Кога се докачите за шија вака едни со други од разни верувања, а од друга страна едноставно прашање со зошто е вака или така, кога некој постави во што треба да знаете за религија, никаде ве нема вас експертите.
Јеховините сведоци не ја слават ноќта на вештерките. Hе caкаат кога непознати луѓе му се појавуваат на врата. а тие како се појавуваат на врата секој ден со тие флаерчињата.. Не се нешто за плашење тие се само луѓе што не веруваат во Господ. Јас знам и каде се собираат, тоа е убаво место и не се кријат туку си одат таму и еден излегува и бла-бла зборува нешто и the end.. јас ги гледав преку стаклото, но секако тие не ме видоа
Чекај да ве запишам во тевтерче, нареден пат ќе ве викам по име да ми одговорите. Да не сум оф топик. Ретко ми доаѓаат на врата овие сведоци, и кога дојдат само дадат книже, не се нападни. Со еден всушност, дојде да прави муабет ама заврте поглед кон рибникот, ми ги виде јапонските кои риби и тотално утна работа за што беше пратен.
Јеховините сведоци сметаат дека славата и славењето му припаѓа само на Бога. Поради тоа тие немаат прослави во класична смисла на зборот. Прават само годишен помен за Исусовата смрт. Според Библијата Исус пред да биде уапсен, при последната пасхална вечера тој им рекол на апостолите „Правете ми го ова за помен.„ Така на тие собири - комеморации за Исусовата смрт после пеење побожни песни и кратка библијска проповед, пренесуваат од рака во рака бесквасен леб и шише црвено вино но не јадат и не пијат од нив. Сведоците на Јехова велат дека Исус никаде во Библијата (а тие ја сметаат Библијата за чист Божји збор) не рекол да се слави Божиќ, Велигден, роденден, именден, Илинден, Ноќ на вештерките, Нова Година или нешто слично. Тие таквите празници ги сметаат за пагански или незнабожечки. Но тие немаат ништо против торти, гозби, веселба со музика но велат дека тоа може во било кој ден да се направи а не поради некој празник. Од каде оваа информација? Тие мислат дека на тој начин ги спроведуваат во дело Исусовите зборови „Проповедајте им го ова евангелие на сите народи!„. Тие веруваат дека на тој начин им прават услуга на другите луѓе обидувајќи се да ги спасат од, како што тие велат, вечна смрт откако ќе дојде крајот на светот. Мене лично, повеќе ме потсеќаат на трговски патници. Како што рече во својата книга една поранешна јеховистка: „Боже Господи, колку ли само умеат побожните луѓе да бидат досадни!„ Како не веруваат? Па тие се верска заедница! Многу се големи верници. Се собираат во тнр. Сали на Јеховиното Царство. Тоа се обични објекти претворени во мали или поголеми сали. Таму тие пеат религиозни песни, читаат од Библијата, држат тнр. библијски студии и предавања и вршат прераспределба и дистрибуција на верска, тнр. библијска литература(книги, трактати, брошури и списанија). Во Скопје имаат собиралиште во нас. Радишани и нас. Мичурин. Да не си верски манијак-воајер? (Извини, мала шала...)
daylight, демек многу знаеш, а какви испади имаш во врска со некои работи мозочето ти не проширено не знае..... ооо ти да не си еден од нив,сведоците,види па и си знаел каде ооодаат, ахаа, сигурно си бил там, поарно признај си и дека само се караш тука со народо пошо криво ти дојде, некој нешто ако каже,а ти секако мора да се умешаш, мојата професија е ОД психологија се до религија. И јас не сум јех.сведок а сепам знам поеќе од тебе , дуур знам и името на БОГ, ете ти поставувам прашање : зошто се викат "јеховини" сведоци!?
Ете шчо да праам кутрото, не ми знае мозочето, ти укажи ми, просветли ме! Не сум еден од нив и не се согласувам со нивното учење, не ми е блиско, но еве јавно признавам дека имам отидено неколку пати кај нив, ги имам прочитано дел од нивните книги (5-6) и неколку десетици броеви на Разбудете се и Стражарска Кула, имам одено и на комеморативната седница за Исус, дури еднаш ѕирнав на нивниот меѓународен конгрес во Белград, заборавив како беше насловен. Инаку не се карам, не ми е криво, туку на ваша особена чест и задоволство придонесувам кон збогатување на форумов и за поголема, подобра и попрецизна информираност на разни теми, па така и на оваа бидејќи имам информации од прва рака а не од рекла-кажала муабети. Ова прашање веќе го одговорив, провери на претходната страна. (мислење бр. #40)
општо познато е дека јеховини сведоци е мирољубива секта попозната како саботари сум била на нивни предавања, имало и музички настапи-со оден збор супер
Дека се мирољубиви тоа да, но не се исто со „саботари„ - инаку, правилно се вика: саботјани. Саботјаните официјално се нарекуваат себеси Адвентисти на седмиот Ден, и наместо недела одат во нивната црква во сабота. Има засебна тема за нив тука. Спојлер Патем, освен Адвентистите на Седмиот ден, постои и верска заедница која се вика само: Адвентистичка црква - имаат слични верувања, но тоа не е исто. Јеховини сведоци немаат никаква врска со саботјаните, ниту како организација ниту како учење - имаат различни верувања, единствено заедничко им е што и двете верски заедници Библијата ја сметаат за божји збор.
