1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јеховини сведоци

Дискусија во 'Религија' започната од pikolino, 3 ноември 2012.

  1. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Здраво на сите, ќе ве замолам за мислење за јеховините сведоци, дали е религија или е некоја секта? :worried:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Тие самите тврдат дека е религија.
    Друг пак од страна ќе ги колне и навредува и ќе тврди дека се тешки секташи што имаат чудни ритуали два пати неделно.

    За нив не знам многу. Ги има во Охрид, знам каде се собираат. Се имам изнаслушано секакви работи, меѓу другото и тоа дека давале пари на луѓе за да се декларираат како Јеховини сведоци.

    Не ми пречат. Нивна работа е во што ќе веруваат.
    Само не би било лошо да престанат да шетаат од врата на врата и да ја промовираат нивната религиозна определба со флаери и да ги убедуваат луѓето како и тие треба во тоа да веруваат. Па дали некој од муслиманите или од православните го прави тоа?! Свашта |(
     
    На СноуБол90, meckicka и pikolino им се допаѓа ова.
  3. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Тука кај мене ги има многу и не ми е јасно како можат да не пронајдат каде сме македонци,срби, дали одат од зграда на зграда и по презимињата препознаваат или незнам како, а ништо баш ништо не ми е познато од нивните како да кажам, верувања и собири.
     
  4. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Ако земеме грубо, секоја форма на религија е вид секта, нели? Збир на луѓе со исти верувања и мислења, обожаваат и ценат исти вредности.

    Интересен факт- Јеховините сведоци не ја слават ноќта на вештерките. Претпоставувам не ценат кога непознати луѓе му се појавуваат на врата.

    фактот не е лично од мене, читано ми е ова, но мислам дека си е на место
     
  5. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Не е така. Секта е се она што е вон рамките на Светото Писмо , а не СЕКОЈА форма на религија, а уште помалку со ИСТИ верувања, мислења, обожувања и вредности. Меѓутоа од овој збор "СЕКТА" речиси секој кога ке го слушне го потсетува на најстрашното соединување на некоја група која дејствува на некој лош и неприфатлив начин за општеството и нашите верувања (што и не порекнувам дека тоа е така), но јас лично овој збор и не секогаш го поврзувам со такво верување, затоа што, како што реков се што е вон Писмото и негово токување е секта, па така постојат вероисповести кои не го толкуваат онака како што треба и НЕ ПРАВАТ НИКАКВО ЗЛО. Едноставно толклу разбрале и така ИСКРЕНО се трудат да Му служат на Бога.
    А за Јеховините Сведоци сметам дека имаат неправилно верување за Светото Писмо. Не веруваат во Светото Тројство (Oтец, Син и Дух Свети, како личности, особено не го признаваат ДУХОТ СВЕТИ како личност), мислат дека ИСус е веќе дојден тука на земјата, веруваат во задгробен живот (апсолутно спротивно од Библијата), ја празнуваат Неделата како седми ден за одмор, а во четвртата заповед седмиот ден за одмор е Сабота кој треба да се празнува, имаат друга нивна библија која ја читаат, а не православната итн. некои др.работи.
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јеховините сведоци не се никаква секта.Тие веруваат во Господ,ги признаваат Божик и Велигден,но не одат во црква,не вашцуваат јајца за Велигден.Ги слават на свој начин односно не прават гозби за празниците.Имаат еднаш до два пати неделно состаноци каде што се чита и проучува библијата и се водат баш според 10-те божји заповеди.Тие се држат едни со други и секогаш се спремни на останатите да им помогнат.Јас не ги оправдувам,но не ги ни признавам.Не се православни хрисијани,но веруваат дека еден е бог и се водат според тоа што тој ни налага да правиме додека сме на овај свет.
     
