Ја сакате ли вашата работа или работите затоа што морате?

Дискусија во 'На работното место' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

?

Дали ја сакате вашата работа?

  1. Да

    200 глас(а)
    49,9%
  2. Не, работам затоа што морам

    201 глас(а)
    50,1%
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Ја обожавам мојата работа. ^_^
    Честопати ми се случува да посакам да се штипнам за да се потсетам дека е реалност, е на сон.
    Презадоволна сум, посакувам вечно да си ја работам оваа работа. :)

    Сите други работи ги работев од што морав.
    Оваа ја работам затоа што си ја сакам, имам срце и страст за мојата работа.
    Платата секако не е на одмет. :D
     
    На Tam4yy, crazylady, Maya3112 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски
    Ја сакам мојата работа,работам како обвинител,во јавно обвинителство.
    Од малечка си играв како судија,која само дрдна и вика и е лоша,ама тоа е тоа :)
    Во секој случај добро ми е :)
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам работата, ми дава толку многу улоги во текот на еден работен ден.
    Одсабајле ми е типично менаџерска, кој што ќе работи и каде...
    Продолжува со инженерски дел, не знам дали и по 20 години ова ке ми биде интересно, ама качувањето на 20 м високи танкови, со работно одело и кацига на главата ми е баш прајслес :inlove:
    На крајот од денот, бело мантилче и испитувања во лабараторија. Никогаш не сум се замислувала себе во кошула и костим на работа, ама баш никогаш. Бел мантил ти е права ствар за женско. Костимите може да ги носи секој ама мантилчето ретко кој може да ужива во него. ;)

    И да, бесценетото чуство кога ке седнеш на маса, ке донесат прозвод од твојата фирма, и ти се чукаш во гради дека е тоа твое дело :)
     
    На Tam4yy, okcenzi и Dreamer им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.691
    Допаѓања:
    38.357
    Пол:
    Женски
    Работата не ми е баш омилена. Ја работам затоа што морам. Дома ни се потребни пари и морав да најдам работа.
     
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Ја сакам,ја обожавам мојата работа.Го работам тоа што го сакав уште од 6 години :D Платата е просечна,но јас сум презадоволна,работата ми е стресна со постојан контакт со луѓе,но немам никаков притисок од шефовите,релаксирана пријатна работна атмосвера,колегите и колешките ми се срцки и секој ден едвај чекам да одам на работа.Си ја работам од срце и сум презадоволна.
     
    На Tam4yy и Elena69221 им се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    не си ја сакам работата што морам да ја работам :(
    студирав за да работам во лабораторија да вршам испитувања со хранливи материи и др.од таа област,а работам како продавачка на храна,единствено тое е допирната точка со тоа што студирав :lol:
    и кога ќе се сетам на сета практична настава,часови неповратни изминати во исчекување на резултати од вежби,испити,непроспани ноќи од учење,расплакани очи од гледање неправди...
    сепак тоа што не ме убива ме ојачува,работам од што морам,но така преживувам додека не умрам :P
    (освен ако се случи чудо и едно утро се разбудам во утопистички свет во кој секој работи по струката/или си работи тоа што сака и си живее нај прекрасно :) )
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheStar

    TheStar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Не ја сакам мојата работа,работам во конфекција како преведувач,а овде се е како во играта глув телефон,секој збор се изобличува и секој префрла вина на друг и еве седам сега,дремам,нема повеќе ништо ново да се научи,работата ја вршам за миг лесна е,парите се бедни,а еве седам,ако ме фати дека сум на нет :| ...никој овде не е задоволен,во канцеларија сум со уште едно девојче кое е шпион и не смеам да се пожалам за смрдливиот здив на шефот,или што не знае да чита...се прави манга и гледа само кај некоја да му се отвори прилика,не сака да дава пари за тоалет хартија,за средства,за кафе,се до денар брои памти кој колку му е должен и ги оговара жените и си пишува во тефтер кој разговара по телефон,кој колку пати во WC оди...одвратно е,понекогаш му текне не ни прави муабет по цела недела,се мршти само...ама уште малку, ќе издржам :)
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    14.542
    Пол:
    Женски
    Професијата не си ја сакам воопшто, никогаш немав желба да бидам стоматолог. Се запишав средно медицинско зошто бев јак ученик. Кога дојде ред за факултет сфатив дека работа тешко се наоѓа со било кој факултет, ама кога веќе имам услови да учам нешто релативно добро, не треба сама да си ги уништувам шансите да просперирам во животот. И така продолжив на стоматолошки факултет.
    Го завршив во рок, без многу замарање (средното ми беше одлична основа), и сеуште се надевам дека еден ден ќе можам да си ја исполнам желбата да работам со деца. Од секогаш сакав да бидам учителка, и сега тој сон си го пренасочив според струката, и се надевам дека еден ден ќе имам шанса да бидам професор во стручно школо. Штом си ги завршам обврските со оваа диплома, решена сум да поднесам документи да полагам за професор (неколку испита се во прашање). Можеби некој ден и би специјализирала за детски стоматолог.
    Иако немав некоја желба за оваа работа (и сеуште немам) пробувам да си најдам задоволство во секојдневните обврски. Се радувам кога имам шанса да работам со деца и уживам во тоа. Се друго ми е некако пролазно. Ќе го работам ова додека морам, ама би сакала да работам нешто што ќе ми прави да станувам среќна наутро. Имам шанса да се надградувам кон работна позиција која би ми го овозможила тоа, и се додека можам ќе се стремам кон тоа.
    Еден ден кога ќе имам свои деца, знам дека работата може нема да ми е битна, побитни ќе бидат парите кои таа ги носи за да и овозможам се што сакам на мојата фамилија, ама до тогаш ќе работам на тоа да си го исполнам мојот сон. :)
     