Сте измешале. Саботјани се адвентистите на седмиот ден. Сите секти се мирољубиви, сите сектанти се љубезни и културни, модерни и напредни... За разлика од “заостанатите“ православци... Само баш е жалостно што место со духовни работи и вредности, ги привлекуваат своите следбеници претежно со страстни работи (концертите со разни “денсови“ се типичен пример за разгорување на страстите, а страстите се деца на телото и непријатели на духот). Местото на концертите и разните тралалајки секако не е во храмот.
Δ Ако страста е грев, јас имам билет за во пеколот право, преку ред Како им е сладок животот на луѓето без страст кон ништо?(освен следење религиозно учење под конец, а и тоа е всушност страст, така?)
Се извинувам за оффтопикот и однапред се извинувам што реплицирам . Најдобронамерно ова го пишувам, не ми земајте за зло. Мислам дека неправилно го сфативте Ортофил. Целта на неговиот пост беше дека таа музика инспирирана од „страста’’ не носи духовен мир. Каков вид на страст? Таа страст што ја напомена, во суштина е оној миг (кај некои верски конфесии) каде под иницијатива на неа се доаѓа до некое високо „духовно ниво на совршенство’’, па така тие го достигнале Бог. Но да бидеме реални, вистинскиот духовен мир, се бара во мир, во тишина. Особено не во храмот, бидејќи таму го бараме Бог, мирот, а не насладувањето од музиката. Сега сигурно ќе речете што е пак со православието и тоа што се пее во храмовите, зарем не тоа еден вид на песна и музика?! Да, навистина тоа е песна, пофална кон Бог или покајничка за нашите гревови, но не исполнета со жар, страст, туку со покајание за нашите гревови . Што е сосем друга димензија од погоренаведеното.
Јеховините сведоци, официјално се признати како верска заедница во Србија, 2010 год. Јехова е името на Бог, името се наоѓа повеќе од 7000 пати во Библијата.Јеховините сведоци се водат само според правилата од Библијата и по тие правила и живеат.Нивната цел е да пренесат добра вест на сите луѓе и да ги приближат луѓето до Бог.Јаков 4:8;
Еврејскиот тетраграмотон יהוה правилно се чита Јахве, а не Јехова. Од друга страна кога ќе се преведе од еврејски пак се добива карактеристика на Бога, а не лично име.
Се надоврзувам на разговорот помеѓу okcenzi и babyane18 започнат во темата „Библија„ и ја поздравувам идејата истиот да продолжи во посоодветна тема како тукашнава бидејќи на тој начин се добива подобра прегледност а тоа е многу битно за форумот. Тие не велат дека само 144000 ќе се спаселе, туку дека од вкупниот голем број воскреснати праведници само 144 илјади ќе биле вознесени на небото, и од таму ќе учествувале во божјото владеење. Не сум Јеховин сведок, но сакам да укажам дека овој „аргумент„ може да се употреби во било чија полза. Некој сведок би можел да рече: „На таа црковна финта лесно паѓаат тие што слабо ги познаваат Јеховини сведоци“.
Мене кога ми се појавуваат на врата велам чао јас сум прсвославна. Не мора да бидеш јеховин сведок за да ги сватиш, секако знаат животот да ти го ужаснат.
Ako znaeshe deka svetite knigi od biblijata se odredeni od Sveti Irinej da bidat tokmu tie kako vistina a ostanatite knigi gi otfrla. I deka tokmu toj Sveti Irinej zboruva za preemsvoto.Togash ke se zaprashashe kako toa mu veruvate na Irinej za sostavot na biblijata,a za toa shto zboruva za preemstvoto ne mu veruvate?
Ne mislam deka lugjevo se naporni i uporni kolku shto si imate razvieno antagonizam kon niv. Me presretnale na ulica, mi doshle i pred vrata, mi dale letok i ne me zadrzhale povekje od 5-10 sekundi. Sekoj po svoj pat, neka teraat, mene ne me tangira. Ova go pishuvam oti poznavam lugje shto se raspravaat so jehovini svedoci , nekakvi si letok ili broshura koi im bile ponudeni gi sfakjaat kako atak.
Пред неколку дена дознав дека мој пријател си ја сменил верата од христијанин во јеховски сведок? Дали некој знае каква е таа вера? И какви и се уверувањата на тие верци?