    На СноуБол90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    ви благодарам многу незнам кај нас во македонија дали и колку ги има кај мене во мојот грат ги нема немав ни слуснато за нив а сега откако зивеам тука секоја недела ке ми дојде некој од нив на врата и да тоа ми е малку цудно сто нудат ново писмо знаци тие го имаат преработено старото писмо или библијата
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Секти се сите оние заедници кои се надвор од заедницата со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Тие слично како ѓаволот, кој го искушуваше Христа во пустињата можат да го знаат целото Свето Писмо на памет, ама џабе им. Тие се како пресечена гранка од палма падната на среде пустиња. Палмата има корења до изворот на водата, односно до самиот Христос, ама гранката го нема коренот, па силното сонце кое грее дење и студените ноќи зиме ја сушат гранката. Христос е Вистината, а Христос не е Светото Писмо иако целото тоа зборува најчесто за Него.
    Јеховините сведоци или по нашки јеховистите, се еретичка секта. За нив најголема цел е да соберат што повеќе свои приврзаници, затоа што кој колку души опаклил и ги внел во сектата толку поголема награда ќе има на “небото“. Веруваат дека душата на човекот е крвта и поради тоа не дозволуваат давање и примање на крв, како не би им се измшале душите со некој неверник. Уште поголема ерес е тоа што исповедаат дека Христос и свети архистратиг Михаил се една иста личност(ипостас). Шетаат од куќа на куќа и го делат нивното списание Стражарска кула. Го празнуваат Велики Петок. Најголемиот број на верниците во Македонија се од Ромска националност. Во сопственост на оваа богоборна секта е и штофарата Матекс (ако некој купи материјал од овде нека убаво го испери пред употреба и го испрска со крстена вода). Исто како и за голем број на други псевдохристијански секти душата по разделувањето со телото спија.
    Знаат да бидат многу досадни, но кога идеа да ни проповедаат на врата ние им ја покажувавме куполата на црквата свето Преображение која се гледа од нашиот двор и никогаш повеќе не се враќаа, фала Му на Бога.
     
    На душленце, Таа Сум, Meckicja и 5 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Секоја религија за себе си е исправна, а другите се погрешни? Така некако би му дошол муабетов :) Правилата по кои се води една религија не се истите што важат и за другите религии. Една работа, 10 различни перцепции. Не е мое да му судам на другиот поради неговиот збир на верувања, ниту па да му набивам лоши зборови само затоа што не верува во истото што и јас. Според кажаните работи на поединци, би му дошло дека само една религија е исправна, а сите останати се дело на ѓаволот и измислотини. Каде е тука пошироката слика, разбирањето на кое би требало религијата да не учи, да не се осудуваме. Под закрила на религиска група или не, сите сме само луѓе, а верувањата ни се под влијание на околината, на семејството, на самите себеси и како тоа ние се чувствуваме.

    Озбилно? Што може да му направат на парче текстил? Магија? Верувате во магија? Зарем постои такво нешто религиски гледано? :^)
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Значи според тебе може да има 150 вистини и 150 цркви? Е нема, Вистина може да има и има само една. Подобро устата да ми онеми и рацете да ми се исушат ако дозволам да во мое присуство некој проповеда дека Господ Иисус Христос, совршениот Бог- Слово - Втората ипостас на Пресвета Троица и совршениот Човек - Единствениот без грев е истата личност како и светиот архистратиг Михаил, а јас молчам. Или ако дозволам некој да проповеда дека има 100.000 цркви т.е. 100.000 невести Христови и со тоа мојот Бог да Го поистоветат со блудник. Според Откровението-Апокалипсисот Црквата е Невеста Христова. Јас не ги осудувам луѓето, но ги осудувам и се откажувам од нивните погрешни учења т.е. ереси. Ако твоите верувања се под влијание на околината, моите верувања се според она што пророците го проповедаа, она за што Синот Божји прими човечка природа и беше распнат и умре на крстот за да слези во адот и ја уништи силата на ѓаволот и ги однесе праведниците во рајот и на третиот ден да воскресни од мртвите, на она што апостолите го проширија, мачениците го докажаа, а отците го утврдија.

