1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јога за време на бременост?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 22 октомври 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Сум слушнала дека постојат јога вежби кои се препорачливи за трудници и го олеснуваат процесот на пораѓање. Имал ли некој вакво искуство? Или пак предложете било кои други вежби кои помагаат
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Две другарки одеа на курсеви по јога за бремени жени. Правеле вежби и учеле техники на дишење, како и медитација за смирување. И дветте беа презадоволни, психички и физички се чувствуваа одлично, а и породувањата им поминаа многу лесно и безстресно, дури и дветте не беа сечени долу, затоа што биле еластични и опуштени на самото породување.
    Од друга страна им било одлично искуство и дружење низ бременоста. :) ;)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ти благодарам што го сподели ова искуство. Сега сум уште посигурна за овие вежби. Ке те замолам само да ми кажеш каде се одржуваат вакви часови и телефон за контакт.. голем поздрав
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Eве ти страна, на неа имаш се`. http://www.yoga.org.mk/zn.htm
    Имаш и други јога-друштва. Ако сакаш повеќе, ќе ти пишам ЛП.
    Во секој случај-нема да згрешиш! ;)
    за бремени жени, страната: http://www.yoga.org.mk/jk4.htm
     
  5. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Изразив голема желба, уште и пред да забременам барав некој добар инструктор за јога но за жал толку стана вообичаена и искомерцијализирана јогата што не сакав да идам на курс со уште 50 души. Пренатрупено. Сега кога останав бремена, желбата уште повеќе се засили, па време е да се јавам и да закажам. Се надевам во делот на трудници ја нема таа гужва. Гледам и дека за оваа тема е сосема малку пишувано, ве молам, на толку гужви во последно време за јога, се надевам има повеќе мамички кои ќе го споделат своето искуство.
     
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Jeny, Јави се и сподели што ти кажале. Јас кога се јавив за да почнам бев 8-ма недела и ми рекоа дека пред 14 недела не требало трудници да практикуваат јога поради безбедносни причини. Потоа фати лето и немаше курсеви и мислев од понеделник да се јавам за да почнам.
     
  7. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Да, секако, и на самиот сајт што го гледав пишуваше за трудници после 3 месец од бременоста, така што ќе морам да почекам. Муабетот ми беше сакав да прочитам некоја со искуство од јогата во бременоста и дали тоа навистина полесно влијае на породувањето?
     
  8. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Јас одам на јога за трудници, и многу ми помага особено ако денот ми бил многу работен. Инаку сме само 2 трудници сега за сега, и инструкторката е многу добра ,не подготвува како да се опуштime за пораѓај :). Ако е нормална бременост после 12 недела може да се вежба ,секако во консултација со гинекологот.
     
  9. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Мелинара душо задоволна ли си? Јас прашав во Расадник во Кисела вода, ми бараа лекарско уверение дека имам нормална бременост, и не знаев од кога да се одлучам да почнам. Веќе сум 4 месец, кај и да е ќе тргнам.
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Ако нешто ми е криво тоа е што неможев да одам на јога додека бев бремена.
    Инаку овде одев јас , многу сум задоволна , а има и часови за бремени и убаво е што се многу мали групи
    http://yogacentar.org.mk/
     
  11. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Многу сум задоволна, ме опушта едноставно доколку сакаш да одиш пиши ми ЛП ке ти дадам информации, само прашај си гинеколог дали можеш да вежбаш. Никаква потрвда не ми бараа и вежбите не се напорни туку едноставно релаксирачки :)
     
  12. Satja

    Satja Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Јога за бремени се одржува во Јога-сојуз на Македонија. Има на две локации: во Капиштец (во Планет Ајурведа) и во Црниче (кај Симпо, во Англо-американско училиште).

    http://yoga.org.mk/

    https://www.facebook.com/pages/%D0%88%D ... 95?fref=ts
     
    На bumblebee511 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
  14. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Труднички јас би сакала да прашам нешто. Еве некое време веќе ме мачи кичмата. 19та недела сум па се чудам како ќе терам до крај, како ќе се породам и после како ќе биде со бебче и со болна кичма. И тоа болна кичма до солзи, не малку да подболнува. Ме боли некогаш точно на средина а во моментов (веќе неколку дена) ме боли малку накај левата страна, колкот и целата нога (мислам дека ова е тоа што го викаат ишијас, а може и грешам). Колку јогата за бремени помага за кичмата? Би ми олеснало доколку редовно одам? Мислите дека се доволно стручни во центриве за вакво нешто?
     
  15. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Да! Мене ми помогнаа само 10те часа што ги имав до сега, иако на почеток ќе реагира 'рбетот и карлицата, верувам дека со земање магнезиум и правилно правење на вежбите ќе осетиш подобрување. Самите инструктори кои ги водат јога часовите за бремени се стручни и со искуство од неколку години. ;)
     
    На IveBrajan му/ѝ се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Јогата и помага не само на кичмата, туку и на цело тело. Постојат специјални вежби за трудници, така да пробај може само да добиеш, никако да изгубиш. Истовремено ќе ти дојде како превенција, бидејќи како одминува бременоста, така ќе качуваш повеќе на килажа и кичмата ќе ти е пооптеретена.
     
    На IveBrajan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    :!: Да се надоврзам, мене и столицата ми се регулираше со јогата откако почнав да вежбам ,а и киселините во деновите кога вежбам и после вежбите ги снемува.
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Каде одиш на вежбање и каков е распоредот?
     
  19. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Фала ви многу, обавезно почнувам тогаш :)
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А за секој случај да се консултирате со докторот кој ве знае и ви ја води бременоста? Мене минатата бременост ми беше забранета јога или било какви вежби, зошто го носев ниско многу плодот...на другарка сега, среќа на преглед пред првиот час јога, и утврдуваат скратување на грлото на матката и од тогаш до денес, веќе 9 недели, не е мрдната од кревет.
    Нека ви дадат амин, па потоа уживајте :)