  9. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Јас бев вработена до пред 2 недели кога решив да дадам отказ поради дебилниот шеф. Воопшто не си ја сакав работата. Прво бидејќи не ми беше по струка, второ поради луѓето со кои работев и трето се разбира поради шефот. :devil: Почнав да работам таму за да не седам дома, ама искрено подобро дома да седам отколку да правам нешто што не ме исполнува и да бидам бедна и нерворна постојано.

    Еве сега пак барам работа па се надевам ќе најдам нешто добро :)
     
    На Tam4yy и whiteButterfly им се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Многу си ја сакам работата.
     
  11. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    jas rabotam kako prodavcka vo butik za obleka. Ja rabotam vaa rabota bidejki nema so drugo da rabotam ne se zapisav na fakultet no od druga strana i si ja sakam svojta rabota
     
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Работам како келнерка во ресторан. Немам ништо против таа професија, но го мразам ресторанот и колегите со кои работам. За жал околностите се такви што морам да останам да работам тука.
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    23.923
    Пол:
    Женски
    Не работам затоа што морам, туку затоа што не можев веќе да издржам да живеам без обврски и секој ден да ми биде празен и неисполнет. Не плаќам сметки, немам деца, семејство така што слободно можам да опстанувам и без работата.
    Ама не ја ниту сакам којзнае колку работата, едноставно сакав да се пробам на ова поле, да видам дали ме бива, и како ќе се чувствувам. Ама не ми е убаво, и не ме исполнува воопшто. Ги бројам минутите додека да завршам. Добро е што малку саати дневно се во прашање, и се тешам дека јуни брзо ќе дојде. :)
     
  14. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Иако работам во струка за која што учев, сепак работата не ме исполнува. Не е тоа што го очекував. Монотона е, нема динамика, канцелариска работа. Но мора да се работи. ДА ми се даде можност за друга работа веднаш би прифатила.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Си ја обожавам работата. Си работам по струка во државна институција со решение и супер ми е сега за сега. Имам прекрасни колеги пред се. Ме исполнува работата. Што би рекла баба ми "бабе работата е красота". :lol: ;) :$
     
    На Tam4yy и crazylady им се допаѓа ова.
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    AУ да,многу си ја сакам работата.Многу ,многу.
     
  17. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Имав претходно мислење веќе тука но морам да напишам ново.Почнувам да ја мразам мојата работа,оптеретува ненормално психички па и физички,се губи самодоверба и се потешко и по мрачно ми е секој ден.Голем придонес кон оваа состојба носи и "главниот" водечкиот во фирмата..Но со оглед на состојбата во нашата ценета државичка немам излез освен да си молчам,трпам ако сакам дома да донесам 200 еур плата...
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Затоа што морам.
    Верувам дека повеќето се како мене работот затоа што мораат .Затоа и немаме некои видливи резлутати.Немаме напредок , економски раст..
    Јасно е како ден.Никој не сака да работи практично за без пари.
    Немаме мотивација, во приватниот сектор не постојат бонуси,(туку казни )не постојат вредни работници,ни реално платен труд, а за работно време и да не зборуваме практично 24 часа треба да си достапен .
    Од овој начин на работење се добива одвртност кон работата, и лоши резлутати кои треба да загрижуваат.
     
    На crazylady, Keri и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  19. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Vinozito толку концизно и и пред се до болка точно го опиша тоа што јас вчера на силна нервоза би го кажала со погрдни зборови кон системот,државата,политичарите сите ама и водечки и опозиција :devil: Работам бидејќи морам да си ги прехранам децата,достапна сум 24/7 на работно место а добивам критика,казна и болест на крај а потоа се знај:Не си работоспособен знајш од која страна се затвора вратата...
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Апсолутно се согласувам. Кога приватниот ќе се приближи до државниот сектор, ќе биде поинаква приказната.

    Јас до сега сум работела на многу убаво работно место, но за жал се затвори... Сега сум приватно и иако ги мразам газдиве, односот нивни и работата, но сепак секој ден си доаѓам пред сите нив им варам кафе и со секој клиент што ќе дојде сум макс.љубезна и професионална. Ќе продолжам да бидам професионална и посветена иако може и многу подобро да биде, само не во моментов, но наскоро со сигурност!! Не само што верувавам, туку знам дека ќе си најдам нешто подобро ;)

    Не се откажувајте од ништо во животот.