    Ѓаволот ни ора ни копа се` на лошо мисли.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marta.Zarko

    Marta.Zarko Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Tоа за мене е секта кај мене доаѓаат на врата секој месец и ми оставаат списанија Стражарска кула,последниот пат кога беа нешто спомна за тоа нивното дека ни примаат ни даваат крв тоа за мене се глупости неможе тоа така јас ја прашав дали кога би имала бебе би можела да го гледа додека е болно да му треба крв а да неможе да му даде дали е тоа нормално да го гледа своето дете како умира пред нејзини очи,девојката се збуни ги оправдуваше тие нивни верувања но тоа е навистина жално бидејќи тоа за мене не е нормален живот.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    И таа вистина е онаа твојата :) Како што на Јеховиниот сведок неговата вистина е единствена, како и на протестантот и муслиманот и будистот... :) Не сакам да навлегувам длабоко во нечии верувања, само ми боде во очи во секаква ситуација набедувањето дека она нашето е исправно и добро, а туѓото погрешно и лошо. Во тој случај некако му доаѓа баш дека и ние не сме толку исправни колку што мислиме дека сме, штом си земаме за право своите цврсти верувања да ги означиме како единствени и највистинити од сите други. Јас верувам дека колку пошироко ги погледнеме различните верувања, толку повеќе простор оставаме во нас за ширење љубов, наместо омраза.
     
  13. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Јеховините Сведоци кај нас во државава се регистрирани законски како Христијанска верска заедница.
    Имам комшии врата до врата цело семејство кои се ЈС.Навидум се ОК семејство, фини, културни, супер соседи.Не оптеретуваат многу освен што секако сакаат да го споделат она што го знаат за светото писмо затоа што се веруваат дека ја знаат Вистината.Ако фино и културно им се заблагодариш и им кажеш дека немаш интерес за тие работи се повлекуваат. Реков навидум затоашто секаде во сите верски заедници и здруженија има фини и културни луѓе како што има и лоши и лицемерни.Бев еднаш поканета од комшиите на еден нивен состанок т.е. прослава Меморијал во Универзална Сала која единствено ја одбележуваат како празничен ден а се однесува на последната вечера (попозната како тајната вечера) на Исус со апостолите.Имаше говор кој траеше 40 минути и беше за потсетување што и како им порачал Исус и сл., За тоа време ги анализирав сите што ми беа во видеокруг што би се рекло ги скенирав :lol: и приметив сите беа весели,срдечни, насмеани и љубезни меѓусебно.Некои ми делуваа искрени но некои ми делуваа и вештачки.
    Лично мене едно време ме интересирала темата религија и верување и сум прочитала различни книги со таа тематика и сум слушала различни објаснувања, но на крај сум сватила дека сите сме различни па од тука и потребата за различни начини за верување и различни групирања.
     
  14. C2203

    C2203 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Во сопственост на оваа богоборна секта е и штофарата Матекс (ако некој купи материјал од овде нека убаво го испери пред употреба и го испрска со крстена вода).

    Според тебе, што би можеле да му направат на материјалот?
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Вистината е Христова, и таа Вистина скоро 2000 години непрекинато пребива во Црквата и никаде на друго место. Јеховините сведоци за кои овде дискутираме не постоеле се до крајот на 19. век, а се повикуваат на Христијаните од првите векови. Ај кажете ми каде е тука логиката? Тоа доаѓа исто ко да речам дека јас сум му син на некој брачен пар кој живеел во 3. век пред нашата ера!
    Јас не велам дека во религиите нема вистина, можеби секаде има по делумна вистина (муслимани, адвентисти, јеховини сведоци, евангелисти и сл.), но пак ќе повторам целосната Вистина е само во Црквата, околу Путирот, и нигде на друго место.
     
    На mrvlx, Witchman и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    дали на некој му е познато кој ги финансира како шо викаат за нивните Часови не наплатуваат нишtо ниту пак за книгите кои ги нудат :^) а ги имаат на сите јазици сепак некој постои зад сето оваа сепак тука е хартија во прашање и луге кои работат во тие фабрики каде се пеЧатат страßарска кула и разбуди се :^)
     
  17. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Јеховините сведоци се секта.
     
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Тие имаат право да се нарекуваат како сакаат, но јас би ги нарекла секта.
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    точно знам каде се оддржуват нивните средби но не би ги нарекла секта
    и за Искон т.е. харе кришна и за Шричин мој велат дека се секти ама не се-во глобала е истото само што во Јеховините сведоци се зборува за Христијанската религија а во другиве две Индиската религија во тоа е разликата
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки