Леле ама ич не сакам да коментирам на темава ама ајде... Олицетворение на невкус, кич, разврат и неморал! Со еден збор, УЖАС! Јас не знам како може вакво суштество да постои, а камоли па да биде популарно во Балканските ни рамки! Пишувајќи за темава ми се слоши
ЈК Значи по катастрофа од неа нема....Па уште и се прави паметна цццц...имаше една изјава од неа Лејди Гага ја копира после за концерттот во Белград има кажано дека ќе има спектакл подобар од Ред Хот Чили Пеперс мислам дека беа ( не ме фаќајте за збор ) исто и за Мадона имше нешто кометирано дека Мадона ја имитира Јелена Карлеуша WTF??? Глупо суштество, одбивно нападно Да ми даваат милион евра не би отишла да ја видам ниту да ја слушам !!!! Дај бе доведете ми го Карл Кокс !!
понекогаш треба да знаете да проценувате што луѓето сакаат да кажат, а не одма да носите предрасуди ! со тоа што кажала дека ја имитира гага, концерт подобар од RHCP. подобра од мадона...всушност сака да каже дека троши за своите настапи колку и странските пејачи, значи го достигнува нивното ниво или слично нешто, а секако дека не може јк. да ја знаат низ светот колку и мадона зошто јк. е балканска ѕвезда, а мадона светска !!!! но и двете подеднакво се мега популарни и вистински ѕвезди, само тука може споредба да се прави помеѓу цеца и јелена или ана николиќ и јелена и сл. а секако не помеѓу јелена и светските ѕвезди, иако живеат сличен начин на живот.
Добро Doll ти портпарoл си на Ј.К? Си отворила тема , ок (за многумина вклучувајќи ме и мене да не кажам бизарна), ама си дала вовед, мислење, остави ги и другите да си кажат. На секое едно мислење со кое ти не се согласуваш , си удрила контра-реплика, па уште и одвисоко, со некоја иронија, демек тие што не ја сакаат не можат да препознаат квалитет, само ти просветлена ја знаеш вистинската Ј.К. Мислам дајте малку поприбрано, ајде сега јас ќе си отворам тема за некој мој пејач / пејачка, некој ќе ми напише дека не го / ја поднесува и јас удри коментари, да го убедам поинаку. Што ти е поентата, поголемиот дел не ја сакаат, ти си ја сакаш, ќе си одиш на коцерт, убав провод. Секој со својот вкус и избор. Точка. Не знам искрено што има за восхит кај едно неинтелигентно парче пластика, цицки колку две лубеници од по 10 кг, дрскост и ароганција која не може да ја поткрепи со солиден IQ, талент = нула, реално абер нема од пеење, рика како некоја крава. Мојот вкус оди подалеку од "Napravi mi sina pod svetlima kazina"... Единствено за пружање рака ми е фактот што таква неталентирана, нехаризматична, травестит-фаца, која е во илузии дека ја следат папараци и скандали ко у Холивуд, успеа да направи толку пари со кич, деколте-изволте, неконтролирано дерење и текстови кои во нејзината глава се хитови, а се бесмислени ... па реално јас не можам да најдам компарација колку текстовите и се бедни. Бедни е комлимент. Ама тоа е вистината на Балканот, додека има овци за стрижење, ќе има и Јелени Карлеуши за нив.
http://sk.com.mk/?ItemID=5776880479CD6A ... 5938C50ECC Мукооооо.... И сега? Добро е, има по некоја здрава клетка останата во овој народ (одложен концерт заради технички проблеми, читај: заради 6 продадени карти, од кои 4-ца се роднини на Ј.К. из Београд).
Doll уффф не знаев дека тоа сакала да каже дотичнава со нејзините прости изјави...Ме мрзи да ги барам ама ќе се потрудам да ги најдам....па да заклучиме што сакаше ЈК да каже?? ЕДИТ Грешка сум била подобар спектакл подобар од на Ролингстоунс Евее го интервјуто http://tracara.com/madona-i-rolingstonsi-na-meti-jk/
Па кога 20 концерти прават во еден месец, мора нешто и да се откаже... И карлеуша нашла у исто време со Цеца концерт да праи. Ке беше интересно да се видеше, али тоа е, сеа на Цеца ќе идеме
Технички проблеми де да Инаку само една песна ми се свиѓа од неа , заборавив како се вика . Пластична е целата.. вештачка . За глас муабет не сакам да правам .. Не ја сакам ни јас
не ја поденсувам ама има некои песни на кои сакам да пијам А за ова со концертов ноу комент http://www.youtube.com/watch?v=p6Gbp8xsLJQ http://www.youtube.com/watch?v=0l7CuccD ... re=related
Сега кажаа на Екслузив дека и е откажан концетот Изгледа никој не и купил карти па да не се брука за џабе
Оооооф, да се прекрстам се подосвести народов! Јас мислев дека ќе се подадат сите на концертот, ама ете, македончето, МОЖЕБИ почнува да цени добра музика... Арно ама, некако моментов со Цеца, ми ја мати водата Можно е да се купени сите карти за нејзиното височество, па македончето решило, наместо на ЈЕЦА, честа на картата да и припадне на нашата Балканска ни кралица -ЦЕЦА! Само се надевам дека грешам за второво и дека првото е вистината! (СЕ НАДЕВАМ!)
Ангелче ме насмеа ама иронијата ми ја сфати нели? Со други зборови, не стварно, која е Јелена Карлеуша па уште и концерт да прави. А уште и да и се придава некое значење па?! Се извинувам доколку звучи препотентно моето мислење, и навистина не сакам никого да навредам, но една работа е прашање на вкус а друга прашање на здрав разум. Еднаш некаде на форумов прочитав паметна реченица и мислам дека со неа би го завршила моето мислење на темава и во врска со ова пластичново чудо наречено Јелена Карлеуша. За вкусовите можеби не се дискутира, но нечии вкусови се навистина дискутабилни. Толку од мене
А толку голема прашина се дигна, најавувања за тоа каков спектакл ќе направи ЈК во Скопје, и на крај ништо. Што и текнало да се предомисли Искрено и јас не ја сакам некако ми е одбивна, но има да речам 2-3 добри песни
Пред Големиот Брат не можев да ја смислам, ми беше стварно одвратна, ама после Големиот брат малку го омекнав мислењето за неа, затоа што сфатив дека она е сосем друга личност во приватноста, за разлика од тоа што се прикажува во јавност. Самата си кажа дека во јавност намерно си создала имиџ на ладна, крута и сурова девојка, затоа што според неа тоа бил патот до успехот и на тој начин не дозволила да ја повредат мислењата и коментарите од тие што зборуваат лошо за неа. Не ја мразам, не ја сакам, неутрално мислење имам за неа. Единствено ми се допаѓа тоа што се облекува убаво и знае да си направи добри комбинации. Пластиката и силиконите не ми се допаѓаат ни на неа, ни на другите српски пејачки, а сите се такви, што значи ниедна од нив не ми се допаѓа. На концерт нема да одам од проста причина што не слушам таква музика. Единствено и ги знам песните Слатка мала, Инсомниа, Баш је добро бити ја, Тихи убица и Направи ми сина ( или Казино, не знам точно како се вика )