A te oddalecuvaat od familijata ne daj bože da imas potreba da primas krv toa ne go dozvoluvat isto važi i za organite krvta bila dusata na covekot ne srceto js se tivki ekstremisti
Роб си на организација која ти го микроменаџира животот, вклучувајќи го и твојот сексуален живот ти ги репресира нормалните желби и потреби, те става во социјална изолација(немаш вистински пријатели и вистински социјален живот). Таквата контрола и губење на автетичниото его може да резултира со депресија ова понатака со алхохолизам , растурање на брак(немаш право на предбрачен секс и со тоа не можеш да знаеш дали сте компитабилни) .. Од многу аспекти може да се гледа ова прашање. Пример доколку не се слагаш барем за најмал аспект на нивните верувања и јавно го изразиш ова ќе бидеш исклучен од нивниот социјален( а твој единствен) живот (shunning не знам кој е преводот на ова). Ако си дете на ЈС твоите родители ќе те игнорираат не смееш ниту оброк да делиш со нив. Можно е и после 18 години да те истераат на улица. Оваа тешка емоционална состојба неретко завршува со самоубиство. Друга работа е што педофилијата е рампантна помеѓу ЈС. Ако детето е силувано ЈС имаат правилник кој вели дека треба да има втор сведок на настанот инаку не се случил (кој будала ќе земе некој да го гледа на такво чин). Ако има таков чин и е пријавен кај старешините тогаш детето ќе биде соочено со злоставувачот и старешините ќе се потрудат да не биде пријавено на соодветните места во полиција односно ќе ја заќутат жртвата и родителите со тоа што ќе им се заканат со исклучување. И уште една работа што ми текнува е дека ако имаш потреба од трансфузија на крв , или ти ќе ја одбиеш од што мислиш дека така е исправно или ќе дојдат двајца старешини да те присилан ама на фин начин да не прифатиш и недај боже починеш на операциона маса.
За жал брацеда ми едната остана и се омажи со јеховин.Имаат 2 деца и ги носат по состаноци,од мали им ги перат мозоците.Иако се децава по 5-8 години,исто и кога одат на пат им редат околу врат картичка дека во случај на сообракајка не смеат да примат крв,односно да имаат трансфузија и по цена да умрат,за мене тоа е лудачка работа
Имам една комшивка таква ми дава списанија,,Стражарска Кула,, ,ги читам некогаш има теми за природа ова она,ама не ме интересира нивната религија.
Ништо лошо,само забрана имаш да примаш крв,да работиш како војник,полицаец,да не славиш родендени и Божик.Ке одиш на состаноци и ке дискутираш за тоа дека ке дојде рајот на земјата и само неколку стотици ке воскреснат-нивните главни старешини хаха.Ако се откажиш од нив ке те сметаат за психички болна и немат да ти прават муабет.
Пред државна болница има еден што продава книги и сите се од Елена Вајт. Сватив дека е од Јеховини иако лугето поима немаат па купуваат (не викам дека е лошо да се купи,и јас имам читано се и сешто па на крај останува во тоа што си верувам) Му викам добро..ти си јеховин сведок..он се сепна...не сакам така да ме нарекуваат..јас сум само чедо божјо. Зашто забранува вашата црква икони? Па ми вика зашто кажано е да не правиш слика и идол на тој горе тој што е на небото доле на земјата (се повика на 10-те божји заповеди) И си реков супер го осетив дека е расположен за муабет и мислејки дека ке добијам одговори го прашав дали ги признава подеднакво и сариот и новиот завет (мислејки на јеховините сведоци) Ми одговори потврдно и потоа го прашав...објасни ми зашто смртно ме интересира зашто Бог како супеиорна енергија која се создала до најмалиот атом се разликува карактерно во стариот и новиот завет.Како е тоа можно да се менува во однесувањето како еден човек (дека Бог не е човек тој е над сите нас и е брзгрешен) Не знаеше да ми објасни и почна да се плетка...и сватив колку е саатот и си заминав.
Мојата упатеност со тие саботари,баптисти,јеховини сведоци,едни преубави девојки странкињи кои ги гледам по автобуси и секаде низ градот и имаат беџови со имињата на нивните имиња ми се исти Јас како човек кој верува дека светот не настанал според теоријата на Дарвин а сум читал и Коран и Бхагавад гита и Библија мслев дека он е оупатен и ке ме просветли. Не можам да кажам дека ако сум православен христијанин и дека се тоа што учи е сто посто вистисна ама тоа ми е најблиску бар до мене во овој момент,и го прифакам. Дека има Створител кој е над нас и има интелигенција и дека само он е алфа и омега или што би рекле муслиманите allahu akbar дека он може да сруши и да изгради,да го направи невозможното возможно,знам накратко дека само во тоа верувам
Леле, и мене еден на Битпазар, кога излегов на пауза, ми понуди безплатна книга, ја земав, и кога се вратив од пауза во канцеларија имав што да видам. Сфатив дека е Адвентист. Не ја фрлив, ја оставив во една фиока од бирото на колешката што е на породилно, што сакаат нека и прават.
Па за некој што ми дава книга каде што ја толкува Библијата на различен начин од првобитното напишано нели како што вика во Библијата ......не смее никој нити да додаде нити да одземе..јас одбивам да читам новокомпонирана Библија каде што ми брани да зимам туга крв,да не се молам на моите светители,дека Исус е распнат на столб а не на крст... Кога ке видиш можеби баш тие нивни книги се дела на сатаната.
