1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    199 глас(а)
    49,8%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 глас(а)
    50,3%
  1. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    8.304
    Пол:
    Женски
    си ја сакам многу работата...штета е шо ке си одам
     
  2. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ И НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас работата моја многу си ја сакам! :inlove:
     
  4. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.730
    Си ја сакам работата, бидејќи го работам тоа што си завршив на факултет. Навистина ме исполнува, работата е интересна, колегите се фини, си помагаме, се дружиме, не е напорно. Имав среќа што не чекав многу после факултет(некои 5-6 месеци). Инаку да не беше ова, би работела било што. Немало да ме исполнува, ама и дома без пари не се седе.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мојата работа е досадна, замарачка, некогаш интересна, опкружена е со убави работи, имам контакт со луѓе, фини колеги, платата е сосема ок за тоа работно место, и имам плата секој месец пред први, а сум пријавена со средно. Добивам бонуси, покачувања и поклони. Понекогаш ја сакам, понекогаш ја мразам, зависи каков ден ќе ми понуди, ама неможам да се пожалам и да очекувам повеќе затоа што сама го одбрав тоа заради тоа што несакам да го преседувам времето дома додека да завршам факултет, заради неколку предмети кои ми се обврска само во еден ден од неделата. Не е мојата работа од соништата ниту работа поврзана со мојата струка ама е одлична за стекнување било какво искуство и добивање на некаков приход кој на студент му е и тоа како потребен. Сите мои колеги се со некаков факултет, јас ќе си го чувам работното место додека не завршам факултет и не најдам нешто подобро. Работам затоа што сакам.
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Си ја сакам мојата работа, затоа што тоа и отсекогаш сум сакал да го правам, впрочем за тоа и студирам факс (информатички). Не сум приморан да ја работам работата, можам во било кое време да прекинам и пак да безделничам по цели денови и да сум посветен само на факултетот, но не гледам причина зошто би го направил тоа кога и вака е супер. Единствено што ме загрижува е што е самоизолирачка работа и работа од дома на компјутер, нема многу интеракција со реалниот свет, се е сведено виртуелно. :( Впрочем сите програмери и компјутерски типчиња го имаат истиот проблем. :D Но, како и да е не верувам дека доживотно ќе ја работам моменталнава работа, so who gives a f**k. :)
     
  7. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Мојата моменталана работа(гастрабајтерска) ама ИЧ не си ја сакам. Деградирачка, исцрпувачка,ме цица, ми ја троши снагава, ми го абе духот... Но ми носи $$$$ ! Се будам прерано, исцрпена и ненаспана, си го чукам алармот од глава се дури не ме заболе слепоочницата доволно силно за да станам и да се спремам инстант за на работа!
    Дипломирав медицина, магистрирав, упорно се борам да ми доделат специјализација( која сама, лично, би си ја плаќала). Е*бев сојки низ разни клиники, со стажирање, волонтирање, по разни приватни и јавни институции цели 5 години. Жнеев знаење. И ќар-никаков! Плата последна што ми ја понудија дури сум овие месеци на одмор во Мкд.-15.000! Цели! Врв беше кога по едногодишно волонтирање во една јавна институција се шушна муабет дека ќе има конкурс за вработување на доктори. И фино-лепо му отидов на директорот и го прашувам
    Јас:Дали оние кои волонтираат тука, конкретно јас, би имала некаква предност при изборот. Бидејќи сум запознаена со пациентите, со дијагнозите, со тоа како се одвиваат и бирократско-административните работи, со тоа што правилно и коректно си ја извршував работата, без никаква замерка?
    Тој:Па ....види вака...да не се лажеме ама книшка имаш?
    Јас:Каква книшка(здрвствена ли побогу?)
    Тој:Па партиска,така иде тоа мала, да не те лажам.
    Јас викам:Немам.
    Тој:Епа земи и бркај работа потоа.
    Им кажувам на моиве дома и мајка ми:"Сине што се мора-се мора. Иди земи". Јас НЕ! Никогаш! И карање,нервози дома, па на грб си ни, па вака, па онака. И отидов во штаб. Таму фаци...кој од кој пожалосен, со семки во раце, дрмаат ж'та. Влегов и после 10 секунди опсервирање на атмосферата со плачење си отидов дома. И им реков на моите "Живот давам ама вера не менувам"(ах Цвето мори). И фино лепо си отворив интернет, си прогуглав,ми се укажа шанса за надвор, ја зграпчив и ги спакував куферите. И не се каам.
    Ама затоа струјата дома јас сега ја плаќам(11,000 овој месец-АЛООО?! единаесет илјади?).Јас лично ќе и купам утре нешто на мајка ми, јас лично ги опремив со нова гардероба моите дома, јас лично ставам бензин во колата што упорно не ја возам(си користам автобус, фино-лепо).
    И НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ!
    Без разлика каква ви е работата-работете си ја. Џабе работи-џабе не седи. Подобро одколку седење дома и плачење над судбината. И барајте си други опции, други алтернативи, секогаш има надеж дека нешто добро,конечно, ќе се случи!
     

