Со библија во рака беа, по тоа ги запамтив. Освен тоа, ја носеа и таа класична облека, пантолони и кошула со вратоврска. А пак, може биле и Мормони, не ни знам да правам некоја разлика меѓу јеховини, мормони, адвентисти, протестанти, сите ми се исти.
Да не се мормони? Еднаш се враќавме со колешки од работа и имаше двајца во автобус, беа многу згодни. Едниот ни' се смешкаше. Ја па си помислив од некој приватен факс да не се, се' додека едната колешка не ми кажа што се. Ќе згрешев душа.
Епa имaм пoвеќе искуствa. Еднaш едни женски ептен симпaтични, хaризмaтични, oвие беa сo чудниoт aкцент, ми дoјдoa и ми рекoa кo бесплaтни чaсoви пo aнглиски јaзик. А нa ливчетo пишувaше нештo кo демек нoвите зaвети нa Исус, вo некoјa нoвoверскa црквa, пo мaпaтa нa ливчетo некaде нaкaј Кaрпoш. Другиве беa млaдиве дечки кoи ги кaжувaте, скoцкaни и еден oд нив нa мaјкa ми и' викa: Здрaвo, кaкo сте? Буквaлнo вaкa беше нaсмеaн и и' нaмигнa. Третиве, т.е. третиoв беше нaјдoсaден сo книгa вo рaкa и буквaлнo се oбидувa дa ти испере мoзoк нa лице местo. Истo скoцкaн, aмa пoстaр чoвек.
Знаев дека им е адут тоа со физичкиот изглед, увиделе дека со класично реметење од врата на врата не функционира. Може и ќе им упали некаде, што знам.
https://www.jw.org/mk/izdanija/videoklipovi/#mk/mediaitems/AllVideos/pub-pk_5_VIDEO Па и каква веб страна имаат. Си прават клипчиња, како да се учат децата да идат на служба. Вреди да се гледа.
Видеово ми е тотално cringy https://www.jw.org/mk/izdanija/videoklipovi/#mk/mediaitems/AllVideos/docid-502013172_1_VIDEO Тотално погрешна перцепција на сексуалното вознемирување. За нив буквално ако не се побуниш гласно не се важи вознемирувањето. Ако го преќутиш исто како да си дала согласност. Послушај ги само, ако се облекувала девојката на некој начин значело дека може си го бара, ако речела "не", а се смешкала значело дека се прави недостишна Гадно...
Спојлер За Јеховините сведоци го делам мислењето со повеќето од вас - културни и фини, ама досаднички Баш бидејќи се културни, само им возвраќам со култура и земање флаер ако даваат, и тоа е тоа. Секој има право на било каква религиска припадност, па и на (обид за) ширење на истата, како што имаме и останатите право да ги доживуваме како напорни поради претерувањето во тоа. За другиве религиски групи што ги спомнувате не знам, ама барем за Јеховиниве сведоци јас уште ко помала пред да читам тешки филозофии и информации за религија по форуми, и од бош муабети сум слушнала за нивниве ограничувања. Сакам да кажам, не се обвиени со толку мистерија и тешко да успеат да залажат информирана и стабилна личност. Мене дури и некои од стегите на традиционалните и најголеми религии не ми се прифатливи, камоли овие нивниве што навистина се претерани ограничувања и лишувања од задоволства. Така да, никогаш не би успеале да ме привлечат. А ова со трансфузијата им е врв, настрана политичката коректност - можам слободно да речам дека е забегување и никако не го оправдувам.
Да, да, забегале малку. Најинтересни ми се со облеката. Имаат некој кодекс, кожа да не покажуваат изгледа. А ги гледаш млади, облечени како некоја далечна стрина, која се обидуваш да ја одбегнеш при секоја семејна средба. И друго, после секое видео, цитат од Матеј. И после не переле мозоци. Не бе, никако.
Сума сумарум еве што нашиот народ знае за другите религии: Православни сме ние македонците, се крстиме со 3 прста и Божиќ го славиме на 7ми Јануари. Католиците се оние што имаат папа и Божиќ го слават на 25 или 26ти Декември беше не ме фаќај за збор. Муслимани се албанците и тие не јадат свинско и постат за бајрам и после тоа баклава јадат. Тие што идат од врата на врата се Јеховини сведоци. Тие се многу опасна секта и пари делат ако се зачлениш кај нив. Има и некои други, ама тие сите се исти како Ј. сведоците. И сум ја прочитал Библијата и Куранот и сите останати книги, ама тоа беше одамна не се сеќавам баш најдобро сега.
Имаат обичај да го виктимизираат насилникот. При било кое сексуално вознемирување прво ќе се обидат да докажат дека жртвата го сакала тоа. Единствен начин да признаат дека некој бил силуван е ако отиде жртвата целосно претепана, или евентуално ако ја најдат убиена. Во било кој друг случај ќе успеат да докажат дека жрвата не му дала до знаење на напаѓачот дека ја вознемирил.