@Defiant Дали е вистина тоа дека ЈС им даваат пари на своите членови? Посебно оние од социјално ранлива категорија, барем на почеток, некакви месечни примања за да се согласат? Ова го имам слушано како главна причина, зошто некои луѓе се согласуваат да се приклучат таму. Оф топик, пред извесно време имав видено ЈС како делат флаери/книги во центарот на Скопје. Интересно беше тоа што беа две млади момчиња во рани 20ти, кои патем многу добро изгледаа. Па видов некои тинејџерки како лудуваа околу нив и сакаа да се сликаат. По тоа сфатив, дека ги бираат и тие т.н. регрутери да бидат на некој начин поатрактивни и шармантни за барем да привлечат внимание. Атеист сум, не ме интересира религија. Ама овој култов не ми делува дека се залага баш за вистински вредности.
Шармантни, средени, скоцкани, дотерани. Уште ги памтам од кога ги видов последниот пат. Во машко не се загледувам, ама девојката беше ептен убаво облечена, деловно скоцкана. Здолништето и беше ФЕ-НО-МЕ-НАЛ-НО. Очилата и беа сон. Личеа како промотори на некој бизнис, универзитет или компанија. Така и беа сместени, паркирани пред едукативен центар. Мислев некои курсеви промовираат, полсе сфатив Не знам зошто им се плашите и имате одбивност кон нив. Ако сте сигурни во вашата вера, зарем тие ќе ви ја променат? Тетка ми имаше продавниче во центарот на градот. Таа продаваше сама, по цел ден. Честопати се собираа кај нејзе и јеховини сведоци и адвентисти и протестанти и што ли уште не. И оставаа книги и читаше таа, ја читаше и нивната Библија, а и Православната. Се промени Си ја зголеми верата и се продлабочи. Никогаш не се откажа од православието. Секој ден да ми доаѓаат ЈС на врата исто им се фаќа, сигурно нема да ми го променат мислењето
Не дека имаат лоша душа, или сакаат да ви наштеетат, но добро знаат да се пикнат под кожа, се додека не ви го исперат мозокот. И никако не ги оправдувам по однос на тоа што се радикалисти за трансфузија на крв. Дете на Јеховини Сведоци, Докторот рекол, да најдат крв, ќе се спаси. Нивната реакција знаете каква била? Како тоа? Па Јехова решил да го земе, нека го земе. Па вие сега самите проценете. Имам пријателка Одделенски наставник, во одделението имала учениче Јеховин Сведок. Некое од другарчињата имало роденден, ги честело другарчињата од одделението чоколадни бомбони, ученичето Јеховин Сведок не земало од чоколатцата. Не слават родендени, не слават Нови Години, а дека се културни тоа нема збор. Од нив пцовка или погрден збор неможеш да слушнеш.
И јас сум ги сρеќавала јеховини сведоци адвентисти и сл. Не ми пρечат воопшто, κаκо κажа една членκа погоρе не можат да ми го сменат мислењето. Неκа си пρоповедаат што саκаат мене не ми пρечат.
Многу строго ги држат децата, од мали. Кога ќе станат тинејџери, имаат право на една девојка која е јеховен сведок, а ако не е должност му е да ја покрсти. И после девојката му станува жена, секс пред брак му е забранет. Мораат да одат на тие мисиите нивни, да ја шират вистината. Претпоставувам, цела Библија има напамет да ја научат. За одење по забави и пиење алкохол да не зборувам, мислам дека му е забрането. Порано или подоцна, на млад човек ова ќе се одрази. Гледаат како живее нивната генерација, а тие не смеат. Тивки радикалисти се, повеќе штета си прават сами на себе. Имам сфатено дека на некои луѓе премногу им се потребни и лидери и перење мозоци. На друг начин не би знаеле што да прават со животот. Сергеј Трифунович со реклама на темава. Интергалактички цар е.
Апсолутно се согласувам, кој може да ми наметне туѓа религија? Но верувајте нападни се, ѕвонат по врати, нудат флаери, и да не речам, наметнуваат дека само и само нивната Религија е онаа правата. Инаку, апсолутно секој си има право да верува во што сака, ама нека не ни наметнуваат нам нивни ставови и мислења која Религија е добра а која не. Точно, алкохол и конзумирање свинско месо (конкретно зборувам за Адвентистите) несмеат ни да помислат. Кафе исто така, какао смеат. Не примаат подароци, не одат по забави, имаат некои нивни активности од типот пинг понг и сл. И точно, интимности пред брак, никако.
И кафе не смеат? Хаха, како успеваат тогаш цело време насмеани да бидат, нека кажат на кој опијат се, јавно замолувам. На сите ни е по малку сј*бан животот, ама на овие јеховиниве нешто повеќе. Каков е тој живот ако не можеш ни во кафана да појдеш.
Тие убaвите aкo не се лaжaм не се Јехoвини сведoци, некoјa другa oргaнизaцијa се. Нaутрo ги имa пoчестo пo Центaр. Акo не се лaжaм пoвеќетo не се ни Мaкедoнци, еднaш мене флaерче ми дaдoa, збoреa мaкедoнски нo немaa мaкедoнски aкцент.