    Прикачени фајлови:

    На AloneM, baby-star, Abeja и 12 други им се допаѓа ова.
  8. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Не си ја сакам работата воопшто.... премногу е досадна.. монотона... работам со луѓе дупло постари од мене.. на кои ништо не им се погодува. Платата постојано касни... добивам дел на сметка дел кеш... кешот го добивам некаде околу 6-7 најкасно до 10.. а платата преку сметка од 15 до 20. Платата е добра.. директорот е тежок дебил... секојдневно врши мобинг на сите вработени... не сакам да работам.. едвај чекам да заминам од тука.. работата што ја работам нема вркса со мојот факултет.
     
    На Tam4yy и Miss-HeLL им се допаѓа ова.
  9. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Работам работа што нема ама блага врска со факултетот што сум го завршила,како што одат годините и покрај таа "фамозна"книшка што ја имам години јас не успеав да се вработам на струката.Ок да не се лажиме не бев ни нешто многу партиски активна но,важно беше дека немав ете народски кажано и вујко владика покрај партиска книшка.Како и да е сега земам редовно плата,тоа е факт,имам ок колеги и најчесто си ја сакам работата .Да разјаснам:Морам и да работам иначе децата би ми останале гладни и необлечени,несоцијализирани,не дека имам избор, би работела и потешка физичка работа за да си ги прехранам најмилите.Оваа работа во"добрите денови"стварно ме исполнува и ми ја врати одамна загубената самодоверба и насмевката на лицето но,оваа работа знае да биди толку стресна и секоја направена грешка скапо се наплаќа и со пари и со нерви.Стресот ми е стален подстанар во мојата психа,никогаш не си начисто што,кога и како си згрешил и по неколку години ќе исплива некоја грешка што се провлекла а потоа само господ да ти е на помош :(
     
  10. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    260
    Јас си ја сакам мојата работа, работам на струката,правник сум.Претходно стажирав кај адвокат,работев и за ич пари.
     
  11. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Прашањево не е најсоодветно за темава, но не наидов на таква тема па решив тука да прашам... Можеби ке се најде некој што ја работи и ЈА САКА оваа работна позиција па ке ми опише ...

    Вака, ме интересира кои се работни обврски на Финансиски администратор во мала приватна компанија која се занимава со дистибуција?
    Бев на интервју за оваа работна позиција и ми закажаја второ интервју. Претпоставувам ке ме прашуваат прашања околу работите кои ги врши Финансискиот администратор...
    Арно ама јас немам работно искуство, а на факултет сите знаеме само теоретски работи учиме ( е ама неможе сите да бидеме генерални менаџери ) :)
     
  12. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Ја сакам, иако не е некоја работа за која фанатазирав од детството, иако нема врска со дипломата која ја имам и иако не е богзнае колку платена сепак јас си навикнав и ми се чини дека со љубова ја работам! Понекогаш ме фаќа невра дека за џабе учев и торшев време и пари кога истата работа ќе ја имав и без факултет, ама времето назад нејќе па си се помирувам со реалноста и се трудам да си се адаптирам на она што сум и што имам шанси да си го работам!
     
  13. LadyWhite

    LadyWhite Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Најмногу од се си ја сакам мојата работа, тоа што го работам е работено со многу љубов !
     
  14. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас работам од дома. Некогаш е добро (немам шеф над глава), а некогаш - лошо (ми фалат колеги).