Ако гледаш така, истото срање е во ортодоксно христијанство, католицизмот-каде има бројни случаи на педофилија, исламот-нарушување на основни човекови права кај жените. Секоја организирана религија прилично ги репресира жените. Посебно со онаа глупава приказна во библијата, за Адам и Ева. Почетна точка на поттикнување било какво насилство, уште од само почеток. Една од многуте причини зошто сум атеист, зошто не верувам во колективни религии и не сакам да слушнам за пастири.
Како православен христијанин никој не те спречува да пријавиш на суд и да си ја бараш правдата таму. Кај Јеховините сведоци не е така. Се иде преку организацијата.
Во ред, можеби никој не ги спречува. Сепак, ретко која се осудила да пријави. После тоа, ако живеат во мало место, ќе си имаат доживотна етикета. Или онаа стара македонска: “Ама изгледа сама си барала.“ Тешка и комплексна тема е оваа.
Точно, многумина од нив се Роми. Седиштето им е во огромна куќа кај Катастар, и уште кога почнала да се гради некаде 99 година, мештаните од Тафталиџе не потписи собирале да се спречи градбата, не во Полиција пријавувале, џабе, изгледа некој нив ги штити. А опасни манипулатори се. Мој познаник така се излажа, као организирале бесплатни курсеви по Англиски во Охрид. И кажува познаникот, стануваме сабајлето, појадуваме, и ајде чекаме да се спремаме да одиме на плажа. Кога овие, незнам гитара земале, незнам пинг понг играле, и на познаников му станало јасно а и на останатите. Имале некој огромен Конгрес на Светско ниво, во Виена. Јеховисти од цел свет. Гледате како они се организирани.
Извини за закаснетиот одговор. Организацијата не дава пари на оние од социјално ранлива категорија. Напротив се очекува и од најсиромашните да и даваат на организацијата. Меѓутоа братството односно членовите понекогаш се сожалуваат и им помагаат на некои посиромашни членови но и ова е реткост. Е сега Организацијата има свештенство без оглед колку они кажуваат дека нема. Односно има привилигирана класа луѓе кои добиваат месечен надоместок за извршување одредена задача. 1. Специјални пионери. 130 часа служба во јавност или врата до врата фиксирани во едно собраие 3 години - платен стан и сметки и мислам околу 8000 ден по човек.( полновремено вработени ЈС) 2. Надгледници( епископи ) . Имаат задача да ги обиколуваат собранијата секоја недела по едно каде добиваат бесплатно јадење од локалните ЈС и пари за патни трошкови. Исто имаат стан и сметки платени од организацијата и добиваат месечен надоместок. 3 Бетелити - полновремено вработени за административни работи како превод , правни зафрканции , одржување или градење сали и сл. Живеат во БЕТЕЛ кој е главниот објект на ЈС за одредена држава. Во скопје е во тафталиџе 2. Маста има ја ваѓаат таму но имаат убава храна и мал надоместок за лични потреби. 4. Мисионери - најчесто некој брачен пар од западните држави со задача да го промовираат делото. Добиваат надоместок како и специјалните пионери.
Фала за одговорот. Сега ми е далеку појасно зошто некои луѓе влегуваат во организацијата. Лично познавам пар кои се ЈС. Сега знам која им е функцијата и зошто воопшто одбрале да бидат тоа. Сепак, ќе го поврзам тоа со парите и нискиот стандард тука. Тоа што им плаќаат стан и имаат месечни примања, претпоставувам за нив не е занемарливо. Макар што, никогаш не би бил мој избор.
Во основа сите имаат одговорност да проповедаат. Но исто така сите се поучувани да користат тактики за привлекување. Е сега работите откако излегов јас мн се промениле. Не сум во тек многу но гледам дека сите имаат фб и инстаграм со доста провокативни слики. Посебно младите. Ја кога бев од бина на состанок беше забрането да се користат и интернетот беше сатанизиран. Имав фб статус за ова уште тогаш напишав дека сите ќе се вратат и дека ќе го прифатат интернетот , за што бев укорен од старешините. Сепак бев во право. И не само што се вратија туку активно го користат интернетот за да проповедаат. Иако проповедаат морал, Малку ЈС се држат до тој морал. Лично знам за мн неверства. На запад имаше и случаи на wife swaping .Кај младите е јасно дека со сила ги држат само еден поглед да се фрли на нивните инстаграм профили или како се однесуваат кога никој не ги гледа. Скоро сите водат двоен живот. Ама во секој случај мене или кој да е друг кој не се согласува со нивните верувања е игнориран. Кое лицемерие......