се срамам од некаква чесна работа, ама боли кога ќе се сетиш колку си се трудел, а каде си завршил. Уште повеќе боли кога ќе видиш како некои апсолутно неписмени и неквалификувани копита се обидуваат да ти шефуваат и да си ги истураат фрустрациите врз тебе.

    Јебем ти живот, ама најлошо е да ти се скрши духот и да дремеш дома ко мисир. На крај краева никој нема да ти дојде дома на врата и да ти нуди работа. Некој поминува полесно, некој мора да оди по трња, ама сеуште сакам да верувам дека ако вложуваш неуморно труд, кога-тогаш ќе ти се исплати.
     
    На Moira, Mayyya, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sweetTinkerBell

    sweetTinkerBell Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Работам приватно, и истава работа да ја работев во државна институција ќе си ја ОБОЖАВАВ, зашто е солидно (не премногу) платена и со солидно работно време. Ама вака со приватњак, на граница сум да почнам да ја работам од што морам а не од што сакам. Со други зборови, си ја сакам професијата ама не сум баш толку сигурна дека си го сакам моменталното работно место.
     
  9. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    И јас сум од оние кои си ја обожаваат работата. 12 години работам и до сега во истата институција променив 3-4 позиции и тоа секој пат само нагоре. Платата не е лоша ама не е и којзнае што. Се преживува, но сепак уживам. Ме исполнува динамична работа, решавање на „нерешливи“ проблеми и сл.
    Сепак за поголема заработка си најдов и нешто дополнително да работам, кое неочекувано ми даде неверојатно задоволство и неверојатни приходи. :) Така да сум апсолутно задоволна од двете мои работи :)
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Си ја сакам, со љубов работам. Со сила ништо не бива.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    477
    да сум подобро платена тоа сакам |(
     
  12. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Си ја сакам работата, убаво ми е. Фирмата е мала, луѓето се сите супер - отприлика сме исто со возраст. Сите откако се примени се тука, нема промени. Некогаш се осеќам како во шпанска серија :D Како и да е, интересна ми е работата, нема стрес, работното време за почитува, а башка и има голема колегијалност. Платата е ок, а има и награди повремено. Не знам какви услови треба да ми понуди некој за да го напуштам ова..

    И работам хонорарно уште една работа во која мнооогу уживам, од срце ја работам и сакам засекогаш да ми остане :)
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Не би сакала да се најдам во ситуација да работам нешто зошто морам, ама за жал, колку што гледам од околината, што и да велат луѓето, во Македонија тоа е секојдневие. Без разлика на платеноста на работата некои луѓе работат нешто кон што никогаш не пројавувале интерес, а камо ли да завршиле нешто во врска со тоа. Искрено ме фаќа страв од немај каде да не ме најде истото некогаш.
     
  14. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Мораш да го слушаш газдата,па и ако ти вели да бришеш под мораш да го послушаш не да глумиш дека си на повисоко ниво од него па сега ке неќела ова неќела она...Сепак,зависи многу од самиот газда.
    Ја сакам мојата работа, и секогаш ке се борам од срце за подобар бизнис.. ;)
     
  15. marija.directioner

    marija.directioner Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    24
    Хах..
    Мајка ми е со два факултета, една магистратура и работи како професорка. Зема 14000 ден. плата, а татко ми е машински инжинер и нема работа. :@ ;( :doh: :headbang:
     
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Премногу ! :$
     
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    работата си ја сакам,да,убава ми е :) ,ама платата да ми беше малку поголемка,работното време помало(работам и за викенд и за празници а тоа не ми е платено)и газдариците да беа малку поопптимисти и поненервозни,да имаше подобра работна атмосфера
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Не ја сакам својата работа,едноставно не ме исполнува и работам затоа што морам баш како што е и насловот на темата.Во мојот град реално во мојата струка никогаш нема да најдам работи и нема шанси,но сепак постои надежта дека барем во на дечкото-мојот иден сопруг :$ и ќе најдам работа која што ќе си ја сакам.Сега работам колку да не седам дома и да си вадам некој денар за себе,како прво нее платена колку што треба,газдите се најлоши што еден работник може да има и тоа што работам за викенд и за празници не е платено ,а треба.
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Си ја сакам работата и ми претставува задоволство што работам тоа што си завршив на факултет. Си земам убава платичка моментално со договор, но здравје Боже за брзо и со решение.
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Хм... Работата ја обожавам! Работам работа која е многу малку застапена во овие простори, благородна, и знам дека оставам во наследство за моите деца нешто повеќе. Се грижам за животна средина, за отпад, за емисии, за контрола на квалитет, за стандарди за квалитет, и мал милион други работи. НО! За таа плата за која го работам тоа, и за ова мое работно време-невреме, не баш... Среќа моја што фаќам нон стоп странски проекти како советник, инаку ќе се сликам со платичево, ама кога немам избор, тоа миеееее.... :P