    Надвор од темава: Искрено, гледам повеќето сте со факултет, ама половината од вас се неписмени. Искрено, ако вака пишувате и службени мејлови, проекти, извештаи, сите би ве отпуштила.

    Шега, но сакам да ви кажам дека треба да поработите на тоа, бидејќи е огледало на вашето образование.
    Поздрав!
     
    На IvanovskaM, Izaabella, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Искрено не ни мислев дека толку лесно ќе се воодушевам од работава, да, не е нешто посебно, канцелариска работа, администрација, ушите секојдневно ти се црвенат од фактот дека си во устите на милион странки кои им иде очи да ти ископаат со оглед на тоа што зависат од твојата добра воља но тоа е што е, интересно е понекогаш да бидеш главната карика :lol: Рака на срце и работата е лесна и интересна па со задоволство си ја работам. Мислам дека наредните 10 години би издржала на оваа функција. Да бидеме искрени државна работа секому би му годела во периодот на создавање на семејство ;)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Во светот на мажите, новите лепотани на четири тркала, звукот на моќните мотори, брзината
    и мирисот на бензин, многу одамна застана и една жена.
    Остана во истиот тој свет и до денес, иако многумина мислеа дека ќе биде проголтана од покрупните риби, но малата риба и ден денес тивко си плива во тие води.
    Имаше денови кога од истата таа работа беше уморна, на почетокот со денови далеку од своите најмили, но имаше и исполнети денови, добивка од вложениот труд, дружење, запознавање на лица од многу држави, многу нови пријателства, промоции, смеа и по некоја пијана ноќ :D
    На која Горан мој велеше, Весела :D Да ја сакам!
    Посебно сега кога не се замарам за се и сешто....
     
    На crazylady, NoellePage, Ariel и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    Со оглед на тоа што имам образование од сосем друг профил и работно искуство од истиот,а работам нешто сосема трето....би кажала НЕ, не ја сакам мојата работа , работам затоа што морам.
    Работата ми е фина, господска, во град сум, во канцеларија, ама.....не е за мене.Не е мизерија до толку да не се трае и истрајува, али ја би друго....
    Ни најмалку нема допирени точки со тоа што јас сакам да работам, со тоа што сум учела.
    Но морам.Имам семејство, имам дете, сметки, храна и што уште не....
    И финансиски а и психички од дома седење аир се нема. Така да до подобри времиња ќе си се занимавам со ова.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Малку доцнам со одговор, можеби веќе и работиш ама еве за другите ако ги интересира.
    Работната позиција подразбира, пишување на налози, плаќање на ф-ри, одење по банки, вадење на некои документи ако има потреба, дремење по шалтери за земање на плави картони, куцање на некои документи....СДК се што ќе ти каже сметководител или директор да истрчаш и завршиш.
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.759
    Многу ја сакам!
    Мислев дека ќе биде супер, па ме фати страв да не очекувам премногу, па да се разочарам, но излезе дека навистина е прекрасна! И колегите ми се супер.

    Чувството да станеш наутро и со мерак да одиш на работа, да сакаш да бидеш дел од компанијата и секој ден да даваш се од себе е незаменливо.
     
    На Tam4yy, f.e.m.i.n.k.a, NoellePage и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Мојата работа на почетокот ја обожував. Секое нова задача или унапредување ми беше како награда, како сон што се остварува.. Се додека еден ден, после е*ени 16 часа работа без прекин. се погледнав во огледало, шминката ми се размачкала, косата за никаде, јас убиена, преморена, а за 4-5 часа пак треба да одам на истото место и пак да работам... И на крајот да дојде синчето на газдата и да ми каже - зошто седиш, стани ајде... И ми препука филмот и сватив дека тоа не е за мене. Сега, после само една недела невработеност, се осекам како друг човек. Наспана, најадена, истрижена (да, заборавав да одам на фризер) дотерана....

    Живееме во капитализам, време во кое лугето се поделени, не баш на робови и робовладетели, ама на газди и работници. Газдата седе во ладна канцеларија, јаде, пие, ја стиска секретарката, а ти надвор на жешкото, внатре во влажното си работиш.. Така да, сакањето на работата според мене е апсурд.. Дали робовите си ја сакале работата? Може некој да ја сака професијата, но работник неможе да си ја сака работата... Може, но за многу кратко..
     
    На Abeja и vichy им се допаѓа ова.